Автор: Press Online

Во рамки на кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“, Лидл Северна Македонија започнува со реализација на караван кој во текот на јуни ќе посети шест градови низ државата. Првата средба со заинтересираните кандидати ќе се одржи утре, 16 јуни, во 11.00 часот во „Штип Сити Мол“ во Штип. Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот…

Read More

  Голем пожар избувна во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград. Откако пожарот беше забележан околу 6 часот наутро денес, 40 пожарникари пристигнаа на местото на настанот и сè уште работат на гаснење на пожарот. Тие се обидуваат да спречат негово ширење на други згради, објавува „Блиц“. Додека пожарникарите ги сечат металните плочи на покривот, истовремено се појавуваат нови жаришта, па со текот на времето пристигнаа повеќе бригади и користеа кранови за да се обидат да го локализираат пожарот. Тие успеале да спасат половина од трговскиот центар со своите досегашни напори. Материјалната штета е голема, но за среќа никој не…

Read More

Македонски државјанин е уапсен во Врање под сомнение дека се претставувал како лекар и измамил повеќе граѓани, земајќи им пари под изговор дека се потребни за лекување на нивни блиски. Според српската полиција, припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, во соработка со Регионалниот центар на македонската гранична полиција, го привеле С.К. (56), државјанин на Македонија. Тој е осомничен дека во периодот од 4 до 13 јуни годинава телефонски контактирал тројца жители од околината на Врање, претставувајќи се како лекар од Македонија. Во разговорите тврдел дека нивни блиски роднини биле тешко повредени и дека се потребни пари за нивно…

Read More

  Русија започна уште еден круг напади со балистички ракети врз Киев во текот на ноќта на 15 јуни, погодувајќи ја главната катедрала на Киевско-печерската лавра, едно од најзначајните религиозни и културни места во Украина. Киевско-печерската лавра, лавиринтски манастирски и пештерски комплекс кој содржи некои од најпочитуваните светилишта и реликвии во Украина, беше под директен оган – означувајќи го вториот удар врз местото на целосната војна на Русија и само третиот по Втората светска војна. Успенската катедрала првично била изградена во 11. век како дел од поширокиот манастирски комплекс и била оштетена и реставрирана во неколку наврати, од монголските инвазии…

Read More

Поранешниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов, вчеравечер заедно со својата сопруга ја крунисаа љубовта и пред Бога, откако стапија во црковен брак во црквата „Пресвета Богородица“ во Берово, објави Женски магазин. По свечениот верски чин, младенците организираа свадбена веселба во еден од најпознатите ресорти во Берово, каде во присуство на семејството, роднините и најблиските пријатели го прославија почетокот на новото животно поглавје.

Read More

Реалното неделно работно време во Македонија според Евростат е 39,5 часа и е над просекот во Европската Унија кој изнесува 35,9 часа неделно. Податокот ги опфаќа вработените на возраст од 20 до 64 години со полно и неполно работно време во нивната основна работа.Што влијае на должината на работното време? Според експертите, клучни фактори се начинот на регулирањето на работното време, структурата на вработеноста, распределбата на работниците по занимања, структурата на економијата, уделот на одредени сектори во неа, продуктивноста, почитувањето на работните прописи, односот на работодавачите и моќта на синдиктите. Подлого или попродуктивно? „Попаметно искористено време или подолго работно време“,…

Read More

Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, денес беше осуден на четири години затвор откако беше прогласен за виновен за две силувања, објави Би-Би-Си. Пресудата ја изрече Окружниот суд во Осло. Хоиби беше ослободен од две други силувања, но беше прогласен за виновен и за голем број други кривични дела. Тој не беше присутен на суд за пресудата, но се придружи преку видео врска. Совет од тројца судии го прогласи за виновен по две точки од обвинението за силување. Обвинителството побара казна од седум години и седум месеци затвор за време на судењето. Адвокатите на Хоиби побараа значително…

Read More

  „Ситуацијата е многу комплицирана. Нема пари во државната каса. Сите сметководствени трикови веќе се исцрпени од претходните влади и не можат да се применат. Работиме многу сериозно во два правци – зголемување на наплатата со голем број мерки, за кои ќе слушнете кога ќе се презентира буџетот, и ограничување на трошоците“. Ова го коментираше пред новинарите во Шумен бугарскиот премиер Румен Радев, кој најави дека се очекува до крајот на месецот да се презентира редовен буџет. На буџетот се работи речиси деноноќно, рече премиерот. „Ситуацијата е исклучително комплицирана, работиме на буџетот речиси деноноќно, се бараат сите опции за да…

Read More

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е под контрола. Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип утринава интервенираат на местата каде што сè уште чади и каде има активен оган на опожерениот дел. Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип, Благој Ренџов, вели дека утринава повторно ќе пратат екипа која ќе дежура до 15 часот. „Пожарот во моментов е во дол, непристапен терен за пожарникарите. Околу 12 часот кога се зголемува температурата, ќе видиме дали ќе има разгорување“ вели Ренџов. Според првичните проценки, опожарени се од 20 до 30 хектари нискостебелеста вегетација и дел од борова шума.…

Read More

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ги изневерила ветувањата дадени на земјоделците и дека по две години владеење земјоделскиот сектор се соочува со сериозни проблеми. Од партијата велат дека додека бил во опозиција, премиерот Христијан Мицкоски ветувал поголема финансиска поддршка, сигурен откуп и подобри услови за земјоделците, но дека денес реалноста е сосема поинаква. „После две години власт земјоделството е на колена. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано доцнат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, а трошоците за производство се зголемени. Буквално нема сегмент во земјоделието каде што нема сериозен…

Read More

Новиот договор меѓу САД и Иран предизвика силни политички реакции во Израел, при што опозициските лидери го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху за тежок дипломатски и безбедносен неуспех и за меѓународна изолација на земјата. Лидерот на израелската Демократска партија, Јаир Голан, упати остри критики кон владата, оценувајќи дека американско-иранскиот договор е „лош за Израел“. Голан, поранешен заменик-началник на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), смета дека дипломатските отстапки на Вашингтон ги поткопаа придобивките што Израел ги постигна на терен. – Огромните воени достигнувања остварени со храброста на нашите пилоти и со крвта на нашите борци се избришани, додека Нетанјаху стоеше настрана…

Read More

Возачите кои од денеска ќе минуваат низ патарините на македонските автопати треба да внимаваат на новиот режим на наплата, бидејќи стапуваат во сила измени во користењето на лентите за електронско плаќање. Според информациите од Јавното претпријатие за државни патишта, лентите означени за системот МTAG отсега ќе бидат наменети исклучиво за возила што плаќаат со електронски тагови. Со тоа се укинува досегашната можност на овие ленти да се користат и МCard картички. Тоа значи дека возачите кои користат МCard ќе треба да ја реализираат наплатата преку останатите ленти на наплатните станици, во согласност со нивната намена и сообраќајното означување. Од ЈПДП…

Read More