Автор: Press Online

По една година помината во притвор, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, ќе се брани од слобода, дознава „Скопје1“. Васев во наредниот период ќе го напушти затворот во Шутка, откако судот прифатил гаранција обезбедена со хипотека на имот. Тој е обвинет во првиот предмет што се однесува на економското работење на Клиниката за онкологија, заедно со поранешниот економски директор Артан Нухи. Според обвинението, двајцата се товарат за продолжени кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и проневера во службата, кои, според обвинителството, ги сториле во периодот од 2018 до 2022 година. Обвинителството тврди…

Read More

Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“. – Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што беше констатирана смртта, информираа од грчката крајбрежна…

Read More

Овластени службени лица од Управата за финансиска полиција во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), по наредби на судија на претходна постапка и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), денеска извршија претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации во Скопје. Како што соопштија од Управата за финансиска полиција, акцијата е резултат на претходно поднесена кривична пријава против три лица вработени во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), управители, сопственици и овластени лица на правни субјекти, како и против самите правни лица, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела.…

Read More

  Украински дронови погодија неколку локации низ Москва во најголемиот воздушен напад на Киев врз градот од почетокот на целосната инвазија на Русија, запалувајќи голема рафинерија за нафта и принудувајќи евакуации на најголемиот аеродром во земјата. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го опиша нападот како одговор на рускиот напад врз историскиот манастирски комплекс во Киев претходно оваа недела. „Ние не ја сакаме оваа војна и никогаш не ја сакавме“, рече Зеленски во гласовна порака до новинарите. „Но, ако Украина ќе гори, и вашата Москва ќе гори… Време е да се стави крај на агресијата, време е да се стави крај на…

Read More

Лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција во партиското седиште се осврна на Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија, во кој според него се констатира дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата против корупцијата во многу области, како и дека има длабоки структурни слабости и негативни трендови во функционирањето на судството, вклучително и недоволно финансирање и кадровска екипираност на судските институции, што ја поткопува судската независност Прашан во однос на спорот со Бугарија и условот што ѝ се поставува на државата за формално отворање на преговорите, односно уставните измени, Филипче рече дека позицијата тука е јасна и…

Read More

Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов учествуваше на тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување, наведува Фондот на ПИОМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Целта на настанот, како што беше речено, е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање решение за нејзино подобрување. Во своето излагање директорот Мемов нагласи дека Фондот на ПИОМ е институција која не креира политики во областа, но…

Read More

  Украина ќе продолжи да возвраќа удари кон Русија. Според претседателот Володимир Зеленски, овие акции не се само одговор на нападите врз мирните украински градови, туку и средство за притисок врз агресорската држава за мир. Шефот на државата го изјави ова пред новинарите во Брисел. Зеленски рече дека Украина не сака војна и никогаш не ја сакала, додавајќи дека сите го знаат ова, вклучително и партнерите на Украина. Тој рече дека Украина сигурно не сака да се види себеси како гори поради непријателот, но предупреди дека ако Украина гори, и Москва ќе гори. Тој нагласи дека е време да се…

Read More

Апелацискиот суд-Штип ја укина пресудата казна доживотен затвор за штипјанецот Стојанче Зарков, кој лани со нож ја убил сопствената мајка. На Зарков повторно ќе му се суди во Основниот суд-Штип, потврдија од Апелацискиот суд-Штип. Посочуваат дека Зарков, кој почнал да ја издржува казната затвор во Затвор, сега по оваа одлука повторно ќе се врати во притворски оддел. Инаку во февруари годинава на Зарков му беше изречена казна доживотен затвор, бидејќи лани на 8 август во раните утрински часови ја уби својата 84 – годишна мајка Марија Заркова. Убиството го извршил во семејниот дом, со нож, по што се јавил на…

Read More

Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. Зохиу објасни дека конкретната регулатива е на Европската Унија, а со тоа е и задолжителна за сите земји-членки, посочи дека сепак предизвикува одредени доцнења при пасошката контрола. Таа додаде дека Грција ќе ги искористи сите можности што ѝ стојат на располагање, но…

Read More

Седумдесет и тригодишен жител на Тетово бил пронајден починат во својот дом, информираа од СВР Тетово. Случајот бил пријавен на 17 јуни во 21:05 часот, кога било пријавено дека во куќа во Тетово е пронајдено безживотното тело на З.М. (73). Лекар кој извршил преглед констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина за утврдување на точните причини за смртта. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.

Read More

Намалувањето на американското учество во кризните сили на НАТО стапи во сила веднаш, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, додавајќи дека останатите сојузници веќе го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините. „Вчера се постави прашањето: дали ова важи веднаш или не? Важи веднаш“, изјави Руте пред новинарите во Брисел, воочи денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Тој појасни дека станува збор за плански механизам за распоредување на силите и дека во случај на вистински конфликт сите сојузници, вклучително и САД, би ги ангажирале максималните капацитети за одбрана. „Ако избие војна, сите сојузници ќе направат…

Read More

Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. – Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Управата за финансиска полиција (УФП). Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствата што се преземаат – информираат од ОЈО…

Read More