Автор: Press Online
Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер „Б-52“ загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД. „Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци“, изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција. Тој посочи дека надлежните се во процес на известување на семејствата на жртвите и дека дополнителни информации за загинатите ќе бидат објавени по завршувањето на таа постапка. Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека двајца од загинатите биле вработени во компанијата. Хејс изјави дека летот, кој полетал доцна…
Пет министерства, заедно со партнерски институции, невладини организации и членови на Националната работна група за превенција на насилство кај младите, денеска потпишаа Декларација за намери со која се обврзуваат на поинтензивна соработка во справувањето со овој сериозен општествен предизвик. Документот го потпишаа Министерството за образование и наука, Министерството за спорт, Министерството за внатрешни работи, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за дигитална трансформација, а процесот се реализира со поддршка на ОБСЕ. Потписниците се заложија за создавање побезбедна училишна средина, едукација за ненасилна комуникација, превенција на насилството во спортот, зајакнување на дигиталната безбедност, унапредување на менталното здравје и…
МВР информира дека вчера утрината во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид – Кичево, кај селото Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од селото Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во селото Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. По наредба на јавен обвинител, возачот К.Ш. е…
На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија Константинос Гиулекас, говорејќи на конференција за туризмот во организација на грчкиот информативен портал „Ворија“, јави дописничката на МИА од Атина. Гиулекас ја спомена надградбата на граничниот премин Кипи кон Турција што е во тек…
Британското обвинителство поднесе обвинение против капетанот на танкер од руската „флота од сенка“, кој беше задржан од британски командоси, поради заобиколување на санкциите воведени кон Русија, соопшти Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија. Триесет и осумгодишниот капетан Аџај Пант, индиски државјанин, е обвинет за „директно или индиректно снабдување или транспорт по море на санкционирани нафтени производи од Русија кон трета земја“, се наведува во соопштението на Агенцијата. Оттаму додаваат дека Пант подоцна денеска ќе биде изведен пред Магистратскиот суд во Саутемптон. Останатите 24 членови на екипажот, кои се државјани на Индија и на Грузија, во моментов се…
Конечниот ревизорски извештај за работењето на Врховниот суд за 2024 година открива низа предизвици со кои се соочува највисоката судска инстанца во државата – од недостиг на судии и административен кадар до финансиски ограничувања и активни судски спорови со вработени. Според Државниот завод за ревизија, во тек се 28 судски постапки во кои Врховниот суд се јавува како тужена страна по основ на права и надоместоци од работен однос. Вкупната вредност на побарувањата изнесува 4,28 милиони денари, односно околу 70 илјади евра, а конечниот исход од овие предмети сè уште не е познат. Ревизорите предупредуваат и на сериозен недостиг на…
Човекот кој вчера околу пладне потпали две паркирани возила пред Бугарската амбасада во Скопје, по што беше експресно идентификуван од Агенцијата за национална безбедност и уапсен од Министерството за внатрешни работи, имал тетоважа на стомакот од претседателот на Русија Владимир Путин, кој му бил херој и идол, пренесе „Слободен печат“ повикивајќи се на свои добро упатени извори. Тие тврдат дека засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја телевизиска репортажа видел дека возилата се паркирани непрописно, фатил автобус од Драчево, дошол во Центар и ги запалил возилата. На стомакот осомничениот го…
Во текот на американско-израелската војна против Иран, Вашингтон уживаше во демонстрацијата на својата конвенционална воена супериорност. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се фалеше со квантитативните постигнувања: пред прекинот на огнот на 8 април, само САД извршија над 10.000 воздушни мисии, погодија над 130.000 цели и пресретнаа 1.700 ирански ракети и беспилотни летала. Според Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), во кампањата беа уништени над 85 отсто од објектите што Техеран ги користеше за производство на ракети и дронови, беше потопен поголемиот дел од иранската флота и беа уништени 70 отсто од неговата инфраструктура за лансирање ракети. Но, деградирањето на воените капацитети…
Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не, се наведува во соопштението од Левица. Од партијата велат „хирурзите во Струга тврдат дека не се соодветно платени за својата работа. Власта и министерот Алиу, пак, тврдат дека здравствените установи кои најгласно ги бараат своите средства се…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до…
Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, додека речиси секое дете во светот е изложено на барем една од климатските опасности. УНИЦЕФ нагласува дека децата се поранливи на последиците од климатските промени затоа што нивните тела побрзо се загреваат, помалку ефикасно се потат, побрзо дишат и имаат поголема потреба од вода и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. – Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната – изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал таква средба. – Со САД и со Франција разговаравме за можноста за средба со Русија на маргините на форумот на Г-7, со учество на сите демократски држави. Путин не го сака тоа – рече…
