Автор: Press Online
Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и се очекува набрзо да го изгаснат. „Денеска во 19:15 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112, е добиена пријава за пожар на отворен простор во близина на последната автобуска станица на линијата 16, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба. Гори ниска вегетација. За настанот се известени екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои се упатени на терен за интервенција“, велат од ЦУК.
Британската транспортна полиција денес соопшти дека реагира на извештаите за судир меѓу два воза на околу 100 километри северно од Лондон, додека медиумските извештаи тврдат дека неколку лица се повредени во инцидентот. Во видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како предниот дел од едниот воз удира во задниот дел од другиот, но двата воза останале на шините. Службите за итни случаи на Источна Англија соопштија дека испратиле повеќе тимови, вклучително и воздушна амбуланта, на местото на судирот на железничката линија јужно од Бедфорд, и ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа. 🚨🇬🇧 Dos #trenes de alta #velocidad…
Со празни кофи и извици „Сакаме вода“, жителите на Дебреше протестираа пред Општина Гостивар поради долгогодишниот проблем со водоснабдувањето. Револтираните жители порачаа дека повеќе не сакаат ветувања, туку конкретни решенија, особено пред доаѓањето на иселениците во летниот период. За време на протестот дојде до кратка ескалација кога дел од насобраните се приближија до влезот на општинската зграда и беше скршено стакло од вратата. По апелите за смирување, протестантите се повлекоа. Од Општина Гостивар соопштија дека проблемот трае со децении и дека веќе се работи на нов водоводен вод и санација на изворот над селото, со цел подобрување на снабдувањето со…
Албанската влада на попладневната седница го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Македонија. -Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка, објави агенцијата АТА. Со пуштањето на овој систем, како што деновиве информираа од македонската влада, се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и…
Чикаго – Деценија и стотици милиони долари во изградба, Претседателскиот центар на Обама се отвори денес за јавноста. Центарот нуди музеј, филијала на Јавната библиотека во Чикаго и друго. Низ целиот простраен кампус од 19,3 хектари, посетителите ќе најдат наменски простори благодарение на одредени донатори. Всушност, големата церемонија на отворање, каде зборува поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, се одржа на плоштадот Џон Луис. Донаторот е одговорен за тоа? Основачот на Амазон и четвртиот најбогат човек во светот според Форбс, Џеф Безос. Фото: Ројтерс Претседателскиот центар беше платен преку приватни донации Вкупно чинеше 850 милиони долари,…
Во рамките на Светскиот форум „Иницијатива за идни инвестиции“ (ФИИ) што се одржува во Рим, премиерот Еди Рама учествуваше во разговор со водителката и дописничка на Си-Ен-Ен, Елени Ѓокос, каде што зборуваше за актуелните геополитички случувања, процесот на европска интеграција на Албанија и перспективите за стратешки инвестиции во земјата. За време на дискусијата Рама го обвини Си-Ен-Ен дека не е објективен извор, мислејќи на едно претходно остро интервју со него на американската телевизиска мрежа. Новинарката Ѓокос му рече: „Ќе поставам брзи прашања. Да или не? Дали земјиштето веќе е купено од инвеститори?“ Еди Рама одговори: „Проблемот не се прашањата.…
На почетокот на јули ќе има јавна расправа во врска со постапката за продолжување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“. Барањето е уредно поднесено, а дозволата ќе биде обновена според новиот закон за контрола на индустриските емисии, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма вечерва Хоџа посочи дека барањето за обнова на дозволата е поднесено и објавено на 22 мај и до 22 јуни тече рокот за увид во барањето и секоја заинтресирана страна, рече, може да поднесе забелешка на постапката за обновување на дозволата. – Барањето за дозвола…
Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека во земјава е регистриран прв случај на Зика вирусна инфекција во земјава. Ризикот за населението во моментов се оценува како низок -На ден 17.06.2026 година, од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ доби информација за конфирматорен позитивен наод на зика вирусна инфекција – соопшти Институтот за јавно здравје. Како што наведуваат оттаму, пациентот е контактиран од страна на надлежен епидемиолог при што се предложени соодветни превентивни мерки. ИЈЗ информира дека според добиените епидемиолошките податоци заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви.…
Лидерите на ЕУ ја отстранија фразата за „забрзаниот пристап“ на Украина од конечната декларација на инсистирање на унгарскиот премиер Петер Маѓар. Тој самиот го изјави ова на Икс. Тој рече дека „не било лесно“, но конечно се согласиле да ја отстранат фразата „во последен момент“. Во конечната верзија се наведува дека ЕУ го поздравува одржувањето на меѓувладината конференција за пристапување на Украина во Унијата и отворањето на кластерот за фундаментални прашања на 15 јуни 2026 година и „се радува на отворањето на други кластери во согласност со пристапот базиран на заслуги“. Украина стана кандидат за членство во ЕУ во…
Министерството за внатрешни работи информира дека утре (20 јуни, сабота) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради одржување на јавен настан кој ќе започне во 18:00 часот. Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најавуваат мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот долж трасата по која ќе се движат учесниците на настанот. Според најавата, движењето ќе започне пред Фонтана Лотус во Градскиот парк, по што ќе продолжи по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а ќе заврши во паркот „Жена Борец“ на улицата „11…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен. Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба да ги следи производствените трошоци и да реагира доколку откупната цена на јачменот и пченица е ниска, нема никаква реакција. Земјоделците на средбата посочија дека ниту откупната цена на јачменот, ниту на пченицата, не се јавно објавени. Жетвата на јачменот е веќе…
Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот, а примирјето стапи во сила во 16 часот по локално време (15 часот по средноевропско време). Примирјето го договорија преговарачите на САД и Катар, со помош од Иран. Договорот за прекин на огнот уследи по новиот бран насилства во јужниот дел на Либан. Либанската Национална новинска агенција (ННА) јави дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 18 луѓе, а повеќе од 30 се повредени. Додека четворица израелски војници загинаа при операција во јужен Либан.
