Автор: Press Online

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик. На 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил…

Read More

Владата денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи, информира владиниот портпарол Венера Љатифи Азизи. Нагласи дека воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. -Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и…

Read More

Откако вчера беше пронајдено безживотно тело на 20-годишно момче кај „Машка плажа“ на Охридското Езеро, градоначалникот на Струга, Менди Ќура, до Советот достави иницијатива за усвојување предлог-одлуки за зголемување на безбедноста на плажи. Со оваа одлука, според градоначалникот, би се намалила узурпацијата на плажите, каде луѓе што стопанисуваат со нив често не плаќаат надоместоци и не преземаат соодветни мерки за безбедност на посетителите. „Предложив одлука со која ќе се забрани движење и паркирање на педалинките на плажите“, посочи градоначалникот. Тој смета дека голем дел од овие педалинки се пуштаат нелегално, без да се издаваат фискални сметки за нив.

Read More

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе индонезискиот остров Сулавеси, соопшти Националната метеоролошка и геофизичка служба на Индонезија. Според податоците на државната Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 42 километри југоисточно од градот Палу, на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета, а надлежните власти соопштија дека нема опасност од цунами. Последниот посилен земјотрес на островот Сулавеси беше регистриран во април годинава, со магнитуда од 5,9 степени. Тогаш епицентарот се наоѓаше на 142 километри источно од градот Манадо, кој има околу 451…

Read More

Известувачите на Европскиот парламент за пет земји од Западен Балкан ги презентираа нацрт-резолуциите на годишните извештаи на Европската комисија за напредокот во нивниот европски пат.   Извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија и Црна Гора беа претставени од известувачите за време на денешната дебата на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и други европратеници кои претставуваат различни политички групи во Европскиот парламент.   Известувачот за Република Северна Македонија, Томас Вајц, рече дека регионот на Западен Балкан бил и продолжува да биде „поле за…

Read More

Осудениот на 1 година затвор екс градоначалникот Стевче Јакимовски кој тврди дека пресудата е политичка нарачана од Мицковски и ВМРО ДПМНЕ и денеска јавно протестираше против како што тврди неправдата која му е нанесена од политички мотиви. Јакимовски денеска со видео изјава пред Белата палата – партиско седиште на владеачката ВМРО ДПМНЕ обвини дека терасата на палатата е изградена на диво во време кога имале апсолутна власт и наместо тие да одговараат кривично обвинуваат други за таква злоупотреба.

Read More

  Руски воен брод испука предупредувачки истрели на неколку стотини метри од британска јахта за забава што пловеше преку Ла Манш во вторник наутро, во период на зголемени тензии меѓу Лондон и Москва. Реткиот инцидент се случил во 11,40 часот наутро, на 35 километри јужно од островот Вајт и помалку од 50 километри северно од Нормандија, Франција, кога јахтата, идентификувана како приватниот брод „Светла иднина“, пловела близу до „Адмирал Григорович“ и игнорирала барем едно предупредување. Британски извори изјавија дека првичните индикации биле дека руските морнари испукале повеќе од еден истрел откако јахтата се приближила до тешко вооружената фрегата. „По обидите…

Read More

  Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила, доброволците од ДПД Бабуна, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес. Опожарена е површина обрасната со сува трева и нискостеблеста деградирана…

Read More

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски смета дека македонското општество се соочува со сериозна дезориентираност и пад на довербата во иднината, што според него создава дополнителни проблеми за развојот на демократијата. Во гостување во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ, објави 4news.mk мк, Ордановски оцени дека во услови на општествен песимизам тешко може да се очекува нормално функционирање на демократските процеси. „Македонското општество е прилично дезориентирано, опадната е вербата во иднината, а да градите демократија со песимизам е еден од клучните проблеми“, изјави Ордановски. Тој посочи дека иако денес изгледа дека сè е достапно и јавно, сепак многу важни процеси остануваат надвор од…

Read More

Потпишувањето на рамковниот договор помеѓу Иран и САД за завршување на војната на Блиски Исток ќе биде организирано во планинското одморалиште Биргеншток, централна Швајцарија. – Во оваа фаза, потпишувањето е закажано за петок, 19 јуни во Биргеншток, во кантонот Нидвалден. Местото го предложија пакистанските и катарските медијатори, како и САД и Иран, се наведува во соопштението на швајцарското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се истакнува дека швајцарското МНР е во близок контакт со САД, Иран, Пакистан и Катар.

Read More

Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги обедини луѓето од Македонија, Албанија и Грција. Традиционалниот фестивал Meet Prespa продолжува и годинава. Богата програма, многу забава, храна и култура која ги спојува трите држави, Северна Македонија, Албанија и Грција. Преспа и годинава ќе биде пример за Балканот, Европа и светот за тоа како различностите нѐ обединуваат.Се гледаме на трети јули. Кликнете на фотографијата во продолжение за да ја видите објавата на meetprespaproject.

Read More

Српската влада потпиша договор со унгарски МОЛ за идното управување со Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој, под услов МОЛ успешно да го откупи уделот на Газпромнефт во НИС, ќе ѝ овозможи на унгарската компанија да стане мнозински сопственик на нафтената компанија и да обезбеди нејзин понатамошен развој и снабдување на Србија со нафтени производи. Договорот доаѓа на денот кога истекува рокот што американските финансиски власти (OFAC) им го поставија на унгарската и руската страна да постигнат договор за преземање на 56,1 процент од акциите во НИС во сопственост на Русија, кои се опфатени со санкциите на САД врз рускиот…

Read More