Автор: Press Online

  Иранската пејачка Парасту Ахмади и осум членови на продуцентскиот тим, вклучувајќи музичари, наводно се осудени на 74 камшикувања поради настап на концерт емитуван во живо на Јутјуб каналот на Ахмади во 2024 година. Според судските документи, кривичниот суд во покраината Ком ги осудил уметниците на камшикување, двегодишна забрана за напуштање на земјата и двегодишна забрана за вклучување во уметнички активности по обвиненија што вклучуваат навреда на јавната пристојност преку производство и објавување на „вулгарна и неморална содржина“ на платформите за киберпростор. Иако официјалната новинска агенција за судство сè уште не ја објавила пресудата, групите за човекови права и адвокатите…

Read More

Министерот за здравство, Азир Алиу, во продолжение на интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ се осврна на горливите проблеми со приватните специјализанти, дефицитот на стручен кадар како цитолозите и административните кочници кои ги заглавуваат капиталните проекти во здравството. Шок за министерот: Дел од приватните специјализанти работат приватно наместо да учат на дежурства, објави 4news.mk Говорејќи за менаџерскиот пристап, Алиу истакна дека секогаш ги сослушува двете страни на проблемот. По средбата со приватните специјализанти и анализата на информациите од администрацијата, тој се соочил со факти кои, како што вели, биле вистински шок за него. Дознав дека дел од приватните специјализанти, за…

Read More

Загрижувачки податоци беа презентирани денес на промоцијата на новиот едногодишен проект за спречување на семејното и врсничкото насилство преку образовниот систем, што го спроведува Министерството за образование и наука (МОН). Проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е поддржан од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека податоците на МВР укажуваат на паралелен раст на семејното и врсничкото насилство, нагласувајќи дека изложеноста на насилство во семејството претставува еден од клучните ризик-фактори за подоцнежно агресивно однесување кај…

Read More

Деновиве навршуваат две години од изборот на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Меѓу клучните заложби во програмата беа силен економски раст, задржување на младите во земјава и реформи во здравствениот и образовниот систем. „Нема да барам никакви сто дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш, немавме ниту една секунда изминатиов период“, рече своевремено премиерот. Со стартот на работата на новата влада, група невладини организации предводени од „Фајненс Тинк“ почнаа со следење на исполнувањето на ветувањата во неколку клучни области. Сега, ги презентираа најновите наоди. „Граѓаните многу често не се доволно информирани за кои се…

Read More

Нобеловецот Пол Кругман денес, за време на предавањето на конференцијата на Економскиот факултет во Риека, изјави дека живееме во мултиполарен свет во кој нема доминантна суперсила, туку три моќни сили: САД, Кина и ЕУ, и дека Европа сега има многу поголема автономија и способност да ја обликува својата судбина. Познатиот американски економист и професор Пол Кругман, кој ја доби Нобеловата награда за економија во 2008 година, одржа предавање насловено како „Глобална моќ, геополитика и Европа во дигиталната ера“ во рамките на Меѓународната научна конференција „Економија на дигитална трансформација“, јави Хина. Кругман рече дека сме во многу важен момент, бидејќи војната…

Read More

Page not found – Либертас 404 🙁 Упс, страницата не може да биде најдена. Не можевме да го најдеме тоа што го баравте. Пробајте со пребарување Back to top button

Read More

Жители на југоисточниот дел на Московската област пријавија појава на „црн“ и мрсен дожд по најголемиот украински напад со беспилотни летала од почетокот на војната, во кој, според руските власти, биле лансирани речиси 200 дронови кон Москва. По нападот, над погодената нафтена рафинерија се издигнаа густи столбови чад, а во Московската област повредени се 17 лица, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Жителите за Би-Би-Си изјавиле дека ситниот дожд оставал „непријатни црни дамки“ на облеката. Московските власти негираа дека станува збор за „нафтен дожд“, но официјалниот градски канал на Телеграм ги предупреди жителите на погодениот реон да ги држат прозорците затворени.…

Read More

МВР информира дека вчера попладне во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот кај нејзината 34-годишна сосетка која успеала да го истурка надвор. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок

Read More

Три девојки, на возраст од 18 до 25 години, возејќи се на четирицикл излетале од пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, соопшти полицијата. Тешки повреди има најстарата, која го возела четирициклот, но и двете други учеснички во несреќата завршиле во тетовската болница. „На 17.06.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат с.Вејце-с.Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од с.Селце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од с.Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен…

Read More

Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Според досегашните информации, тие обиди се успешни – вели премиерот Христијан Мицкоски. – Сè уште немаме потврда, сè уште немаме почеток на реализацијата на овој проект, но многу сме блиску до носење одлука државата преку ЕСМ да го финансира и го реализира овој проект. Тоа е важно не само за државата туку и за регионот имајќи ги предвид…

Read More

По една година помината во притвор, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, ќе се брани од слобода, дознава „Скопје1“. Васев во наредниот период ќе го напушти затворот во Шутка, откако судот прифатил гаранција обезбедена со хипотека на имот. Тој е обвинет во првиот предмет што се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија, заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи. Според обвинението, двајцата се товарат за продолжени кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата, кои, според обвинителството, ги сториле во периодот од 2018 до 2022 година. Обвинителството тврди…

Read More

Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“. – Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што беше констатирана смртта, информираа од грчката крајбрежна…

Read More