Автор: Press Online

Извештајот на ЕК не е ништо ново и неочекувано и просто не предизвикува внимание од едноставна причина што ние реално уживаме во овој амбиент во кој живееме и не сакаме ништо да смениме. Ако се чита извештајот на ЕК меѓу редови, главните забелешки се во тоа што нема напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата, слободата на медиумите, здрава и пристојна животна средина. Политичкиот услов со Бугарија е само дел од проблемот за почеток на преговорите и тој услов нема никакво значење доколку не сме спремни да испорачаме резултати во борбата против корупцијата, владеењето на правото и се друго…

Read More

Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова-Чамова денеска изјави дека Софија не поддржува воведување на симболични санкции од Европската Унија кон рускиот патријарх Кирил. – Бугарскиот став е јасен, ги поддржуваме санкциите против Русија, кои имаат економски ефект, со кои не се казнуваат земјите-членки туку земјата која води војна и кои не се симболични, посочи Петрова-Чамова. Таа додаде дека ако се воведат санкции против рускиот патријарх Кирил ќе се создаде „плодна почва за антиевропска пропаганда“ сугерирајќи оти Европа се меша во црковните работи. Бугарската министерка за надворешни работи истакна дека има низа елементи од санкциите на Европска Унија што Бугарија не…

Read More

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент (ЕП), австрискиот европратеник Томас Вајц, во интервју за телевизијата „Канал 5“ изјави дека жали што билатералните прашања меѓу Скопје и Софија станаа дел од извештајот за напредокот на Македонија во ЕП. Вајц, како што вели, не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите поврзани со билатералниот спор. Тој оценува дека таквите прашања не требало да бидат внесени во документ што треба да го мери европскиот напредок на земјата. Изјавата доаѓа откако Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија со 411 гласа „за“, 120 против и 120 воздржани. Иако документот формално е извештај за напредокот на…

Read More

Премиерот на Индија, Нарендра Моди денеска побара од американскиот претседател Доналд Трамп во мировниот договор со Иран да се гарантира безбедноста на индиските морнари. Барањето на Моди уследи откако пред неколку дена во американски напад врз комерцијален брод во близина на брегот на Оман загинаа тројца Индијци. – Стотици илјади индиски морнари работат на светските океани во бродската индустрија и сметам дека нивната безбедност е од најголема важност, посочи Моди. Тој истакна дека клучно за глобалната економија е Ормуската Теснина да биде отворена.

Read More

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против пет лица од Скопје поради сомнение дека сториле кривично дело „терористичка организација“. Како што соопшти МВР, пријавени се Ј.К. (30), Ј.М. (22), М.Т. (23), Р.К. (23) и Г.М. (34), сите од Скопје. Постапката е поведена врз основа на претходно добиени сознанија и информации од меѓународни партнери, а акцијата била реализирана во координација со Агенцијата за национална безбедност и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според истрагата, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет-медиумски канал и група во која членувале останатите пријавени. Во текот на 2025…

Read More

На улицата Јуриј Гагарин 33, спроти „Homax“ и Vero, по втор пат паѓа голем дел од фасада на станбена зграда, пренесува Сител Првиот инцидент се случил на 9 јули 2025 година, а сега повторно паднал дел од фасадата. Граѓаните предупредуваат дека на објектот сè уште има оштетен дел кој претставува опасност да падне и да ги загрози минувачите.

Read More

  Лидерите на Г7, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, поддржаа заедничка декларација со која се ветува зголемување на воената поддршка за Украина и зајакнување на санкциите против Русија.   „Ние, лидерите на Г7, сме обединети во нашата непоколеблива поддршка за Украина во одбраната на нејзината слобода, суверенитет и територијален интегритет“, рекоа тие во декларацијата објавена во средата кратко по полноќ. Лидерите на Г7 „се обврзуваат да го зголемат притисокот врз руската воена економија“ и да ги „зајакнат нашите санкции, вклучително и оние врз нафтениот и гасниот сектор“, рекоа тие.   Декларацијата го именува Трамп три пати, велејќи дека…

Read More

Обвинителството во Милано денеска соопшти дека италијанската полиција запленила „значајни“ докази при претресот на домот на еден од четворицата Италијанци, против кои се води истрага за учество во „Сараево сафари“. Помеѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Александрија, со техничка опрема и придушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочењата на неговата поранешна сопруга и поранешна партнерка. Поранешната партнерка на осомничениот изјавила дека тој имал ноќни кошмари бидејќи во 90-тите години од минатиот век убивал муслимани во Босна и Херцеговина. – Ми кажа дека знаел да отпатува од Милано со авион, во кој имало…

Read More

Уставните судии денеска ја укинаа одлуката од 2007 година со која во Тетово се изврши преименување на повеќе улици и на градскиот плоштад. Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Судот пред неколку месеци поведе постапка со образложение дека тогашниот Совет на Општината не добил согласност од Владата иако тоа го предвидува законот за определување улици, плоштади и други инфраструктурни проекти. Како резултат на тогашната одлука на советниците, плоштадот во Тетово од Маршал Тито беше преименуван во „Илирија“, а беа сменети и улиците „Радован Цониќ“, „Иво Рибар Лола“, „29 Ноември“. Иницијативата пред Уставниот суд ја поведе Сојузот на борците на НОБ…

Read More

Коринтскиот канал, што го дели полуостровот Пелопонез од континентална Грција, од денеска е повторно отворен за пловидба во пресрет на туристичката сезона, а по речиси осум месеци работа за санација на косините и заштита од одрони, јави дописничката на МИА од Атина. Коринтскиот канал најчесто во текот на зимскиот период е затворен за пловидба и се изведуваат работи на косините на каналот за да се избегнат одрони, а од надлежната компанија соопштија дека е постигнат значителен напредок на работите за санација на критичниот дел од проектот. – Имајќи ја предвид важноста на каналот за пловидбата, туризмот и локалната економија во…

Read More

  Влијателната агенција Блумберг го објави попладнево целосниот нацрт на договорот меѓу САД и Иран, со што овој документ повеќе не е само неофицијално „испитување на теренот“. Текстот од 14 точки што го објави Блумберг е целосно, збор по збор, идентичен со нацртот што вчера ексклузивно го објави арапската телевизија Ал Арабија. Оваа потврда од врвот на западното финансиско и политичко новинарство ги отстранува сите сомнежи за автентичноста на документот и дефинитивно докажува дека Вашингтон и Техеран имаат во свои раце договорен текст што фундаментално ја менува геополитичката архитектура на Блискиот Исток. Покрај потврдувањето на автентичноста, Блумберг донесува и специфични…

Read More

Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД „Енергија Центар“ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и само одржливост, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, што се одржа во организација на Фајненс Тинк. Тој нагласи дека стратегијата, поттикната од енергетската криза, веќе дава конкретни резултати преку реални инвестиции во училиштата и јавната инфраструктура. Покрај реализираните фотоволтаични системи во ООУ „Киро Глигоров“, посочи Герасимовски, Општина Центар планира нови системи во ООУ „Коле Неделковски“…

Read More