Автор: Press Online

  Бугарија се спротивставува на европските санкции против рускиот патријарх Кирил, потврди министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Бугарија, исто така, не поддржува некои од дискутираните санкции во енергетскиот сектор, кои би влијаеле на подружниците на „Лукоил. Според Петрова, можните дејствија против патријархот Кирил се симболични и не би биле продуктивни. „Бугарија се спротивставува на санкциите од симболична природа кои не вршат економски притисок“, истакна Петрова. Според неа, санкциите против патријархот Кирил би биле „контрапродуктивни и би создале средина за антиевропска пропаганда дека Европа се меша во црковните работи“. Таа објасни дека дискутираните санкции влијаат на финансиските средства околу него.…

Read More

Соопштение на СДСМ Предупредувавме за сѐ и сега сѐ се потврдува. Нацрт-извештајот на Европскиот парламент:   -Нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што алармиравме цело време. Изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, како и напорите за зајакнување на владеењето на правото и рамките за борба против корупцијата, не напредувале доволно.   -Ги повикува политичките чинители итно да се воздржат од политичко мешање во правосудството.   -Се нагласува важноста од независноста на судството, вклучително и преку зајакнување на Судскиот совет, во согласност со препораките и мислењето од мисијата за…

Read More

Бугарските европратеници денеска испратија заедничко писмо до своите колеги во Европскиот парламент во кое го осудија палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје. Опишувајќи го инцидентот како подмолен и намерен чин на агресија мотивран од омраза, во писмото тие оценуваат дека не се работи само за кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија заштитена според меѓународното право. Тие додаваат дека со инцидентот се доведува во прашање способноста на властите во Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со нивните меѓународни обврски.   „Ваквите акти не произлегуваат од ништо – тие…

Read More

Камион истури стотици литри дизел-гориво на автопат во централна Германија, откако неговиот возач изгубил контрола врз возилото на влажен коловоз, соопшти германската полиција, а пренесува ДПА. Педесет и двегодишниот возач синоќа се движел со брзина несоодветна на условите на патот по автопатот А4 во близина на гратчето Бад Херсфелд во покраината Хесен, кога ја пробил заштитната ограда и го оштетил резервоарот во кој имало околу 600 литри дизел-гориво. Разнесено од дождот и од возилата што минувале понатаму, горивото го покри коловозот и претвори делница долга околу 100 метри во опасна и лизгава зона, соопшти полицијата. Властите привремено го затворија тој…

Read More

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ во авторство на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска, објавена на феминистичката платформа meduza.mk е меѓу сториите наградени со „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштијата. -Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето традиции, таа во својот корен негува начело на нееднаквост кое единствено опстојува во нашите ограничени перцепии за тоа што заслужуваат жените од своите семејства и колективи. Освен што се работи за блатантна дискриминација,…

Read More

„Јас не би избрзувал со какви било квалификации од страна на нашиот источен сосед, но она кое сакам да го кажам е дека најсилно го осудуваме како Влада и во рамки на законските ингеренции што ги имаме ние така и ќе постапиме“, рече премиерот прашан да ги коментира изјавите на бугарските власти во врска со инцидентот Очекувам дека ќе биде расветлено сè она што е во заднина на случајот со палењето на двете дипломатски возила на Амбасадата на Бугарија во Скопје – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го инцидентот што пред два дена се случи во центарот на главниот…

Read More

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) во Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа на српската нафтена компанија НИС, како и лиценцата за преговори на унгарската компанија МОЛ до 1 јули 2026 година. Од НИС соопштија дека продолжената лиценца ѝ овозможува на компанијата да продолжи со работењето и да учествува во договори што се однесуваат на неа или на нејзините оперативни друштва. Ова го вклучува и работењето на рафинеријата, увозот на сурова нафта, спроведувањето трансакции неопходни за техничка реализација и за сигурноста на снабдувањето, како и финансиските операции. Истовремено, МОЛ може да ги продолжи преговорите со…

Read More

Наследувањето на имот од страна на жените во нашата држава е толку ретко, што низ времето се проткајува како народна пракса која речиси и да не се доведува под знак прашалник. Како и повеќето традиции, така и оваа, во својот корен негува начело на нееднаквост кое единствено опстојува во нашите ограничени перцепии за тоа што заслужуваат жените од своите семејства и колективи. Освен што се работи за блатантна дискриминација, темата за имотните права на жените, задира длабоко во родовата нееднаковост, како во личното, така и во политичкото.   Откако ја прочитавме статистиката за големата дискрeпанца во сопствеништвото на недвижен имот,…

Read More

Со доаѓањето на летните температури повторно се актуализираат проблемите со јавниот превоз во Скопје. Автобуси на ЈСП се расипуваат на улиците, од нив излегува чад, а во одредени случаи се забележува и истекување течности, што кај дел од граѓаните предизвикува страв за безбедноста при користење на јавниот превоз. Ова не е нов проблем. Скопјани со години се соочуваат со истиот предизвик, особено во текот на летните месеци кога високите температури дополнително го оптоваруваат стариот возен парк. Видеа снимени изминатата недела покажуваат автобуси во дефект на различни локации низ главниот град, потсетувајќи на проблемите кои речиси секое лето се повторуваат. Од…

Read More

Вистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на Маја Борозан. Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата – тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште – за гола егзистенција. Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат. Болните од ретки…

Read More

Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во руски напади врз источна Украина, соопштија локалните власти. Обвинителството во Доњецка област соопшти дека три лица загинале, а пет биле повредени во нападите врз градот Славјанск, кој е дел од главната одбранбена линија на украинските сили во регионот Донбас. Со напади извршени со беспилотни летала бил нападнат и градот Запорожје, при што најмалку едно лице загинало, а седум биле повредени. Раководителот на Запорошката областна воена администрација, Иван Федоров, изјави дека во нападот избувнал пожар во станбена зграда и во трговски центар. Според него, оштетена е и една образовна установа во Запорожје.…

Read More

Грижата за најранливите категории граѓани мора да стане еден од главните приоритети на државата, порача Маја Борозан од Форумот на жени на СДСМ на денешната прес-конференција, на која беа претставени дел од мерките од платформата „Твоја држава, твоја шанса“. Според Борозан, самохраните родители, лицата со попреченост, граѓаните со ретки болести, жртвите на насилство и работниците со ниски примања се соочуваат со сериозни предизвици и недоволна институционална поддршка. „Денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка. Тие секојдневно водат битка за достоинствен живот, за своите деца, за покрив над глава и за основна егзистенција“, истакна Борозан.…

Read More