Автор: Press Online
Соопштение на Левица 🪵 Видео снимката која деновиве кружи на социјалните мрежи покажува застрашувачки кадри од масовна сеча на планината Лопушник – голини наместо шума, искршени стебла, ровови од тешка механизација и предели оставени во состојба на потполно уништување. Граѓани алармираат за масовна нелегална сеча на шума низ повеќе предели во Македонија, додека директорите на ,,Македонски шуми” – Здравко Трајанов и Кире Михаилов молчат и шират партиска агитација на социјални мрежи. ⁉️ Директорот на ,,Македонски шуми” треба да даде одговори на јавноста дали има одобрение и врз основа на која шумско-стопанска основа е извршена сечата на Лопушник? Бидејќи станува збор…
Британскиот политичар Енди Барнам би можел да стане предизвикувач на Кир Стармер во борбата за лидерство на владејачката Лабуристичка партија, а со тоа и за највисокото место во британската политика, по убедливата победа на предвремените избори за пратеник во изборната единица Мејкерфилд. Предвремените избори, одржани вчера, беа распишани со една цел: да му се овозможи на Барнам да се врати во британскиот парламент и да му се отвори патот до Даунинг стрит 10. Барнам, градоначалникот на Голем Манчестер, долго време се сметаше за политичар од Лабуристичката партија со најголеми шанси да го симне од власт сè понепопуларниот Стармер. Откако сите…
„Организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата. Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот. ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“ соопштија денеска од СДСМ. Од партијата велат „Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого? Единственото нешто…
„Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.…
Брисел – Лидерите на 27 земји-членки на Европската Унија синоќа на Самитот во Брисел едногласно усвоија заклучоци за поддршка на Украина, што е првпат од март минатата година таков документ да биде поддржан од сите членки. Од март 2025 година, тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан го блокираше усвојувањето заеднички заклучоци, поради што останатите земји-членки беа принудени да усвојуваат одделни текстови со поддршка од 26 или 25 држави. Во некои случаи на Орбан му се приклучуваше и словачкиот премиер Роберт Фицо. Со промената на власта во Унгарија и доаѓањето на Петер Маѓар на чело на владата, таквата практика е прекината. „Денес…
Во старата скопска чаршија денеска и утре ќе се одржат концерти од разни жанрови во рамки на третото издание на манифестацијата „Ритамот на чаршијата“. Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од 19 часот вечер со македонска изворна музика ќе настапи ансамблот Стефче Стојковски, а утревечер од 19 часот концерт ќе одржи Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Србија. -Старата скопска чаршија е најголема на Балканот и е заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на „Ритамот на чаршијата“…
Ротердам – Речиси сите патници и членови на екипажот на крузерот „Хондиус“ што беше жариште на хантавирус, добиле дозвола да се вратат во своите домови по завршувањето на карантинот во Холандија, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според податоците на СЗО, на бродот се регистрирани и потврдени 12 случаи, како и еден случај поврзан со бродот, од кои три лица починале. Епидемијата предизвика меѓународна здравствена тревога. Крузерот под холандско знаме испловил од Ушуаја на 1 април и посетил неколку изолирани острови во Јужниот Атлантик, пред да се упати кон Зеленортските Острови и потоа кон Тенерифе, каде што…
Пишува: Џабир ДералаГоворот на Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, одржан на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, е – да се изразам претпазливо и благо – пример за високо концентрирана политичка манипулација. Во неговиот говор има сè што му е потребно на еден популистички наратив: непријател, предавници, понижување, народна казна, историска неправда, црвени линии и ветување дека лидерот ќе издржи таму каде што другите „клекнале“. Без оглед на тоа колку Мицкоски сака да изгледа како државник, тој само уште еднаш открива дека не прави ништо освен политички операции за префрлање на одговорноста.Основната манипулација е во тоа што Мицкоски го претставува европскиот…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, апелираше граѓаните да не наседнуваат на истиот трик кој Мицкоски го користеше во 2024 година и лажната реторика.„Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно на неговиот трик, како пред две години. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, полни со патриотизам, црвени линии, одбрана на браникот на идентитетот и така натаму, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија“, рече Филипче.Филипче потенцираше дека изолацијата значи застој за државата, а единствениот пат за подобра иднина на граѓаните е еврпскиот пат.„Единствениот пат е Европа. Апелирам сите да се приклучат кон фронтот…
Партиски делегации предводени од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски в сабота ќе имаат средба во врска со најавената реконструкција на Владата. Министерот за јавна администрација и генерален секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, изјави дека на таа средба ќе сакаат да дознаат за каков опфат се работи со реконструкција на Владата, затоа што, рече, кога се разговара за реконструкција граѓаните мислат дека тоа е само првиот ешалон односно министрите. -Меѓутоа, тука има и голем број на втор ешалон, трет ешалон – избрани и именувани функционери коишто, исто така, се на тие…
Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи за најавената блокада на трите гранични премини со Македонија од бугарската фондација „Македонија“, барајќи бугарски организации да не се означуваат како антимакедонски. „Им обрнуваме внимание на одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е неодржливо и непродуктивно да се дефинираат бугарски организации како ‘антимакедонски’ поради различните проценки и ставови за состојбата на билатералните односи и политиката на властите во Скопјe. Плурализмот е карактеристична црта на демократијата и неговата манифестација не е насочена ‘против’ никого, туку има за цел да отвори меѓуопштествен дијалог како предуслов за градење слични наративи и разбирање“, се…
Иранската пејачка Парасту Ахмади и осум членови на продуцентскиот тим, вклучувајќи музичари, наводно се осудени на 74 камшикувања поради настап на концерт емитуван во живо на Јутјуб каналот на Ахмади во 2024 година. Според судските документи, кривичниот суд во покраината Ком ги осудил уметниците на камшикување, двегодишна забрана за напуштање на земјата и двегодишна забрана за вклучување во уметнички активности по обвиненија што вклучуваат навреда на јавната пристојност преку производство и објавување на „вулгарна и неморална содржина“ на платформите за киберпростор. Иако официјалната новинска агенција за судство сè уште не ја објавила пресудата, групите за човекови права и адвокатите…
