Автор: Press Online

Девет лица, од кои пет во Харков и четири во Киев, загинаа во руски ракетни напади извршени во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните власти. Во нападите сериозно е оштетена и Киевско-печерската Лавра, манастир заштитен како светско културно наследство на УНЕСКО. Според информациите, по нападот избувнал пожар во комплексот. „Суров напад врз нашиот народ и нашето наследство. Ова е вистинското лице на руските православни вредности“, напиша украинската премиерка, Јулија Свириденко, на социјалната мрежа „Икс“. Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, соопшти дека во нападот биле погодени електроенергетски објекти, поради што околу 140 илјади жители останале без електрична енергија. Пожари избувнале и…

Read More

Во францускиот град Евијан-Ле-Беин на Женевското Езеро денеска започнува Самитот на групата Г-7, на кој ќе се дискутира за конфликтот со Иран, војната во Украина, глобалните економски нерамнотежи и брзиот развој на вештачката интелигенција. На тридневниот состанок учествуваат лидерите на САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија. Очекувањата се дека Г-7 ќе се обиде да покаже единство во поддршката за Украина. Европските членки на Г-7 ќе настојуваат да го убедат американскиот претседател, Доналд Трамп, дека позицијата на Украина е зајакната и дека Европа се повеќе го носи товарот на воената и финансиската поддршка. Во фокусот ќе биде и…

Read More

  Високите претставници на ЕУ во понеделник го поздравија договорот меѓу САД и Иран за завршување на војната на Блискиот Исток, велејќи дека Европа е подготвена да придонесе за „траен мир“. „Се радувам на крајот на оваа скапа војна и на целосно враќање на слободата на пловидба во Ормускиот теснец“, напиша Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет на Икс. „Оружјето сега мора да замолчи“, повика Кошта, велејќи дека „Европската унија е подготвена да придонесе за унапредување на сеопфатна стратегија за траен мир низ целиот Блиски Исток“. САД и Иран соопштија дека постигнале договор за завршување на војната на Блискиот Исток…

Read More

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од јужен Либан, по објавувањето на прекинот на огнот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, што наводно вклучува и крај на борбите против Хезболах. „Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас имаме јасна политика дека Израелските одбранбени сили ќе останат во безбедносните зони во Либан, Сирија и Газа, на неодредено време, за да ја заштитат границата и израелските заедници од таму од џихадистички елементи“, рече Кац во соопштението. Кац додаде дека овие безбедносни зони ќе бидат „исчистени од локалното население, а целата терористичка инфраструктура, над и под земјата, вклучувајќи…

Read More

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со реализацијата на кредитната линија за поддршка на стопанството и најновите економски показатели, најави дека е заокружена исплатата на средствата наменети за домашните претпријатија. Мицкоски информираше дека минатата недела се префрлени околу 120 милиони денари, со што вкупната сума распределена од почетокот до денес изнесува 230 милиони евра. Станува збор за средства кои во јавноста се познати како дел од унгарскиот кредит, а премиерот подвлече дека Владата, покрај привлекувањето на странски директни инвестиции, останува силно посветена на поддршката на домашните претприемачи, индустрија и економија, соопштуваат од Владата.Кредитната линија се реализира…

Read More

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека рускиот напад врз Киев-Печерската лавра е споредлив со бомбардирањето на париската катедрала Нотр Дам. „Ова е место под заштита на УНЕСКО, што за нас во Франција е исто како да биле бомбардирани Нотр Дам или базиликата Сен Дени. Сосема неприфатливо“, рече Баро по пристигнувањето во Луксембург на состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија. ❗️🇺🇦 Just a horror: this is what Kyiv-Pechersk Lavra looks like now. pic.twitter.com/KMUZOOs4ga — The Ukrainian Review (@UkrReview) June 14, 2026 Четири лица беа убиени во нападите врз Киев, додека уште пет спасувачи ги загубија…

Read More

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево, како и за експресен пат Радовиш-Струмица.Според Николоски, овие инвестиции ќе придонесат за рамномерен развој низ сите региони.„Експресниот пат Куманово -Страцин е дел од Планот за раст со Европската Унија, ќе има и ИПА компонента, така што очекувам до следната година заедно со Европската Унија да…

Read More

По низата објавени информации за тендерски скандали вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти компании добиваат милионски договори од институциите и општините под контрола на власта, АКТ на СДСМ денеска објави нова бомба која открива уште еден аспект од целата бизнис-шема. Покрај истите фирми кои ги добиваат јавните набавки, во десетици проекти низ државата постојано се појавуваат и истите компании за надзор и проектирање, создавајќи затворен круг на фирми кои профитираат од јавните средства.„Случајно е тоа што едни исти фирми добиваат тендери и едни исти омилени фирми вршат надзор и проектирање? Ништо не е случајно. Сè е бизнис-шема…

Read More

  Русија тврди дека не го нападнала историскиот манастир Печерска Лавра во Киев во ноќен напад врз воени фабрики во украинскиот главен град и дека ракета за воздушна одбрана „Патриот“ произведена во САД го оштетила религиозниот објект. „Вооружените сили на Руската Федерација не планираат ниту извршуваат напади врз цивилна инфраструктура“, се вели во соопштението на руското министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс. „Една можна причина за дефектот на овој систем може да биде тоа што западните земји го снабдувале режимот во Киев со ракети чиј рок е истечен“, се додава во соопштението.

Read More

На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак пожарот на градската депонија во Демир Хисар е ставен под контрола. Изгаснати се 11 пожари на различни локации во државата. Целосно се изгаснати пожарите во Општина Бутел на Љуботенски пат, во Општина Зелениково на патот кон Страхојадица, во Општина Гази Баба во село Булачани, во…

Read More

Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во интервју за централниот дневник на Алсат-М телевизија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања. Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на тие барања и изнесе три пораки во врска со актуелната политичка состојба. – Јас испраќам генерално три пораки. Првата порака е дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема. Политичарите од опозицијата можат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет и државност, и тоа е она кое што го избрале,…

Read More

Унгарскиот парламент го одобри уставниот амандман со кој на премиерите им се овозможува да ја извршуваат функцијата најмногу осум години, со што на поранешниот премиер Виктор Орбан практично му се забранува повторно да ја извршува функцијата. Премиерот Петер Маџар го собори Орбан на изборите во април по 16 години на власт, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот што ѝ дозволува на неговата партија да ги поништи или менува законите донесени од Фидес на Орбан, вклучително и уставот. Во амандманот се наведува дека за премиер не може да биде избран секој кој претходно бил премиер најмалку осум години. Ова се однесува на…

Read More