Автор: Press Online

Мицкоски денеска објави нов рок: реконструкцијата на Владата ќе биде готова до 1 јули. Ова е уште еден во низата рокови Мицкоски ги поставува. Пред само неколку недели, Мицкоски тврдеше дека до 1 јуни ќе бидат исполнети клучните реформи. Тој рок помина. Немаше реформи. Немаше одговорност. Немаше ниту објаснување зошто рокот не е исполнет. Сега, наместо да одговара за неисполнетите реформи, Мицкоски нè префрла на нов рок – 1 јули за реконструкција на Владата. Како да е тоа најважното прашање во моментов. Реконструкцијата е само шминика. Таа не ги решава проблемите на граѓаните. Таа не ги зголемува платите, не ги намалува…

Read More

Австралија го потврди својот прв случај на птичји грип H5N1, со што високо заразниот сој на вирусот се појави на последниот континент каде што не е регистриран. Австралиското Министерство за земјоделство соопшти дека болеста е откриена кај птица преселница, кафеавата рибарка, во оддалечена област на Западна Австралија, објави Би-Би-Си. Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави во саботата дека заразената птица е пронајдена на плажа во Националниот парк Кејп Ле Гранд, во близина на градот Есперанс, околу 700 километри југоисточно од Перт. „Сите знаевме дека не можеме засекогаш да бидеме имуни на птичји грип“, изјави Колинс на прес-конференција. Таа додаде дека…

Read More

– Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. – Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот…

Read More

Новиот руски амбасадор Димитриј Зиков ја оствари првата официјална средба со Архиепископот Стефан. Средбата се одржа на 18 јуни, а присуствуваше и секретарот на Синодот, епископот Климент. На средбата присуствуваше и секретарот на Синодот, епископ Климент. Скопската епархија објави фотографии, без детали за разговорите. Руската амбасада соопшти дека биле разгледувани прашања за духовна соработка и традиционално пријателски односи меѓу РПЦ и МПЦ-ОА. Според објавите, приемот се одржа во пријателска атмосфера. Скопската епархија сподели фотографии од средбата, но не соопшти конкретики за темите или заклучоците од разговорите. Амбасадата на Русија информираше дека на средбата се разгледувале прашања поврзани со духовната соработка…

Read More

Ла Паз – Претседателот на Боливија Родриго Паз денеска прогласи вонредна состојба во земјата, поради ескалација на кризата предизвикана од 50-дневните антивладини протести што ја парализираа националната економија. Одлуката, објавена од шефот на државата во обраќањата до нацијата, отвора врата за мобилизација на воени сили низ целата земја во обид да се воспостави ред. Боливиските медиуми објавија дека Паз постигнал договор со водечкиот синдикат, Боливиската работничка конфедерација, што се смета како чекор кон решавање на кризата. Сепак, и покрај овој договор, Боливија е далеку од крајот на конфликтот, бидејќи многу патишта што го поврзуваат главниот град Ла Паз со остатокот…

Read More

  Автомобил марка „Фолксваген Широко“ беше запален ноќеска во скопската населба Маџари, на околу еден час пред полноќ, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојде редакцијата, станува збор за намерно предизвикан пожар. Сторителот пеш се движел кон локацијата каде што било паркирано возилото, а претходно носел фантомка на главата. Непосредно пред да стигне до местото, ја извадил маската и поминал покрај повеќе објекти опремени со видеонадзор. Автомобилот бил запален во близина на поранешната зграда на А1 телевизија. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а пожарот не се проширил на околните објекти. Сепак, станува збор за густо населено подрачје, а…

Read More

– Без вода денеска ќе биде еден дел од централното градско подрачје. Прекинот ќе почне во 09 часот поради санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“. Без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, Македонската телевизија, Ист Гејт. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека со намален притисок на вода ќе биде ниската зона од Автокоманда до Камник.

Read More

Вашингтон – Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос. Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот. Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија цел беше унапредување на рамковниот договор, беше откажана во последен момент. Цитирајќи американски функционер, Аксиос објави дека Виткоф е на пат кон Швајцарија за да му се придружи на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кој веќе е таму, а се очекува да…

Read More

На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово…

Read More

Во Скопје попладне ќе се одржи Парада на гордоста која ќе почне од Фонтана во Градски парк. – Парадата на гордоста претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ луѓето во Северна Македонија. Годинава маршот ќе се одржи во услови на засилени општествени и политички предизвици, со порака за видливост, солидарност и отпор кон дискриминацијата, стои во објавата за протестниот марш.   Учесниците на протестниот марш ќе се движат од фонтана „Лотус“ во Градскиот парк, по булеварот „Илинден“, по улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански одреди“ се до крстосницата со улицата „Васил Главинов“ каде што ќе свртат…

Read More

Минхен – Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА. Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот. Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за наслениот во околината. Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат главно товарни возови, изјави портпаролот на германската железничка компанија Дојче Бан. Причините за несреќата се истражуваат.

Read More

Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран. Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без да даде дополнителни детали за жртвите. Продолжувањето на борбите во Либан може да го загрози новопотпишаниот договор меѓу Иран и САД, во кој се повикува на итен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан. Договорот содржи и одредби што имаат за…

Read More