Автор: Press Online
Унгарскиот парламент го одобри уставниот амандман со кој на премиерите им се овозможува да ја извршуваат функцијата најмногу осум години, со што на поранешниот премиер Виктор Орбан практично му се забранува повторно да ја извршува функцијата. Премиерот Петер Маџар го собори Орбан на изборите во април по 16 години на власт, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот што ѝ дозволува на неговата партија да ги поништи или менува законите донесени од Фидес на Орбан, вклучително и уставот. Во амандманот се наведува дека за премиер не може да биде избран секој кој претходно бил премиер најмалку осум години. Ова се однесува на…
По првите месеци од изборите во 2024 година ДУИ беше под сериозен политички притисок, непренципиелни напади и селективна правда, но во моментот партијата е консолидирана и не се наоѓа во криза, вели потпретседателот на партијата, Бујар Османи, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. На новинарска забелешка оти присуството на партијата во јавноста и острината на пораките кои се испраќаат не наликуваат на ДУИ што ја знаеме и дека во медиумите ги нема Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Артан Груби и други, Османи вели дека луѓето го потценуваат конгресот на партијата и оти можеби грешката што тие ја прават…
Властите на Конго пријавија едно од најголемите дневни зголемувања на бројот на заразени со ебола, еден месец откако оваа смртоносна болест почна да се шири во централноафриканската земја. Вирусот се шири многу брзо во оддалечен регион каде што населението често се движи, што го отежнува откривањето на заразените. Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се откриени 72 нови случаи на заразени со ебола, со што вкупниот број на заболени се искачи на 782. Меѓу нив има 181 потврден смртен случај, како и 29 нови смртни случаи. – Еден месец подоцна, темпото на ширење на еболата ги…
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека претходната влада, во која и тој министеруваше, изградила два километра од автопатот Скопје – Блаце и оставила проект, експропријација на земјиште и осигурана финансиска конструкција, за патот да може целосно да се догради. Притоа, тврди тој, новата влада две години барала фирма што ќе каже дека тоа не може да биде автопат, туку регионален пат, но дека тоа се покажало неуспешно. „Кога дојде оваа влада, единствено што правеше овие две години бараше дополнителна анализа министерот за транспорт, ангажираше фирма за да…
Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажале од приватната тужба против група млади кочанчани кои беа обвинети за демолирање на кафе-барот „Класик“ по трагедијата во Кочани. Од документот на Основниот суд Кочани, се гледа дека приватниот тужител ДПТУ „Бит Тим“ ДООЕЛ Кочани, чиј управител е Михаил Јованов, преку својот полномошник доставил поднесок со кој ја повлекува приватната тужба против обвинетите. Судот наведува дека на 11 јуни 2026 година тужителот доставил поднесок со кој се откажува од кривичното гонење, по што согласно Законот за кривична постапка донел решение за запирање на постапката. Обвинетите се товареле за кривичните дела „Оштетување туѓи предмети“ и…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека потпретседателот Џеј Ди Венс ќе отпатува за Швајцарија на официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран. Трамп ова го соопшти пред новинарите на маргините на самитот на Г7 на Женевското Езеро, за време на разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон. Трамп не кажа дали самиот тој ќе има каква било улога во церемонијата на потпишување. Договорот веќе е дигитално потпишан. САД и Иран се договорија за рамковната спогодба по неколкунеделни преговори. Се очекува договорот да доведе до подетални разговори за можен прекин на конфликтот меѓу двете земји. Медиумските извештаи наведуваат дека церемонијата…
Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возлиа пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото. -Мојот став е ист како оној на Владата, силно го осудуваме овој кривично правен настан. И она кое што можам да го кажам е дека лицето кое што е сторител на овој кривично правен настан е обезбедено и во моментот трае распит за да ги видиме мотивите што и како придонело да се случува ова кое што се случи во текот на денот, да видиме…
Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител…
Тревникот на Белата куќа беше домаќин на првиот професионален спортски настан во историјата на претседателската резиденција, спектакл на УФЦ кој привлече илјадници гледачи, и покрај заканата од грмотевици што се надвиснуваше над Вашингтон во текот на целиот ден. Натпреварувањето започна по почетното одложување предизвикано од временските услови. Додека првите двајца борци одеа кон кафезот, молњите го пробија небото над Белата куќа. Настанот го отвори американскиот претседател Доналд Трамп, кој, заедно со претседателот на УФЦ, Ден Вајт, пешачеа од Белата куќа до зоната за борба поставена на Јужниот тревник. Во тој момент, воени авиони прелетаа над публиката. Околу 4.300 гости пристигнаа…
Категорично го осудувам палењето на дипломатски автомобили во бугарската амбасада во Скопјe. Ова не е обично кривично дело, туку неприфатлив напад врз дипломатска мисија, што ја доведува во прашање способноста на властите во Република Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со нивните меѓународни обврски. Ова е наведено во ставот на претседателката Илијана Јотова, пренесува fakti.bg Според неа, загрижувачки е што овој инцидент се случува во позадина на континуирана антибугарска реторика и атмосфера на нетолеранција, која со години останува без потребниот институционален отпор. „Ваквите дејствија не се случуваат во вакуум – тие се директна последица…
Десничарски тинк-тенк со врски со поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е суспендиран од базата на податоци на ЕУ за лобисти и кампањски групи, откако беше обвинет дека не открил финансиски информации, вклучително и изворите на финансирање. Во е-пошта испратена до групата од секретаријатот на Регистарот за транспарентност на ЕУ, која ја виде „Политико“, надзорниот орган потврди дека МЦЦ „Брисел“ е суспендиран од регистарот. Одлуката „може да ве лиши од можноста да… имате одредени состаноци во институциите на ЕУ“. Бришењето од базата на податоци за лобирање може да значи дека повеќе нема да имате право да учествувате во експертски групи…
Опозицијата жестоко го нападна предложеното законско решение за правична и соодветна застапеност на пленарната седница во Парламентот на која почна дебатата за него. Побара од власта да отстапи од него и даго повлече затоа што, според нив, тој ќе наметне нова форма на дискриминација. Нема механизми за ефикасно спроведување на уставното начело за соодветна и правична застапеност во јавната администрација. Пратеникот Халил Снопче од Алијанса на Албанците го повика владејачкото мнозинство да не се коцкаат со ова прашање нудејќи вакво законско решение. Одговорот од власта беше дека опозициските пратеници прават фолклор и продаваат демагогија пред јавноста, да не прават комедија…
