Автор: Press Online

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени. За време на викендов, како што е најавено, претпладне времето ќе биде претежно сончево и…

Read More

Белгија увезува повеќе гас од Русија отколку пред почетокот на војната во Украина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од белгиското Министерство за економија. Според податоците, рускиот гас учествувал со повеќе од 11 проценти во вкупниот увоз на гас во Белгија минатата година. Слични количини биле увезени и во 2019 година, додека по почетокот на воените дејствија во Украина уделот на рускиот гас се намалил на околу пет проценти. Белгија го запре увозот на руски гас преку гасоводите, но значително се зголемиле количините на увезен течен природен гас. Медиумите оценуваат дека таквите податоци се спротивни на настојувањата на Европската…

Read More

Израелската армија објави дека четворица нејзини војници се убиени за време на борбите во јужен Либан. Според соопштението на Израелските одбранбени сили (ИДФ), околу 00,20 часот наутро, сомнителен предмет погодил тенк што му припаѓал на 52-от баталјон на бригадата Гивати, кој дејствувал во областа на селото Тебнит во јужен Либан. Околностите на инцидентот сè уште се истражуваат. Армијата соопшти дека меѓу загинатите е потполковник Дор Гедалија Бен Симхон (32) од Беит ХаШита, командант на 52-от баталјон на 401-та оклопна бригада. Бен Симхон ја презеде командата со 52-от баталјон на 20 април откако неговиот претходник, потполковник идентификуван од армијата само како…

Read More

Осло – Норвешка ќе отвори Конзулат во главниот град на Гренланд, Нук, најави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе. – Далечниот север останува врвен стратешки приоритет на Норвешка, а Арктикот е сè поважен за меѓународната политика и безбедност. Генералниот конзулат во Нук ќе ги зајакне и политичките контакти и соработката во врска со заедничките интереси во регионот, наведе Сторе. Обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да стекне контрола врз полуавтономната област на Данска, ги затегна односите меѓу Вашингтон и европските членки на НАТО. Претходно, Франција отвори Конзулат на Гренланд, додека САД минатиот месец го премести својот Конзулат во поголеми простории.

Read More

  Ракета од еден од системите за воздушна одбрана што ги штити приодите кон Москва промаши украински дрон за време на вчерашниот напад и погоди резервоар за гориво во московската рафинерија во Капотња. Ова предизвика силна експлозија и го разнесе покривот на куполата на резервоарот во воздух. Моментот е забележан во видео кое се прошири на интернет и веројатно прво е објавено на кинескиот сегмент на ТикТок. Снимката покажува како ракетата минува под дронот, оставајќи трага од кондензација зад себе и удира директно во резервоарот. Истото се гледа и во неколку видеа направени од други агли. Според „Астра“, истрелот веројатно…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените сили на својата земја како практично „втора најсилна армија во НАТО“, пренесува ДПА. Тој изјави пред новинарите дека „на НАТО му требаме ние“, објави украинскиот портал „Хромадске“. Тој додаде дека тоа е веќе факт што го признаваат сите шефови на држави членки на Алијансата. Според Зеленски, во текот на одбраната од руската инвазија, украинската армија се покажала како повеќе од рамноправен противник на руските вооружени сили, кои во светот нашироко се сметаат за втора најмоќна армија. Украина не е членка на НАТО, чија најсилна воена сила се САД, потсетува ДПА. Една од јавно…

Read More

Шенаси Мислани, во јавноста познат како Шенки Версаче, излегува од притвор, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Според нашите информации, судот донел одлука притворот да му биде заменет со мерки на претпазливост. На Мислани му е определена обврска редовно да се јавува во судот, а истовремено му е одземена патната исправа за да се спречи евентуално бегство. Тој се наоѓаше во притвор од декември 2024 година. За разлика од него, неговиот брат Мирвет Мислани и натаму останува во притвор. Шенаси Мислани е еден од обвинетите во предметот против криминалната група „Беланоца-Барон“, во кој обвинителството ги товари обвинетите за повеќе…

Read More

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изрази целосна солидарност со италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако американскиот претседател изјави дека таа го молела да се фотографира со него за време на самитот на Г-7. Мелони овие тврдења ги нарече невистинити, пренесува АНСА. – За време на состанокот на Европскиот совет ѝ ја изразив мојата солидарност против овој напад, кој не е ниту политички, ниту личен – изјави Санчез. – Дури и не знам како да го наречам ваквиот напад –  додаде шпанскиот премиер. Санчез и Мелони се политички противници. Тој е социјалист, додека таа е претставничка на конзервативната десница Мелони претходно изјави…

Read More

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и се очекува набрзо да го изгаснат. „Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба. Гори ниска вегетација. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за интервенција“, велат од ЦУК.

Read More

Британската транспортна полиција денес соопшти дека реагира на извештаите за судир меѓу два воза на околу 100 километри северно од Лондон, додека медиумските извештаи тврдат дека неколку лица се повредени во инцидентот. Во видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како предниот дел од едниот воз удира во задниот дел од другиот, но двата воза останале на шините. Службите за итни случаи на Источна Англија соопштија дека испратиле повеќе тимови, вклучително и воздушна амбуланта, на местото на судирот на железничката линија јужно од Бедфорд, и ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа. 🚨🇬🇧 Dos #trenes de alta #velocidad…

Read More

Со празни кофи и извици „Сакаме вода“, жителите на Дебреше протестираа пред Општина Гостивар поради долгогодишниот проблем со водоснабдувањето. Револтираните жители порачаа дека повеќе не сакаат ветувања, туку конкретни решенија, особено пред доаѓањето на иселениците во летниот период. За време на протестот дојде до кратка ескалација кога дел од насобраните се приближија до влезот на општинската зграда и беше скршено стакло од вратата. По апелите за смирување, протестантите се повлекоа. Од Општина Гостивар соопштија дека проблемот трае со децении и дека веќе се работи на нов водоводен вод и санација на изворот над селото, со цел подобрување на снабдувањето со…

Read More

Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Македонија. -Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка, објави агенцијата АТА. Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и…

Read More