НАЈНОВО
Автор: Press Online
Грижата за најранливите категории граѓани мора да стане еден од главните приоритети на државата, порача Маја Борозан од Форумот на жени на СДСМ на денешната прес-конференција, на која беа претставени дел од мерките од платформата „Твоја држава, твоја шанса“. Според Борозан, самохраните родители, лицата со попреченост, граѓаните со ретки болести, жртвите на насилство и работниците со ниски примања се соочуваат со сериозни предизвици и недоволна институционална поддршка. „Денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка. Тие секојдневно водат битка за достоинствен живот, за своите деца, за покрив над глава и за основна егзистенција“, истакна Борозан.…
Бугарската фондација „Македонија“ најави двочасовна блокада на граничните премини со Македонија во недела, по инцидентот со запалените возила пред Бугарската амбасада во Скопје.
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, го оцени како дипломатска победа на Иран рамковниот договор со САД што в петок треба да биде потпишан во Швајцарија. „Не смееме да ја пропуштиме оваа можност, што може да и помогне на земјата да излезе од сегашната состојба“, изјави Пезешкијан, додавајќи дека станува збор за ретка шанса што можеби никогаш повеќе нема да се повтори. Пезешкијан, кој важи за политичар со умерени ставови, повеќепати се заложи за дипломатско решение на спорот меѓу Иран и САД. Тој изрази надеж дека рамковниот договор ќе придонесе за решавање на многу проблеми со кои се соочува земјата и ќе…
Во малото грчко село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонски идентитет, нашата земја стана членка на НАТО, а се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед. Договорот беше постигнат по неколкумесечните интензивни преговори меѓу двете земји, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, кај нас СДСМ, а го потпишаа тогашните…
Сенатот на САД по деветти пат последователно ја блокираше Резолуцијата предложена од демократите, со која се бара прекин на воените дејствија против Иран се додека не биде добиено соодветно одобрение од Конгресот. Сенатот со 48 гласа „за“ и 47 „против“ изгласа блокирање на Резолуцијата, која се повикува на Законот за воени овластувања. Според тој закон, Белата куќа има рок од 60 дена да побара одобрение од Конгресот за воени операции по наредба на претседателот. Администрацијата на Доналд Трамп тврди дека воените дејствија против Иран завршиле на 8 април. Републиканските сенатори Бил Кесиди, Сузан Колинс, Лиса Мурковски и Ранд Пол заедно…
Грција ги поскапе автопатиштата за 20 отсто, Албанија наплаќа главно на една точка, додека во Црна Гора преминот низ Созина чини 2,5 евра. Планирањето на летниот одмор за македонските туристи годинава бара прецизна математика за патните трошоци. Трошокот за патарини до Грција Албанија и Црна Гора покажува сериозни разлики на наплатните станици. Додека дел од соседните земји ги зголемија цените на автопатиштата за околу 20 отсто, други сè уште наплаќаат само на специфични тунели и патни делници. Грчките автопатишта со поскапување од 20 отсто од јануари Грција ја започна летната сезона со повисоки цени за користење на патната мрежа. Најкористениот…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Лав XIV, го поздрави привремениот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија на Блискиот Исток. Папата, кој е роден во САД, изрази надеж дека договорот што е предвидено да биде потпишан в петок, ќе стави траен крај на конфликтот. Тој претходно упати критики за војната против Иран, што предизвика реакции од американскиот претседател Доналд Трамп. „Се уште има неколку прашања што треба да се решат, но секогаш е подобро тоа да се направи преку дијалог и преговори, наместо преку враќање кон војна“, изјави папата пред својата резиденција во Кастел Гандолфо. „Се надевам…
САД соопштија дека ќе издвојат милијарда долари за хуманитарна помош и помош при катастрофи за УНИЦЕФ и Светска програма за храна. Средствата се наменети за поддршка на активности за спасување животи во повеќе од 40 земји, соопшти американскиот Стејт департмент. Според соопштението, повеќе од 800 милиони долари ќе бидат доделени на Светската програма за храна, додека УНИЦЕФ ќе добие над 218 милиони долари. Информацијата доаѓа еден месец откако САД соопштија дека ќе обезбедат 1,8 милијарди долари за Обединетите нации. Во декември, администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави финансирање од две милијарди долари. Пред Трамп да ја преземе функцијата, американските финансиски…
Претставникот на СДСМ, Кристијан Дојчиновски, на прес-конференција упати директен повик до Јавното обвинителство, прашувајќи уште колку докази се потребни за институциите конечно да започнат истрага за, како што рече, криминалните тендери во земјава. Дојчиновски информираше дека досегашниот антикорупциски тим на опозициската партија успеал да разобличи сложена тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Според неговите обвинувања, едни исти омилени фирми на власта во континуитет добиваат милионски договори низ државните институции и општините кои се под директна контрола на ВМРО-ДПМНЕ.Како конкретен пример за оваа шема, од опозицијата излегоа со точни бројки за доделените јавни набавки. Дојчиновски посочи дека компанијата „Ленди Груп“…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за централниот дневник на телевизијата АЛСАТ-М упати остри критики до претходната владејачка коалиција, нагласувајќи дека СДСМ и ДУИ потпишале чиста капитулација со прифаќањето на бугарските барања. Премиерот категорично порача дека неговата Влада нема намера да попушти под какви било уцени и дека позицијата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ по однос на стратешките прашања останува цврста и непроменета.Во своето телевизиско гостување, Мицкоски јасно ги дефинираше трите клучни пораки на кои се темели актуелната државна политика. Како прва и најважна порака, тој подвлече дека уставни измени без согласност и учество на ВМРО-ДПМНЕ нема да има.…
Додека случајот „Мазут“ со месеци беше една од најекспонираните истраги во јавноста, едно прашање остана речиси незабележано зошто компанијата од која потекнувал речиси целиот мазут што бил предмет на истрагата воопшто не беше опфатена со постапката?Околу 99 проценти од мазутот кој бил испорачуван преку РКЕ за потребите на ТЕЦ Неготино бил набавен токму од ОКТА но и покрај тоа, компанијата не беше меѓу субјектите кои беа предмет на истражните дејствија во случајот што го водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Причината можеби лежи во фактите кои произлегуваат од самата истрага. Имено, во текот на постапката не беше утврдено дека…
