Автор: Press Online
Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. – Доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство, а од преземените мерки, утврдено е дека се работи за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Командантот на украинските беспилотни воздушни системи, Роберт Бровди, вети дека ќе го „изолира Крим“ во блиска иднина, а неговите подредени ги зголемуваат нападите врз федералниот автопат „Новоросија“ што води до полуостровот. Беспилотните летала со среден дострел се користат и за прекинување на снабдувањето со оружје, гориво и опрема за единиците на фронтовската линија. Според потврдените видео снимки, украинските вооружени сили извршиле најмалку 375 напади врз камиони, цистерни за гориво и други возила на окупираните територии од мај, објавува „Фајненшeл тајмс“. Повеќе од половина од овие напади, според францускиот аналитичар за отворен код Клеман Молин, се случиле на автопатот „Новоросија“,…
Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Бугарија остро го осуди палењето на два автомобила соственост на амбасадата на оваа земја во Скопје оценувајќи дека станува збор за „демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животот на вработените во дипломатското претставништво“. Во првата реченица од бугарското МНР се наведува дека дипломатските возила, околу пладне, биле запалени од непознато лице. Оттаму велат дека штетата ќе била значително поголема ако немало навремена реакција од бугарскиот конзул кој интервенирал со апарат за гаснење пожар. Од бугарското МНР бараат брзо и фер спроведување на истрагата. Нагласуваат дека овој напад не е изолиран…
Украина и Молдавија ќе ги отворат в понеделник преговорите во Луксембург во првиот преговарачки кластер поврзан со основните права и правдата, а Црна Гора ќе ги затвори преговорите во две поглавја, објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Европската Унија направи голем чекор напред. Сите земји-членки се согласија да се отвори првиот кластер за преговори за пристапување со Украина и Молдавија“, рече Кошта. Првиот кластер за преговори вклучува пет поглавја: поглавје 5 Јавни набавки, поглавје 18 Статистика, поглавје 23 Правда и основни права и поглавје 24 Правда, слобода и безбедност. Овие поглавја се ‘рбетот на процесот на пристапување и се…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека трговските бродови почнале да се движат низ Ормуската Теснина, а платформата „Морски сообраќај“ наведе дека бродовите уште се во мореузот. Трамп тврди дека бродовите се движат по „јужниот автопат“, кој, според него, е целосно безбеден и заштитен. Неговата објава е пред најавеното потпишување меморандум за разбирање помеѓу Техеран и Вашингтон, што е предвидено да се одржи в петок во Швајцарија. Документот предвидува целосно отворање на Теснината, деблокирање на иранските пристаништа и укинување на санкциите за иранската нафта заедно со истовремено прекинување на сите воени активности…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при што беше извршено опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот – се додава во реакцијата.
Додека на последниот ден од учебната година, група ученички се прскаа со вода во дворот на чаирското основно училиште „Исмаил Ќемали“, на само 50 метри од нив, заклучен беше новиот училиштен базен. Децата знаеја дека има базен, ама не знаеја кога, како и дали воопшто ќе може да го користат. „Имаме уште една година школо, од септември можеби ќе ни го дадат да го користиме“, малку збунето забележаа две осмоодделенки. Базенот свечено беше отворен пред две недели, со доцнење од една и пол година, кое било толерирано од општината. Згора на тоа, како што во своето последно истражување открива Центарот…
Европската унија денеска ќе го помести во следната фаза обидот на Украина за членство по долго одложување. Заедно со Украина министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат зелено светло за почеток на преговорите по кластери со Молдавија. А се очекува да бидат привремено затворени уште две поглавја во преговорите со Црна Гора. Напредокот на Украина беше заглавен околу две години, бидејќи националистичкиот лидер на Унгарија, Виктор Орбан, стави вето на целиот напредок, но неговиот изборен пораз од ривалот Петер Маѓар во април го отвори патот. „Ова е признание за решителноста, храброста и напорната работа што ја покажаа двете…
Полицијата трага по непознат напаѓач, кој денеска подметна пожар на возила на бугарската Амбасада во центарот на Скопје. Според засега неофицијални информации, напаѓачот полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија, по што побегнал. Вработените во обезбедувањето на Амбасадата за кратко го изгаснале пожарот. Полицијата е на терен.
Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Северна Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама. Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Северна Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси и зел големи суми пари. За приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.
Австрија ги продолжи граничните контроли со соседните земји за уште три месеци, а Виена ќе спроведе гранична безбедност со адаптирани мерки во граничната област, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер. Тој истакна дека „граничната безбедност е реструктуирана и е пофлексибилна“. Наместо чисто селективни, стационарни гранични контроли, ние се потпираме на широки, флексибилни и ефикасни гранични контроли. Целта на новата стратегија е да се отстранат шверцерите и криминалците, а не да се оптоваруваат патниците, наведе Карнер. Австрија поради бегалската криза воведе привремени гранични контроли со Словенија и Унгарија во 2015 година и оттогаш ги продолжува на секои шест месеци.…
Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот…
