НАЈНОВО
Автор: Press Online
Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази?Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти.На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која понатаму во два наврати ќе биде продолжувана до април 2023 година. Кризната состојба е прогласена како резултат на големите нарушувања во функционирањето на пазарот на електрична енергија, што предизвика висок пораст…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди.Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“.Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и во странство, за која се предлага да го носи името „Блаже Конески“, кој е основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и…
„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.Мисајловски истакна дека изминатите две години на Академијата се реализирани значајни проекти кои се инвестиција во идните генерации офицери и дека во идниот период ќе се продолжи со инвестирање во современо…
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за нагло менување на ставовите и најава за предвремени парламентарни избори во кус рок. Жерновски истакна дека по месеци тврдења оти избори нема да има, премиерот сам се демантирал со најавата дека тие ќе се случат „многу скоро“, што според опозицијата е чист доказ дека неговиот збор нема вредност. Тој порача дека СДСМ во никој случај нема да му биде алиби на Мицкоски за предвремено распишување на изборниот процес.Според СДСМ, вистинската причина за брзањето кон гласачките кутии е обидот на власта…
Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат на ресорното министерство не е видлив само во поединечните проекти и процеси кои се веќе започнати, туку во долгорочната насока што ја поставил неговиот тим. Како клучен чекор во тој правец, Алиу го најави официјалното пристапување на државата кон европската програма „EU4Health“, кое ќе се реализира на 24 јуни во Брисел. Според министерот, ова ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи конечно добиваат европска рамка и дека земјата станува рамноправен дел од најголемата здравствена програма на Европската…
Пишува: ТОНИ ПОПОВСКИВо јавноста се отвора дебата за можноста да се организираат вонредни собраниски избори и истата се преклопува со интензивираната агенда на ЕУ за проширување. Главната кочница за нас остануваат уставните измени. Европскиот совет и Европската комисија повторно порачаа дека тоа е услов за продолжување на преговорите. Во исто време, во Брисел се дискутираат нови модели: постепена интеграција, ограничувања на одлучување и вето-права за идни членки, построг мониторинг на владеење на правото итн.Во продолжение моја анализа на прашањето – дали вонредни собраниски избори се неопходни и кои би биле импликаците, надополнета со еден конкретен предлог.Хипотетички, изборите би можеле да…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој се наоѓа во билатерална посета на Турција, информираше за почетокот на економскиот дел од активностите во Истанбул, каде што предводи владина и бројна бизнис делегација. Премиерот истакна дека Владата ја продолжува воспоставената традиција за организирање на интензивни „B2B“ (бизнис-за-бизнис) настани и директни средби меѓу стопанствениците. Тој потсети дека овој успешен модел на поврзување, кој започна во Унгарија, а продолжи во Австрија и на неодамнешната билатерална средба со хрватската бизнис заедница во Охрид, сега се имплементира и на турскиот пазар, соопштуваат од Владата.Главната цел на овие економски форуми, според зборовите на Мицкоски, е македонската економија и домашните…
Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично дело. Неговите адвокати тврдат дека тој ниту ја наредил ниту подоцна ја одобрил операцијата која, според одбраната, не била поврзана со воведувањето воена состојба туку претставувала одговор на повеќемесечното испраќање балони со отпад преку границата од страна на Северна Кореја. На казна затвор од 30…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред.„Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на премиерот што понатаму со процесот. Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува прашањето…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата директно или индиректно и забрана да…
Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот за потенцијалниот договор со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, и истакна дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“. Багеи нагласи дека Иран сè уште нема донесено конечна одлука за договорот, додавајќи дека најголемиот дел од текстот е комплетиран, иако САД „постојано го менуваа ставот“. Тој рече дека Катар и Пакистан активно учествуваат во посредничките напори, но оти неодамнешните акции на САД, односно нападите врз Иран, влијаеле врз дипломатскиот процес. Тој истакна дека ситуацијата во врска со Ормуската Теснина станала сè…
