Автор: Press Online
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’. На 08.06.2026 околу 02:00 часот во спортска обложувалница во Тетово, пријавениот со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Истиот ден во 11:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, тој е лишен од слобода при обид да ја напушти државата.
Албанскиот премиер Еди Рама во неделата остро ја критикуваше „Фламинго револуцијата“, споредувајќи го протестното движење со нацистичка Германија и нарекувајќи ги демонстрантите „ајван“ – навредлив термин што грубо значи „глупави како идиоти“ или „нецивилизирани луѓе“. „Ова е фашистичко, скандалозно е и мора да се запре“, рече Рама за време на неговиот поткаст во неделата. „И се запира со тоа што не се повлекуваме пред ваквите притисоци и овие видови ‘ајвани’ “, додаде тој. „Ова мора да се запре“, нагласи Рама. Коментарите доаѓаат во време кога политичките немири влегоа во својот 14-ти ден по ред, откако Албанците ја преплавија Тирана…
Група граѓани денеска се собраа пред објектот во кој претходно беше сместена Општина Карпош, изразувајќи поддршка за градоначалникот Стевчо Јакимовски и несогласување со постапките што се водат против него. Една од присутните во обраќање пред јавноста истакна дека е изненадена од информациите дека Јакимовски би можел да биде приведен или осуден поради објектот кој се наоѓа зад нив. Друг присутен пак носеше штрафилица која ја активираше кога се зборуваше за демонтажата. „Оваа барака е од времен карактер, монтажна е и може во секој момент да се демонтира. Овде нема цигли, нема малтер, нема армиран бетон. Сè е монтажно и демонтажно“,…
Со дури 244 километри на час се движел 21-годишен возач од Батинци на автопатот Скопје-Гевгелија, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час, објави МВР. Поради екстремното пречекорување на брзината, полицијата го лишила од слобода, а возилото му било одземено по наредба на обвинител. Според МВР, случајот бил откриен на 13 јуни околу 20 часот кај селото Милетково, во близина на Гевгелија. „Полициски службеници констатирале дека И.Р.(21) од село Батинци управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде што ограничувањето е 120 километри на час“, соопшти МВР. Против…
Во водите на сплитскиот акваториум, помеѓу Милна на островот Брач и островот Шолта, во неделата малку пред пладне се случи сериозна поморска несреќа, во која, според информациите потврдени од Сплитско-далматинската полициска управа, загинале три лица, а се бара едно. Како што се дознава, судирот меѓу катамаран и едрилица се случил под сè уште нејасни околности, по што едрилицата, со осум лица на неа, потонала. „На преостанатите патници од едрилицата (четири лица) им била укажана медицинска помош од страна на итен медицински персонал на местото на настанот и немало потреба да се однесат во болница“, објави сплитската полиција. Сите патници…
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 јуни во 11:10 часот во СВР Скопје. „На крстосницата од улиците „Васко Карангелски“ и „Матеја Матевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (33) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С. (57) од Скопје“, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат. Извор: fokus.mk
Телото на 75-годишен маж од Кочани, кој се водел како исчезнат од почетокот на месецов, било пронајдено на непристапен терен меѓу селата Јастребник и Бабиште, информира Министерството за внатрешни работи. На 13 јуни 2026 година во 08:22 часот во СВР Штип било пријавено дека на некатегоризиран пат помеѓу селата Јастребник и Бабиште, на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземените мерки и извршениот увид било утврдено дека станува збор за Ј.Д. (75) од Кочани, кој престојувал во селото Јастребник. За неговото исчезнување на 1 јуни 2026 година во полиција пријавил неговиот внук, откако се…
Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ прво ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговори за реконструкцијата на Владата. „Следната недела, по роденденот што ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа, следниот ден, почнуваме разговори со владините коалициски партнери околу реконструкцијата на Владата“, изјави Мицкоски. Мицкоски рече дека неговата партија сака редовни парламентарни избори, но додаде дека ако биде предизвикана ќе оди на предвремени избори и ќе победи. Тој ги коментираше тврдењата на опозицискиот СДСМ дека ќе се оди на избори бидејќи…
Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на нивното население на 10 милиони, при што гласачите ја ставија економската стабилност и врските со Европската унија над загриженоста за имиграцијата, според прелиминарните резултати од референдумот, објави Ројтерс. Прелиминарната проценка објавена од националниот радиодифузер ЕРФ покажа дека околу 45 проценти од гласачите го поддржале предлогот, додека 55 проценти биле против. Референдумот, кој е спореден со гласањето на Велика Британија за „Брегзит“ во 2016 година, ги загрижи бизнисите поради загриженоста дека би можел да го прекине слободното движење на работниците меѓу Швајцарија и ЕУ, нејзиниот главен трговски партнер. Предлогот, поддржан од десничарската Швајцарска…
Не се знае кој пат по ред последнава година се губи конекцијата со Управата за јавни приходи за скенирање на сметките во рамките на „Мој ДДВ“ „Нема конекција до УЈП!“ – ова е пораката што се појавува веќе трет ден на апликацијата. Како и во минатите случаи, од УЈП велат дека проблемот е од техничка природа. И толку. Нема детали кога ќе биде надминат проблемот и за што, всушност, се работи. Минатата година се доцнеше и со исплата на средствата од повратот на ДДВ. Во јавноста постојано се јавуваат шпекулации дека владата можеби ќе го укиние овој проект, еден од…
Да се преправаме дека сонуваме: Хитлер, Чаушеску, Садам, Гадафи, Нориега, Чавез, како ги пакувале куферите, додека еден вид џелат им продавал опции за смрт: бесење на јаже, горење на клада, стрелање, гилотина, електрична столица итн. Се будиме, но не знаеме зошто сонуваме така?! Мерсел Биљали Масовните протести во Албанија против градењето елитен светски ресорт, поддржан од компанијата на зетот на Трамп, Џаред Кушнер, прераснаа во поширока конфронтација што оспорува низа домашни политики. Илјадници луѓе секојдневно излегуваат на улиците на Тирана барајќи оставка од владата. Преку главниот слоган „Рама во затвор, Бериша во затвор“, тие не сакаат да бидат поистоветувани…
Уставниот суд од денеска пушта во употреба нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. – Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, одлуките и надлежностите, но и да придонесе во борбата против дезинформациите, шпекулациите и лажните вести поврзани со работата на Уставниот суд, кои во изминатиот период се зачестени – соопшти прес-службата на Уставниот суд. Преку „Дознај ФАКТИ“, наведуваат…
