Автор: Press Online

Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград и засега нема информации за повредени. Пожарот го гаснат 30-на пожарникари со 10 противпожарни возила  и се обидуваат да спречат да се прошири на други објекти.Трговскиот центар е од полуотворен тип со околу 400 локали.Жителите на околните згради се предупредени да ги затворат прозорците. Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот.

Read More

Конечно, по она што изгледаше како безброј лажни стартови, постигнат е договор меѓу САД и Иран. И двете страни, очекувано, прогласија победа. Претседателот Трамп смело изјави: „Овој голем договор ќе донесе мир и безбедност за целиот регион.“ Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, ги поздрави, како што ги нарече, воените достигнувања на својата земја, потврдувајќи дека Меморандумот за разбирање е потпишан. Сите страни, вклучително и медијаторот Пакистан, велат дека договорот ќе доведе до укинување и на иранската блокада на Ормуската Теснина и на американската блокада на иранските пристаништа, иако тоа можеби нема да се случи веднаш. Тоа донекаде ќе…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикувал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по израелските напади врз позиции на Хезболах во Бејрут, само неколку часа пред очекуваното потпишување на договорот за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран. Според извор запознаен со ситуацијата, Трамп и Нетанјаху телефонски разговарале по нападите, а американскиот претседател претходно јавно изразил незадоволство од израелските потези. „Израел повеќе не би смеел да изведува напади никаде во Либан, но исто така ниту другите страни, вклучително и Хезболах, не би смееле да го напаѓаат Израел“, изјавил Трамп. На својата социјална мрежа Truth Social, тој порача дека нападите не требало да…

Read More

Најмалку шест лица загинаа при судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, додека полицијата проверува дали меѓу жртвите е и американскиот пејач и комичар Оливер Три. Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што леталата се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При падот избувнал пожар, а биле оштетени околу 20 автомобили. Противпожарните служби соопштија дека сите шест жртви се наоѓале во двата хеликоптери. Според информации на бразилската полиција, името на Оливер Три се наоѓало во списокот на патници на еден од летовите, но засега телата на загинатите не се идентификувани. Три на…

Read More

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во вечерашното гостување во ТВ Сител соопшти дека покрај редовните линии кон Скопје, „Туркиш ерлајнс“ веќе воспостави летови до Охрид, а од 2 јули авиокомпанијата „АЏет“ ќе започне со директни летови на релација Анкара – Скопје. Новата авиолинија, како што рече, се воведува без државни субвенции, што претставува доказ за нејзината економска оправданост и за интересот на авиокомпанијата за македонскиот пазар. „Линијата се очекува да биде рентабилна. Анкара е административен град, иако бизнисот е околу Истанбул. Очекувам во следниот период да имаме уште подобри резултати и да расте соработката“, кажа тој. Осврнувајќи се…

Read More

АД ЕСМ ќе заштеди приближно 8 милиони евра откако Управниот одбор на компанијата преговараше за анекс на договорот со „Гастрејд“ – операторот на терминалот за течен гас во Александрополис. Со оваа клучна спогодба се става крај на целосно непродуктивните трошоци за закуп на капацитет што компанијата до сега немаше можност да го користи, со што директно се заштитува буџетот на државната компанија за производство на електрична енергија – вели генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, во разговор за МИА. „Патот до оваа спогодба бараше интензивни преговори и цврста аргументација од страна на нашиот Управен одбор. Успеавме да постигнеме договор…

Read More

  Израелските претставници биле „шокирани“ од јавната критика на американскиот претседател Доналд Трамп кон премиерот Бенјамин Нетанјаху и одлуката на Израел да ги нападне целите на Хезболах во Бејрут. Тие се сè повеќе загрижени дека потенцијалниот договор меѓу САД и Иран би можел остро да ја ограничи воената слобода на дејствување на Израел во Либан, објави израелскиот Канал 12. Висок израелски функционер близок до Нетанјаху за хебрејската мрежа изјави дека функционерите во Ерусалим биле изненадени од забелешките на Трамп, кои вклучувале обвинување на премиерот дека „нема проклета просудба “, велејќи: „Изјавата на Трамп е остра шлаканица во лицето. Ограничувањата [кон…

Read More

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче денеска беше во посета на Општина Карбинци. По средбите со земјоделци тој изјави дека нема дел од земјоделството во кој нема проблем. Филипче смета дека има колапс во системот каков што во државата немало во изминатите 30 и повеќе години. Рече дека има тотална негрижа од Владата за сите проблеми со кои земјоделците се соочуваат. „Прво, зголемени трошоци за производство, цени на ѓубриво, на вода, на работна рака, неисчистени канали, земјата нема од каде да се наводнува, а има систем што е поставен и што е поврзан со системот на езерото Калиманци. Понатаму, немање…

Read More

Од партијата Влен велат дека почетокот на работите на автопатот Скопје – Блаце претставува значаен инфраструктурен проект за државата и доказ дека по долгогодишните ветувања започнува неговата реализација. Во денешното соопштение, оттаму упатија критики до Демократската унија за интеграција (ДУИ), за која велат дека во изминатите 24 години не успеала да го реализира проектот, иако граѓаните, особено Албанците, со децении ја очекувале изградбата на автопатот. „Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на Влен. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува…

Read More

Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корисници со електронски тагови. „Упатуваме апел до корисниците на услугите на наплатните станици повнимателно да ги следат информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: • наплата со MTAG • наплата со MCARD, и • наплата со…

Read More

Полицијата дозна кој ја откорнал канделабрата во скопската населба Карпош 4, за што беше пријавено од општината во полиција, и го повика таткото на момче што го извршил вандалското дело. – На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување, информира полицијата. По целосно документирање на настанот…

Read More

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’. На 08.06.2026 околу 02:00 часот во спортска обложувалница во Тетово, пријавениот со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Истиот ден во 11:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, тој е лишен од слобода при обид да ја напушти државата.

Read More