Автор: Press Online
СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот М.И. од Штип поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, при што го оштетил буџетот на општината и детската градинка за над 7,7 милиони денари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во својство на в.д. директор на Општинска јавна установа – детска градинка во Штип, во периодот од 12 септември 2023 до 11 мај 2026 година, без спроведување постапка за јавни набавки, во повеќе наврати вршел набавки од 47 различни правни лица. Како што наведува полицијата, набавките биле реализирани преку фиктивни фактури без соодветна испратница и…
Париз- Лувр се бори да најде средства за итно реновирање на своите застарени објекти, предупреди неговиот нов директор, по низа проблеми што кулминираа со дрска кражба на накит во вредност од 100 милиони долари. Кристоф Лерибо, зборувајќи пред сенатскиот комитет, рече дека музејот, и покрај својата грандиозност, ја губи енергијата, објави Ле Монд. „Лувр е без енергија“„И покрај неговата импозантна големина и секојдневната посветеност на персоналот, Лувр е без енергија“, рече Лерибо. „Неговата опрема и инфраструктура го достигнуваат крајот на својот корисен век“. Лерибо, историчар на уметност и експерт за уметност од 18 век, го презеде музејот во февруари. Неговиот…
Кривичниот суд попладнево по сослушување на осомничените за проневера во Фудбалската Федерација на Македонија одлучи на три лица да им определи мерка притвор од 30 дена, а на пет лица им е определен куќен притвор. Во 30-дневен притвор одат поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски и уште две лица со иницијали О.М. и Ѓ.Ч. Куќен притвор им е определен на Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А, а мерки на претпазливост на Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Од Кривичниот суд информираат дека дополнително судот треба да се произнесе за мерките што треба да се донесат за петмината кои се во бегство, односно…
Во контекст на новиот импулс во процесот на проширување и потсетувајќи на Декларацијата од Гранада, Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето и реформите на својот состанок во октомври 2026 година“, соопшти Европскиот совет по состанокот што се одржа на 18 и 19 јуни во Брисел. Во однос на Западниот Балкан, Советот го поздравува одржаниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни 2026 година, кој придонесе за новиот замав во процесот на проширување. Европскиот совет, повикувајќи се на претходните заклучоци, повторува дека ЕУ ќе продолжи со блиската соработка со Западниот Балкан и ќе…
Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму информираат дека ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, предизвикани од каснувања од азиски тигрест комарец, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи „Според добиените епидемиолошките податоци на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, заболеното лице во периодот…
Чикаго– Додека го отвора својот претседателски центар, Барак Обама е убедливо најпопуларниот жив американски претседател. Според новата анкета на CNN спроведена од SSRS, 57 проценти од Американците имаат позитивно мислење за Обама, што е значително повисоко од рејтингот на неговите наследници. За споредба, само 34 проценти од јавноста има позитивно мислење за претседателот Доналд Трамп, додека поддршката за поранешниот претседател Џо Бајден е само 30 проценти, објавува CNN. Репутацијата на Обама меѓу политички независните гласачи е повеќе од двојно поголема од онаа на Бајден или Трамп. За разлика од двајцата, Обама ужива речиси едногласна поддршка и во рамките на сопствената…
Владата, во однос на најавената реконструкција, соопштува дека процесот се одвива преку разговори со коалициските партнери. Денеска и утре се предвидени средби со политичките партии ЗНАМ и ВРЕДИ. -Со оглед на тоа што разговорите се во рана фаза и станува збор за чувствителен процес кој бара сериозен и одговорен пристап, во овој момент не би навлегувале во дополнителни детали. Штом бидат постигнати конкретни договори и дефинирани решенија, јавноста ќе биде навремено и целосно информирана, соопштуваат од Владата. Она што во моментов останува непроменета позиција и јасен принцип на претседателот на Владата, проф. др Христијан Мицкоски, беа пораките кои тој јавно…
Министерот за здравство, Азир Алиу во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, Алиу рече дека Министерството секојдневно добива поплаки од пациенти кои тврдат дека им било кажувано дека за операција во државното здравство ќе чекаат со месеци, додека во приватна ординација кај истиот лекар можат да бидат оперирани веднаш. „Пациентите нè информираат дека докторот им велел: ‘Ќе чекате три месеци за операција на државно, но ако сакате побрзо, дојдете утре после 16 часот во приватниот термин и веднаш ќе ве оперираме’. Проблемот не е цената на приватната услуга, туку тоа што пациентот нема начин да провери дали навистина е…
Нова трансатлантска драма се појавува во Италија, откако американскиот претседател Доналд Трамп му кажа на еден италијански радиодифузер дека премиерката Џорџа Мелони го „молела“ за фотографија на маргините од самитот на Г7 претходно оваа недела. Во разговор со радиодифузерот Ла7, Трамп наводно рекол: „Ме молеше да се сликам со неа! Толку многу сакаше фотографија со мене. Не би ја направил, но ми беше жал за неа“. Извонредно, Мелони веднаш се огласи на социјалните мрежи за да одговори, објавувајќи краток видео клип и велејќи „ниту јас ниту Италија никогаш не молиме“ никого за ништо. Италијанската премиерка рече дека е „зачудена“…
Грчката влада истражува начини за забрзување на пристапувањето на Црна Гора во Европската унија за време на нејзиното претседателство со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година, како дел од пошироката стратегија за Западен Балкан. Министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, во петок е во Подгорица за да разговара за патот на Црна Гора кон ЕУ со својот колега, Ервин Ибрахимовиќ, и премиерот Милојко Спаиќ. Грција ќе го преземе ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ во јули 2027 година. Според владини извори, целта е да се помогне барем на една земја од Западен Балкан да се приклучи…
„Имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат врз основа на план, а не врз основа на импровизација и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси, туку од јасно дефинирани национални цели околу кои ќе постои широк општествен консензус“, рече премиерот на денешниот петти состанок на Советот, на кој беше усвоен извештајот за Националната развојна стратегија 2024 – 2044 г. Мицкоски нагласи дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. Во таа смисла, примерот додаде дека за…
Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што треба да одлучува по барањата на Обвинителството, а пет се недостапни на органите на прогон. Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е второосомничен, е веќе во притвор за…
