НАЈНОВО
Автор: Press Online
Комисијата за култура на опозицискиот СДСМ упати најостра реакција до јавноста по повод предавањето одржано во просториите на Српскиот културен центар „СПОНА“ во Скопје. Според опозициската партија, на овој настан дел од најзначајните средновековни цркви и манастири кои се наоѓаат на територијата на Македонија биле скандалозно претставени како „споменици на српската архитектура“. Од СДСМ сметаат дека ваквиот пристап не е научен факт, туку претставува груб обид за историско и културно присвојување на македонското наследство, како и продолжување на националистички наративи со кои се негираат посебноста и континуитетот на македонската културна традиција.Во партиската реакција таксативно се наведуваат црквите и манастирите во…
ВЛЕН ја поздрави најновата одлука за официјално ставање во функција на заедничкиот систем „One Stop Shop“ на граничните премини со Република Албанија. Од таму оценуваат дека овој чекор претставува значаен напредок кон модернизација на граничното управување и практично приближување на граѓаните од двете соседни земји. Според ВЛЕН, овој развој на настаните е дел од еден целосно нов и европски извршен пристап, кој на границите повеќе не гледа како на бариери или пречки, туку како на клучни точки за поврзување каде што застарените административни процедури конечно се заменуваат со директна институционална координација и побрза динамика на движење.Новиот модел на заеднички гранични…
Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.Филипче потенцираше дека Преспанскиот договор затвори едно крупно, повеќедецениско прашање – спорот за името со Грција и отвори перспектива за државата, безбедноста и економскиот развој.„Преспанскиот договор затвори едно прашање, повеќедецениски спор за името со Грција. Ние сега, од оваа временска дистанца, осум години сме земја членка на НАТО, дел од најмоќниот воен сојуз, нешто што поттикнува и инвеститори да дојдат да инвестираат во земјата, што видовме за време на нашите мандати. За жал, сега оваа власт…
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција.Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, Бране Георгиев, претставници на партнерските организации и институции вклучени во реализацијата на проектот.Проектот е со вкупна вредност од 1.382.043 евра и се реализира во период…
Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро
Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во тој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите. Според локалните власти, доколку сопствениците сами не ги отстранат пловните објекти поставени на јавните површини предвидени за рекреација на туристите, тоа ќе го сторат екипи…
Предупредувавме за сѐ и сега сѐ се потврдува. Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината: Нема реформи, нема напредок, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Нацрт-извештајот на Европскиот парламент: -Нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што алармиравме цело време. -Изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, како и напорите за зајакнување на владеењето на правото и рамките за борба против корупцијата, не напредувале доволно. -Ги повикува политичките чинители итно да се воздржат од политичко мешање во правосудството. -Се нагласува важноста од независноста на судството, вклучително…
Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане Македонија. Вечерва сме собрани да покажеме дека Македонија повторно има енергија, повторно има надеж. Од Струмица вечерва испраќаме јасна порака – Македонија се исправа, чекор по чекор одиме напред и мора да забрза. Тоа е нашата обврска. Македонија која забрзува. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на 36. роденден на партијата, кој се одбележува во Струмица со мото „Македонија забрзува, наша обврска“. Во…
Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека телефонскиот разговор со премиерот во врска со предметот „Мазут“ не го доживеал како притисок, оценувајќи дека станува збор за интерес што произлегува од институционалната улога на Владата. Во гостување на тв Телма, Савески нагласи дека на секој повик одговара и дека во конкретниот разговор не било побарано од него да дава извештаи или детали за предметот. Тој појасни дека интересот на премиерот го поврзува со фактот што државната енергетска компанија ЕСМ е правно лице во државна сопственост, па како таква може да има интерес за исходот на постапката. Савески додаде дека во комуникацијата…
Извештајот на ЕК не е ништо ново и неочекувано и просто не предизвикува внимание од едноставна причина што ние реално уживаме во овој амбиент во кој живееме и не сакаме ништо да смениме. Ако се чита извештајот на ЕК меѓу редови, главните забелешки се во тоа што нема напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите, здрава и пристојна животна средина. Политичкиот услов со Бугарија е само дел од проблемот за почеток на преговорите и тој услов нема никакво значење доколку не сме спремни да испорачаме резултати во борбата против корупцијата, владеењето на правото и се друго…
Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова денеска изјави дека Софија не поддржува воведување на симболични санкции од Европската Унија кон рускиот патријарх Кирил. – Бугарскиот став е јасен, ги поддржуваме санкциите против Русија, кои имаат економски ефект, со кои не се казнуваат земјите-членки туку земјата која води војна и кои не се симболични, посочи Петрова-Чамова. Таа додаде дека ако се воведат санкции против рускиот патријарх Кирил ќе се создаде „плодна почва за антиевропска пропаганда“ сугерирајќи оти Европа се меша во црковните работи. Бугарската министерка за надворешни работи истакна дека има низа елементи од санкциите на Европска Унија што Бугарија не…
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент (ЕП), австрискиот европратеник Томас Вајц, во интервју за телевизијата „Канал 5“ изјави дека жали што билатералните прашања меѓу Скопје и Софија станаа дел од извештајот за напредокот на Македонија во ЕП. Вајц, како што вели, не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите поврзани со билатералниот спор. Тој оценува дека таквите прашања не требало да бидат внесени во документ што треба да го мери европскиот напредок на земјата. Изјавата доаѓа откако Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани. Иако документот формално е извештај за напредокот на…
Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска побара од американскиот претседател Доналд Трамп во мировниот договор со Иран да се гарантира безбедноста на индиските морнари. Барањето на Моди уследи откако пред неколку дена во американски напад врз комерцијален брод во близина на брегот на Оман загинаа тројца Индијци. – Стотици илјади индиски морнари работат на светските океани во бродската индустрија и сметам дека нивната безбедност е од најголема важност, посочи Моди. Тој истакна дека клучно за глобалната економија е Ормуската Теснина да биде отворена.
