Автор: Press Online
Српската влада потпиша договор со унгарски МОЛ за идното управување со Нафтената индустрија на Србија (НИС), кој, под услов МОЛ успешно да го откупи уделот на Газпромнефт во НИС, ќе ѝ овозможи на унгарската компанија да стане мнозински сопственик на нафтената компанија и да обезбеди нејзин понатамошен развој и снабдување на Србија со нафтени производи. Договорот доаѓа на денот кога истекува рокот што американските финансиски власти (OFAC) им го поставија на унгарската и руската страна да постигнат договор за преземање на 56,1 процент од акциите во НИС во сопственост на Русија, кои се опфатени со санкциите на САД врз рускиот…
Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. – Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите. Трамп во неделата разговараше одделно со Путин и со Зеленски. Зеленски вчера изјави дека предложил да се сретне со Путин на самитот на Г7 во Франција оваа недела, или дури и во САД, за разговори за ставање крај на војната, која навлезе во својата петта година.
По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој пожар, не само денешниот, изјави Ангелов вечерва во гостување во Дневникот на ТВ Сител. Посочи дека секој ден низ државата има десетина помали пожари, но состојбата сè уште…
Вршителката на должноста амбасадор на Македонија во Софија, Агнеза Руси Поповска, денеска беше повикана во бугарското Министерство за надворешни работи во врска со палењето на двата бугарски автомобили што ги користела Амбасадата на Бугарија во Скопје. Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласи дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарече, безпреседан во билатералните односи демонстративен чин на агресија, кој ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија кои се наоѓале во близина за време на нападот. „Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции…
Утрото на 16 јуни, украински дронови извршија масовен напад врз Москва. Нивна цел беше Московската рафинерија за нафта (MOР), објави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин. Според него, едно од беспилотните летала оштетило објект на територијата на претпријатието. Нема повредени. Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации во Москва прецизираше дека како резултат на нападот, избувнал пожар во фабриката. „Нема опасност од ширење на пожарот. Ситуацијата е под контрола на службите за итни случаи“, нагласи одделот. Според Собјанин, во рок од два часа, Москва била нападната од вкупно 60 беспилотни летала. Информацијата ја потврди и украинскиот претседател Володимир…
На територијата на државата денеска до 18:00 часот се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Како што информира Центарот за упраување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во Општина Илинден – село Мршевци каде гори сува трева; Општина Босилово – село Секирник гори депонија; Општина Чашка – село Војница гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева; Општина Кавадарци – село Шивец каде гори сува трева; и Општина Штип – село Долани. Под контрола се ставени пожарите во Општина Демир Хисар – градска депонија; Општина…
Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила, доброволците од ДПД Бабуна, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес. Опожарена е површина обрасната со сува трева и нискостеблеста деградирана шума.…
Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на претседателот Володимир Зеленски за неговите претходни остри изјави, според интервју за Ал Арабија. Лукашенко рече дека неговите коментари се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и знае каде се тие. „Ако Володимир Олександрович бил навреден од овие зборови, му се извинувам“, рече Лукашенко, додавајќи дека можеби зборувал премногу остро, со оглед на тековната војна на Украина со Русија. Во исто време, тој оцени дека Зеленски…
Мораме да научиме дека без оглед дали се работи за мултикултурно општество, кога има избори победникот е еден, но со оглед на нашата политичка и партиска структура, победникот дури и кога имал двотретинско мнозинство посегнувал по коалицирање, што е многу одговорен чин, оцени денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, дека на изборите треба да коалицираат „победник со победник“, Сиљановска-Давкова рече дека таквиот пристап не е во согласност со основните принципи на изборниот процес. Таа посочи дека во македонската политичка практика…
Босна и Херцеговина повторно се најде на сивата листа на Комитетот на експерти за евалуација на мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Moneyval), бидејќи не ги исполни реформите што беа побарани од неа. Сараевскиот портал „Рапорт“ објави дека делегацијата на Министерството за безбедност на БиХ, која учествува на пленарниот состанок на Работната група за финансиска акција (ФАТФ), денеска во Париз беше официјално информирана за ова. Претседателката на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришо, исто така е информиран за сивата листа. БиХ најверојатно ќе биде на сивата листа на „Манивал“ во следните две години, а на…
– Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе даде изјава дали се согласува или не по неговата смрт да биде дарител на органи и ткива заради лекување, а таа изјава ќе се евидентира во листата во националниот систем за…
Претседателот Доналд Трамп рече дека раскошната атмосфера на неговата закажана вечера еден на еден со Макрон била фактор во неговата одлука да го продолжи престојот по самитот – двајцата треба да вечераат во Версајската палата. „Јас сум љубител на убави места и заминував попладне, а потоа францускиот претседател, кој е многу фин човек, ме покани на вечера во Версај“, рече Трамп. „А Версај не е златен лист – Версај е вистинската работа. И реков дека би сакал да го направам тоа“. Трамп рече дека тоа ќе има мало влијание врз неговиот распоред, истакнувајќи дека тој „сепак не спие многу“…
