Автор: Press Online
„Имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат врз основа на план, а не врз основа на импровизација и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси, туку од јасно дефинирани национални цели околу кои ќе постои широк општествен консензус“, рече премиерот на денешниот петти состанок на Советот, на кој беше усвоен извештајот за Националната развојна стратегија 2024 – 2044 г. Мицкоски нагласи дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. Во таа смисла, примерот додаде дека за…
Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што треба да одлучува по барањата на Обвинителството, а пет се недостапни на органите на прогон. Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е второосомничен, е веќе во притвор за…
Секој петти граѓанин на Европска Унија страда од ментална болест, а дури 60 проценти од нив не добиваат соодветна помош. Околу 28.000 предвремени смртни случаи од ментални болести се регистрирани на годишно ниво, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). – Во 2023 година, речиси едно од пет лица страдало од ментална болест, при што приближно три четвртини од нив се поврзани со депресија, анксиозни нарушувања и нарушувања поврзани со употреба на психотропни супстанции, изјави Михаел Милер од ОЕЦД. Тој додаде дека сега најверојатно бројките се многу повисоки. Студијата е спроведена пред пандемијата Ковид-19. Постојат многу индикации дека менталното…
Бројките потврдуваат – близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски. Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати. Во првото тримесечје од 2026 година во Македонија има 707.385 вработени лица, наспроти 691.736 вработени во второто тримесечје од 2024 година. Тоа значи дека денеска во Македонија има близу 17.000 повеќе вработени лица. Истовремено, стапката на невработеност е намалена од 12,5 на 11,3 проценти, додека пак стапката на вработеност е зголемена…
Враќањето на Енди Бернам во парламентот го направи градоначалникот на Голем Манчестер фаворит да го наследи Кир Стармер на функцијата премиер, а со него доаѓа и „манчестеризмот“, неговата визија за Британија. Бернам победи на дополнителните избори во северноанглиската изборна единица Мејкерфилд по речиси една деценија надвор од Вестминстер како градоначалник на Голем Манчестер, еден од најголемите градови во Британија. 56-годишникот сака да извлече поуки од брзиот економски подем на Манчестер за да ја преобнови британската економија, проследена со раст на запирање и стартирање и затегнати јавни финансии. Еве што знаеме за неговиот економски модел, кој го опишува како „социјализам…
Министерството за внатрешни работи донесе измени и дополнувања во матичниот правилник со кои се олеснуваат досегашните строги критериуми за личниот изглед на полициските службеници во земјава. Со новите одредби, на униформираните припадници на полицијата им се дозволува носење на брада и одредени тетоважи, но под строго дефинирани услови за да не се наруши угледот на службата. Првичниот Правилник за однесување бил донесен на 4 мај 2026 година, но по иницијатива на Гранскиот независен синдикат на полицијата веднаш биле предложени дополнителни измени. По разгледувањето на синдикалниот предлог, надлежните во МВР го прифатиле барањето и измените официјално стапиле на…
Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски призна дека државата сака и треба да има монопол на интернет игрите на среќа. Во своето излагање на денешната јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, покрај аргументите за членовите што Климовски побара да не останат во новото законско решение, тој силно застана на страната на тоа во законот да остане монополот на државата, односно на државната лотарија над игрите на среќа на интернет, на што предупредуваат приватните компании лиценцирани во земјава за организирање на игри на среќа. Според Климовски, ако државата ги организира и контролира игрите на среќа,…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир изјави дека „целиот Либан мора да гори“ откако израелската војска објави дека четворица нејзини војници се убиени на југот на земјата. „За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мајки мора да плачат“, напиша Бен-Гвир во објава на социјалната мрежа X. Израелската војска соопшти дека војниците биле убиени откако нивниот тенк бил погоден за време на операција во близина на градот Кфар Тебнит во јужен Либан. Меѓу загинатите бил и 32-годишниот потполковник Дор Гедалија Бен Симхон, командант на 52-от баталјон на 401-та оклопна бригада. Инцидентот се случи само неколку дена откако американските…
Почина Љупчо Грнчиштанов (54) – главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Toj беше еден од обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“. Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во ДПИ. Тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци беше во куќен притвор. „Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“ информираа кратко од ОЈО.
По најавите за протести, со став се огласи и бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков. Тој изрази благодарност до сите граѓани и организации за поддршката во актуелните „тешки околности“ и го потврди правото на мирен протест, но упати барање да не се блокираат граничните пунктови Протестот закажан за в недела, кој предвидуваше блокада на три гранични премини меѓу Бугарија и Северна Македонија – Ѓуешево-Деве Баир, Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново Село – засега е откажан. Ова го потврди Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата „Македонија“ и појасни дека одлуката е донесена по консултации и разговори со претставници на Министерството за надворешни работи…
Швајцарија соопшти дека разговорите на САД со иранските преговарачи за договор за прекин на конфликтот на Блискиот Исток нема да се одржат во петок, додека потпретседателот Џ.Д. Венс се откажа од плановите за патување таму, поттикнувајќи ја неизвесноста дали може да се најде трајно примирје. „Логистиката на овие преговори никогаш не била едноставна или предвидлива“, изјави портпаролот на Белата куќа во четвртокот. Венс и американската делегација беа подготвени да заминат на разговорите, закажани за швајцарското планинско одморалиште Бургеншток, штом беа финализирани плановите. Во соопштението на швајцарското Министерство за надворешни работи се вели дека разговорите се одложени. Швајцарија останува подготвена…
Соопштение на Левица 🪵 Видео снимката која деновиве кружи на социјалните мрежи покажува застрашувачки кадри од масовна сеча на планината Лопушник – голини наместо шума, искршени стебла, ровови од тешка механизација и предели оставени во состојба на потполно уништување. Граѓани алармираат за масовна нелегална сеча на шума низ повеќе предели во Македонија, додека директорите на ,,Македонски шуми” – Здравко Трајанов и Кире Михаилов молчат и шират партиска агитација на социјални мрежи. ⁉️ Директорот на ,,Македонски шуми” треба да даде одговори на јавноста дали има одобрение и врз основа на која шумско-стопанска основа е извршена сечата на Лопушник? Бидејќи станува збор…
