Автор: Press Online
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди. По преземени мерки, во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот. За настанот…
Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите на самитот на Г7 во Евијан, Франција, изјави дека имал „многу добра средба“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава и дека ќе се сретне повторно денеска попладне. „Видете, Русија треба да склучи договор. Русија изгуби огромен број луѓе, а истото и Украина. Минатиот месец, тие изгубија 35.000 војници меѓу нив; тоа е на месечна основа. Просечно имаат по 25.000 луѓе, претежно војници, млади, убави луѓе, и лудо е што се случува таму. Но, имавме состанок и ќе видиме… Разговарав со претседателот Путин во неделата“. Тој вели дека има „многу несогласување меѓу…
Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово се очекува да отвори речиси 500 работни места – објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференцијата во Владата, инвестицијата вредна 20-21 милион евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат во нашата економија. – Станува збор за браунфилд-инвестиција, која ќе почне со закуп на постоен објект од 8.000 квадратни метри, а капацитетите ќе се прошируваат до 21.000 квадратни метри до 2028 година. До…
ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција одговори на обвинувањата на Стевчо Јакимовски, порачувајќи му дека кривичната пријава против него била поднесена во периодот кога на власт бил СДСМ. Во партиското соопштение Јакимовски е наречен „лице кое се наоѓа на црната листа на САД“, а од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека тој сè уште не може да се помири со изборниот пораз во Карпош. „Лицето Стевчо Јакимовски, кој е дел од црната листа на САД, сè уште не може да се помири со фактот дека ги загуби изборите во Карпош, па секојдневно се занимава со ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата. Од партијата му препорачуваат, како…
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вчера изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп води истрага против него и неговата сопруга, обвинувајќи го претседателот за политичка одмазда. „Доналд Трамп не ме таргетираше само поради моите остри објави на социјалните мрежи“, рече Њусом во соопштение објавено на мрежата Икс. Тој додаде дека Трамп го таргетирал затоа што размислувал да се кандидира за претседател. Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија соопшти дека федералните агенти контактирале со повеќе од десетина луѓе и организации поврзани со Њусом и неговата сопруга, Џенифер Сибел Њусом, вклучувајќи ги и поранешните вработени. Судските покани и интервјуата опфаќале настани што…
Европската комисија доби гаранции од албанската влада дека ќе се спроведе целосна проценка на влијанието врз животната средина и дека ќе се почитуваат европските еколошки стандарди, изјави комесарката за проширување Марта Кос, коментирајќи ги неодамнешните случувања околу проектот поврзан со Џаред Кушнер. Според Кос, овој проект, како и сите тековни проекти, мора да бидат во согласност со законската рамка и критериумите според Поглавје 27 за животна средина. Таа додаде дека ситуацијата ќе треба целосно да се разјасни пред да може да се затвори поглавјето, а неговото затворање моментално е планирано за крајот на 2027 година. Таа додаде дека улогата…
Додека Владата води разговори со десетина странски компании за инвестиции вредни до 300 милиони евра, една од најголемите веќе постоечки инвестиции во земјата со години чека разврска. Станува збор за проектот „Иловица-Штука“, чија вредност се проценува на повеќе од 340 милиони евра. Во услови кога ММФ препорачува фискална дисциплина и нови извори на приходи, се поставува прашањето дали Македонија може да си дозволи да држи во место инвестиција која има потенцијал да го зголеми извозот и економската активност. Според оценката на Извршниот одбор на ММФ, македонските власти треба да спроведуваат мерки за да го задржат дефицитот на проектираното ниво. Дополнително,…
Фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје го доби тендерот за одржување на фонтаните во Скопје. Станува збор за фонтани на 7 локации во градот Скопје, меѓу кои и фонтаната џампинг џет на Плоштадот, фонтаните кај црквата Пресвета Богородица и фонтаната на Паднатите херои спроти Собрание. Овие фонтани се обраснати со трева, полни се со ѓубре, смрдат на измет, велат од Левица. „Ниту се одржуваат, ниту работат! Битно се потрошени 500 илјади евра! Исто така и малите фонтани за пиење вода се со слична приказна – голем дел од нив не работат, а оние што работат пливаат во вирчиња од сите страни, па…
Црна Гора привремено го затвори поглавјето 2 (Слобода на движење на работниците) и поглавјето 28 (Заштита на потрошувачите и здравјето), обете дел од Групата 2, на Меѓувладината конференција што се одржа вчера во Луксембург. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека Црна Гора напредува со голема брзина. Според неа, затворањето на двете поглавја ги покажува опипливите придобивки од членството во ЕУ, вклучувајќи поголеми можности за граѓаните, полесен пристап до вработување и посилна заштита на потрошувачите и здравјето. „Европската комисија има намера да одобри финансиски пакет за Црна Гора следната недела. Овој пакет ќе покаже како ќе го адаптираме буџетот…
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. „Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ“, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките преговори. Во интервју за телевизијата „Ен-Би-Си“, Венс истакна дека на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „безусловно“ ќе треба да им биде дозволено да се вратат во Иран,…
Од ДУИ реагираат за обвинувањата од ВЛЕН за автопатот Скопје – Блаце. Од партијата на интегративците велат дека секогаш кога нема резултати, од ВЛЕН се користат со обвинувања и клевети. „Денешното обвинување на ВЛЕН дека ДУИ реагирала за автопатот Скопје–Блаце поради интереси поврзани со земјиште не е само клевета. Тоа е најдобриот одраз на политичкиот менталитет на Изет Меџити. Луѓето обично ги судат другите според себе. Затоа, кога ќе слушнат за стратешки проект, нивната мисла веднаш оди кон парцели, имот, профит и приватни интереси. Наместо да одговори зошто проектот беше одложуван речиси две години, зошто се разговараше за негово деградирање…
Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер „Б-52“ загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД. „Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци“, изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција. Тој посочи дека надлежните се во процес на известување на семејствата на жртвите и дека дополнителни информации за загинатите ќе бидат објавени по завршувањето на таа постапка. Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека двајца од загинатите биле вработени во компанијата. Хејс изјави дека летот, кој полетал доцна…
