Автор: Press Online
Дваесет и четиригодишен скопјанец бил лишен од слобода откако по семејна расправија му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и му упатувал закани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни 2026 година околу 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.К. (24) од Скопје. Како што соопшти МВР, претходно неговиот 49-годишен татко пријавил дека околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, синот му го одзел службениот пиштол и му упатувал закани. Во инцидентот интервенирал нивен роднина,…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека НЕ „Запорожје“ (ЗНПК) денеска повторно е поврзана со мрежата по успешните поправки на резервниот далновод „Фероплавна“, што беа извршени за време на локалниот прекин на огнот постигнат со посредство на МААЕ. Во соопштението објавено на платформата Икс се наведува дека ЗНПК во средата го изгуби напојувањето со струја преку 330 киловолтен (kV) вод поради оштетување поврзано со воениот судир, принудувајќи ја да се потпира на дизел генератори за итни случаи за електрична енергија потребна за ладење на шесте исклучени реактори. „Тоа беше еден од најдолгите прекини на електричната енергија на локацијата на…
На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје е пријавено дека на 12.06.2026 околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М., при што Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изрази загриженост поради најавите за изградба на дата-центри во земјава, оценувајќи дека ваквите капацитети ќе имаат големи потреби од електрична енергија и вода. Во реакција објавена на социјалните мрежи, од иницијативата се повикуваат на изјава на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, во која, според нив, како едно од можните решенија за обезбедување дополнителна електрична енергија било посочено производство преку согорување отпад, односно биомаса. „Малку ни е што Цементара согорува отпад во своите производствени капацитети и го загадува Скопје, Владата планира дополнително производство на електрична енергија преку палење отпад за потребите на дата-центрите“, наведуваат…
Во Албанија започна изградбата на делницата Миљот-Балдрен, во близина на Љеш, со што продолжува изградбата на клучната северна рута на идниот Јадранско-јонски пат. По завршувањето на оваа делница, останува насоката кон Муриќан и границата со Црна Гора, објавува Инвестор. По делниците од Кашар кај Тирана до Туман, и рутата Туман-Миљот, во среда во Албанија започна изградбата на нов дел од идниот „син коридор“ – од Миљот до Балдрен, објавија локалните медиуми. Станува збор за пат во близина на Љеш, долг околу 20 километри, кој претставува една од важните врски во поврзувањето на централна Албанија со нејзиниот север, но и со…
Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Будимпешта и Киев официјално постигнале договор за образовните, културните и јазичните права на Унгарците во украинскиот пограничен регион Закарпатија, објави унгарската агенција МТИ. Маѓар на Фејсбук објави дека украинската страна се согласила да ги спроведе сите точки од договорот во официјален протокол и го вклучила договорот во акциониот план на ЕУ на Украина за етничките малцинства, рече премиерот. „За неколку недели успеавме да решиме проблем што владата на (поранешниот премиер Виктор) Орбан не можеше да го реши десет години“, рече унгарскиот лидер. Во видео клип прикачен на објавата, Маѓар рече дека договорот е „уште…
До ова дошло во два наврати во петокот, над јужниот и северниот дел на Балтичкото Море, а шведскиот воздушен простор не бил повреден. Односите меѓу Шведска и Русија се на историски најниско ниво што во голема мера е обележано со влезот на Шведска во НАТО и брзото влошување на безбедноста во регионот на Балтичкото Море Фото (илустрација): EPA/Andrzej Jackowski Шведската војска денеска соопшти дека со свои борбени авиони пресретнала два руски борбени авиони над Балтичкото Море, во близина на шведскиот воздушен простор. До ова дошло во два наврати во петокот, над јужниот и северниот дел на Балтичкото Море, а шведскиот…
Федерален судија ѝ наложи на американската Влада да ги поништи промените направени на спомениците, спомен-обележјата и плочите што го одбележуваат ропството, расизмот и дискриминацијата во националните паркови и јавните простори. -Целта на дејствијата на владата беше да прекројување на националната историја, објасни американската окружна судијка во Бостон, Ангела Кели. Нејзината привремена пресуда е насочена кон Службата за национални паркови, која е одговорна за јавните споменици. Конечната одлука за ова прашање сè уште се чека.Американскиот претседател, Доналд Трамп, во март минатата година му нареди на Министерството за внатрешна безбедност да ги разгледа сите споменици, плочи, статуи и слично за да утврди…
Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса. Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше доведена во прашање, а тој се соочи со притисок од некои поранешни лојалисти да се повлече од политиката, што е прва таква отворена критика откако дојде на власт во 2010 година. На…
Скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и против своја волја однесен од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е. (36) од скопско пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со патничко возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила – „хјундаи“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“. Според пријавата, возилата ги управувале Р.Б., М.Б. и Б.Б., а Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Пријавителот тврди дека…
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре. „Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела“, рече тој, пренесен од британските медиуми. Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за датумот на потпишување „поради двоумењето на другата страна“. Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, претходно денеска изјави дека мировниот договор меѓу Иран и САД „се очекува да биде финализиран во следните 24…
31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка. Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок
