НАЈНОВО
Автор: Press Online
Парада на гордоста попладнево се одржа во Скопје. Собирот кој се одржува по осми пат, започна во 19:00 часот од кај Фонтаната во Градскиот парк, а заврши во Жена парк. „Скопје Прајд 2026“, како што посочија организаторите, претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот со порака за видливост и солидарност. -И оваа година останува форматот на протестна поворка која почнува тука од пред фонтаната Лотус и преминува низ неколку улици во градот. Оваа година слоганот на Парадата на гордоста е „Сите нека знаат“ кој укажува на потребата на ЛГБТ – заедница да биде видлива, изјави меѓу другото…
Градоначалникот вели дека лицата се идентификувани и дека е поднесена соодветна пријава. „За жал, вакво однесување е забележано на повеќе локации низ општината, со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Поради тоа, во соработка со МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.Погледнете го видеото и видете како изгледа неодговорното однесување кое нема да биде толерирано“, напиша Митевски.
Голем топлотен бран што го зафати поголемиот дел од Европа ги вознемири службениците и службите во Франција и Германија и им донесе проблеми на туристите и жителите во Италија, бидејќи температурите се искачија на рекордно високи нивоа. Францускиот премиер Себастијан Лекорну треба да одржи денес итен состанок откако националната метеоролошка агенција Метео Франс предупреди дека топлотниот бран ќе трае до следната недела, споредувајќи го со топлотните бранови од 2003 и 2019 година. Температури од 39 до 40 степени Целзиусови се прогнозираат од југозапад до парискиот регион до недела, а во некои области ќе се искачат до 41°C. Се очекува температурите…
На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои сè уште активен е пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, додека девет се целосно изгаснати. Како што соопшти ЦУК, целосно изгаснати се пожарите во: Општина Сарај, кај селото Грчец, во близина на вилите од викенд-населбата, каде горела ниска вегетација; во Општина Бутел, во Визбегово, каде гореле дива депонија и ниска вегетација; во Општина Брвеница, кај селото Волковија, каде горела ниска вегетација, во Општина Штип, на месноста „9-ти километар“, во близина на експресниот пат Штип – Радовиш, каде горела…
Силни грмотевици придружени со град погодија денес неколку австриски федерални покраини, а појасот на бура се помести над Словенија во раните попладневни часови. Црвено предупредување е издадено во Австрија, додека Словенечката агенција за животна средина (Арсо) го зголеми предупредувањето на портокалово за североистокот на земјата поради можноста за бури, обилни дождови и град, објавуваат Heute и 24ur.com. Црвен аларм во АвстријаВо Австрија, службата за предупредување од бури издаде црвен аларм за Тирол, Салцбург, Долна Австрија, Штаерска и Корушка. Пожарникарите имаа бројни интервенции, а некои настани, како што е фестивалот во Грац, мораа да бидат откажани. Сериозноста на бурата е потврдена…
Во партиско соопштение попладнево, партијата Влен изрази целосна солидарност со жителите на гостиварското село Дебреште, оценувајќи ја моменталната состојба со водата за пиење како скандалозна. Оттаму упатуваат апел до локалните институции и јавните претпријатија да го постават решавањето на овој егзистенцијален проблем како апсолутен приоритет и итно да преземат мерки за нормализирање на водоснабдувањето, нагласувајќи дека на граѓаните им се потребни резултати, а не оправдувања. Според нив, актуелната криза е директна последица на долгогодишното лошо управување на поранешниот градоначалник Арбен Таравари при што го обвинија оти со години ја водел општината кон хаос, оставајќи ја во тешка состоба, со наталожени…
Киев – Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, соопшти дека и го враќа на Полска високото државно признание „Орден на белиот орел“, откако претходно полскиот претседател, Карол Навроцки, порача дека одликувањето се одзема поради истоиски спор. Одлуката доаѓа во контекст на зголемени тензии околу историските прашања меѓу двете соседни земји. „Бевме уверени дека ‘Орденот на белиот орел’ во 2023 година му беше доделен токму на украинскиот народ и на нашата војска. Верувам дека иднината ќе го потврди почитувањето кое Украинците го уживаат“, напиша Зеленски на „Телеграм“. Тој нагласи дека Украина не ја заборава поддршката и соработката на Полска во војната против Русија. Зеленски…
Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР. Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Маскималните дневни температури ќе се движат во интервал од 29 до 38 степени.
Мадрид – Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња Гомез, ќе се појави на суд за корупција и ѝ е забрането да ја напушти земјата до донесувањето на пресудата, пресуди судија во саботата. Случајот е само еден во низата корупциски скандали што го зафатија семејството на социјалистичкиот лидер и неговите поранешни соработници и ја загрозуваат стабилноста на неговата малцинска коалициска влада, објави Франс 24. Судијата Хуан Карлос Пеинадо ѝ нареди на Гомез да го предаде пасошот и ѝ забрани да ја напушти Шпанија. Таа ќе мора да се јавува на суд двапати месечно додека не се изрече пресудата, наведувајќи го…
– Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар. -Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – посочуваат од ЦУК. Воедно, потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија…
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 19-годишниот возач кој вчера удри тригодишно девојче на велосипед и избега од местото. – Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото е извршен преглед и фотографирање, а со возачот е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР. Несреќата се случи вчера околу 19 часот во селото Визбегово, а девојчето со тешки…
Техеран – Заедничката воена команда на Иран денеска соопшти дека Ормуската Теснина повторно е затворена за пловидба, притоа наведувајќи ја како причина за таквата одлука продолжувањето на израелските напади во Либан и, како што се посочува, неисполнувањето на американската обврска да го окончи тој конфликт. Во соопштение на Командата емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи израелската агресија во Либан, ќе бидат преземени и дополнителни чекори. Претходно оваа седмица бродовите почнаа повторно да пловат низ Ормус откако беше склучен привремениот договор меѓу САД и Иран. Во денешните израелски напади врз јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, само неколку…
