Автор: Press Online
31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка. Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок
На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден починат маж(46) од Битола. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија
По три месеци војна САД и Иран се согласија за рамката на мировен договор, а се очекува двете страни да го потпишат првичниот договор во следните 24 часа, изјави денеска пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Премиерот на оваа земја посредник во договорот за завршувањето на војната изјави дека Пакистан се подготвува за електронско потпишување, по што од следната недела ќе следат разговори на техничко ниво. САД и Иран вчера сигнализираа дека се блиску до постигнување договор за завршување на војната, а висок функционер на американската администрација изјави дека страните се согласиле за текстот на меморандумот и дека Вашингтон очекува да потпише…
Упатниот акт е издаден за втори јули односно до тој датум Јакимовски треба да се јави на издржување на казната во затворот Скопје, во Шутка. Апелациониот суд во Скопје во вторникот соопшти дека ја потврдил едногодишната затворска казна на Јакимовски за кривично дело бесправно градење кое се однесува на бараката во која до лани во септември беше сместена општина Карпош. Јакимовски има речиси 5 месеци издржано мерка притвор поради што му преостануваат уште 7 месеци од казната. Смета дека правосилноста на пресудата е за да биде спречен да се кандидира за нов мандат во општината бидејќи тој смета дека…
Дваесетгодишен жител на општина Карбинци пријавил дека бил физички нападнат и ограбен на паркинг простор во Штип. LСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С. (20) од село Карбинци пријавил дека околу 21:30 часот едно лице физички го нападнало на паркинг простор во Штип. По нападот, напаѓачот му ги одзел прехранбените производи кои претходно ги купил, а се наоѓале во неговото возило. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.
Властите во јужна Холандија издадоа тридневно предупредување до околу 200.000 жители на кои им е наложено да ја зовриваат водата откако бактеријата ешерихија коли е откриена во нивната вода за пиење, објавија денеска локалните медиуми. Предупредување е издадено до жителите на Дордрехт, Цвајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг на флаширана вода во супермаркетите, објави денес „NL Times“. Службениците изјавија дека целата вода од чешмите мора да врие три минути пред да се користи за пиење, готвење или миење заби. Оваа мерка има за цел да ги елиминира сите бактерии што можеби влегле во водоводниот систем преку дистрибутивната мрежа. Предупредувањето ќе…
Четворица возрасни и четири деца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани во скопско. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 15:30 часот било пријавено дека се судриле патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.М. (35) од село Љуботен и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Љ. (20), исто така од Љуботен. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачката на „мерцедесот“ Ф.М., нејзината сопатничка Б.И. и возачот на „голфот“ А.Љ. Со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години…
Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 12 јуни во 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот очевидец извлекол машко лице кое се давело во водите на Вардар. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој, според информациите, имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала прва помош, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за понатамошно лекување. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
САД и Иран сигнализираа дека се блиску до договор за завршување на војната, а висок функционер на американската администрација изјави дека двете страни се согласиле за текстот и дека Вашингтон очекува да потпише почетен договор во наредните денови. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека иако промените во договорот се сè уште можни, прелиминарниот договор покажува дека неговата земја излегла посилна од конфликтот. „Иран е победник во војната со САД“, рече тој на државната телевизија во петокот. Часови по коментарите, американските сили соборија неколку ирански едномоторни беспилотни летала што се движеа кон Ормутскиот теснец, изјави за Ројтерс извор…
Европската комисија (ЕК) ќе предложи покренување постапка против Бугарија за прекумерен дефицит откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската унија, потврди еврокомесарот за економија, Валдис Домбровскис. Зборувајќи по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург, Домбровскис изјави дека Комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните услови во врска со буџетскиот дефицит, објави денеска порталот „Новините“. Според правилата на ЕУ, постапката за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на државата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот…
Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во гостување во емисијата „Трилинг“ рече дека партијата има јасна визија за иднината на државата, заснована на владеење на правото, борба против корупцијата и подобар животен стандард на граѓаните. Тој нагласи дека државата се соочува со сериозни проблеми и економски застој, при што граѓаните секојдневно чувствуваат доцнење на субвенции, социјални трансфери и поврат на ДДВ, што укажува на слабости во управувањето со јавните финансии. „Како што поминува времето гледате дека буквално на секое поле се касни – се касни со субвенции, се касни со социјална помош, се касни со поврат на ДДВ. Ние сме земја…
Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Армијата објави дека од синоќа имало неколку напади со беспилотни летала од страна на либанската милиција Хезболах врз северен Израел. Портпаролот на армијата, Авичај Адрае, објави на Икс на арапски јазик дека жителите треба веднаш да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Захрани. Секој што престојува во близина на борците на Хезболах, нивните објекти или муниција го става својот живот во опасност, напиша тој. Првично не беше јасно колку луѓе беа погодени од евакуацијата. По…
