НАЈНОВО
Автор: Press Online
Градоначалникот на Ар-Рихан во округот Џезин на југот на Либан, Али Бади, загина во израелски напад, пренесе денеска либанската Национална новинска агенција (ННА). Според наводите на либанските и регионалните медиуми, израелската војска извршила повеќе напади со дронови врз подрачја во округот Џезин, вклучувајќи ги општините Ар-Рихан и Кфар Хуна, пренесе Ал Џезира. Во еден од нападите било погодено и возило во Кфар Хуна, но засега нема официјални информации за евентуални жртви. Пријавени се и нови израелски напади на повеќе локации на југот на Либан, вклучувајќи го градот Кјам во округот Марџајун, како и подрачјата Касиба во Набатија и Ел-Сарира во…
Швајцарија, богата земја која историски го прифаќа слободното движење и странските инвестиции, ќе гласа дали да го ограничи своето население – и да ги ограничи мерките за имиграција за да го стори тоа. Референдумот в недела доаѓа откако населението во земјата се зголеми за 10 отсто во 10-те години до крајот на 2025 година, кога изнесуваше нешто повеќе од 9,1 милион. За прв пат, земјата имаше повеќе луѓе над 65 години отколку под 20 години. Нето миграцијата и стапката на наталитет паднаа минатата година. Релативно ниското оданочување помогна Швајцарија да стане дом на глобалните конгломерати како што се гигантот за…
Скопскиот безбедносен форум 2026, под наслов „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“, ќе се одржи на 15 јуни 2026 година, во Собранието на Република Северна Македонија, во салата под големата купола. Настанот започнува во 09:30 часот, а работниот јазик е англиски.Како што објави ЦИВИЛ МЕДИА, Форумот ќе обедини претставници на академската заедница, државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, безбедносни експерти, медиуми и граѓанското општество, со цел да се отвори стратешки дијалог за улогата на Западен Балкан во европската безбедносна архитектура.Годинешната тема го поставува регионот во контекст на современите геополитички предизвици, хибридните закани, дезинформациите, големодржавната конкуренција, енергетската безбедност и…
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, наговести дека нема да продолжи да ја води партијата во иднина, наведувајќи дека сака да се приклучи на редовите на ветераните. За време на својот вчерашен говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети рече дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата и дека сака да го продолжи својот политички ангажман од друга улога. Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните. -Нема да останам засекогаш претседател на партијата. Исто така, сакам да се приклучам на ветераните…
Федерален судија ѝ наложи на американската Влада да ги поништи промените направени на спомениците, спомен-обележјата и плочите што го одбележуваат ропството, расизмот и дискриминацијата во националните паркови и јавните простори. -Целта на дејствијата на владата беше да прекројување на националната историја, објасни американската окружна судијка во Бостон, Ангела Кели. Нејзината привремена пресуда е насочена кон Службата за национални паркови, која е одговорна за јавните споменици. Конечната одлука за ова прашање сè уште се чека. Американскиот претседател, Доналд Трамп, во март минатата година му нареди на Министерството за внатрешна безбедност да ги разгледа сите споменици, плочи, статуи и слично за да…
Повеќе од 48 часа не функционира апликацијата Мој ДДВ. Илјадници граѓани се револтирани бидејќи не можат да пристапат до апликацијата и да скенираат сметки. При внесување на пинот за најава, се добива порака Нема конекција од УЈП. На официјалната страна на МОЈ ДДВ е соопштено дека апликацијата функционира со повремени забавувања, но без да прецизираат кога ќе биде повторно вратена во функција. Ве информираме дека апликацијата МојДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање, стои во објавата на ФБ.
Нова сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случи вечерва во скопската населба Даме Груев (Геге). Според првичните неофицијални информации, до несреќата дошло кога автомобил при вклучување од споредна на главна улица удрил во мотоциклист. На местото на настанот може да се забележи дека дел од мотоциклот завршил под автомобилот, што укажува на силата на ударот. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на мотоциклистот, ниту дали има повредени лица. Сообраќајот во делот каде што се случила несреќата се одвива по една сообраќајна лента, а се очекува пристигнување на полициски екипи и спроведување увид. Повеќе детали за околностите на несреќата…
Погребот на поранешниот ирански врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ќе започне во Техеран на 4 јули и ќе заврши со погреб во неговиот роден свет град Машхад, на североистокот на земјата, на 9 јули, објавија денеска иранските државни медиуми. Хамнеи беше убиен на првиот ден од израелските и американските воздушни напади врз Иран на 28 февруари. Овој 86-годишен верски лидер беше на чело на Исламската Република 36 години, по смртта на првиот ирански верски лидер од Исламската револуција, во 1979 година, ајатолах Рухолах Хомеини. Погребната церемонија ќе го вклучи и светиот град Ком, јужно од Техеран, на 7 јули, објавија…
„На луѓето навистина им е преку глава од избори бидејќи ние гледаме дека од изборен циклус во изборен циклус ништо не се менува, државата осиромашува, институциите стануваат нефункционални и мислам дека треба да заврши она време што го паметиме, времето на Груевски, кога се одеше на секои две години на нови избори“, смета претседателката на ЛДП, Моника Зајкова Претседателката на Либерално демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова вечерва во интервју за ТВ „Сител“ рече дека е неблагодарно да се зборува за избори кога владејачката гарнитура во Собранието има речиси двотретинско мнозинство со коe може да спроведува…
Доналд Трамп најави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според него, целосно ќе го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје. Трамп, исто така, тврди дека веднаш по потпишувањето, Ормускиот теснец ќе биде отворен за целиот сообраќај, објави тој на социјалната мрежа Truth Social. Трамп остро го критикуваше претходниот договор, познат како JCPOA, кој беше постигнат од администрацијата на Барак Обама со Иран. Тој го опиша како „лесен, убав, мазен пат до нуклеарното оружје“ и тврди дека доколку договорот остане на сила, Иран ќе имал нуклеарно оружје пред шест години и „ќе го користел многу порано“. Тој…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош. -На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираа од МВР
Дваесет и четиригодишен скопјанец бил лишен од слобода откако по семејна расправија му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и му упатувал закани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година околу 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.К. (24) од Скопје. Како што соопшти МВР, претходно неговиот 49-годишен татко пријавил дека околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, синот му го одзел службениот пиштол и му упатувал закани. Во инцидентот интервенирал нивен роднина,…
