Автор: Press Online

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред.„Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на премиерот што понатаму со процесот. Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува прашањето…

Read More

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен суд Штип, според кое биле изречени три забрани – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата директно или индиректно и забрана да…

Read More

Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот за потенцијалниот договор со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, и истакна дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“. Багеи нагласи дека Иран сè уште нема донесено конечна одлука за договорот, додавајќи дека најголемиот дел од текстот е комплетиран, иако САД „постојано го менуваа ставот“. Тој рече дека Катар и Пакистан активно учествуваат во посредничките напори, но оти неодамнешните акции на САД, односно нападите врз Иран, влијаеле врз дипломатскиот процес. Тој истакна дека ситуацијата во врска со Ормуската Теснина станала сè…

Read More

Македонија и Турција ќе воведат директна авиолинија на релација Анкара – Скопје, како и карго железничко поврзување. Ова е договорот од успешните билатерални средби што вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ги одржа во Истанбул со турскиот министер за трговија, Омер Болат, и министерот за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу. Средбите се реализирале во рамките на македонско-турскиот бизнис-форум што се одржува во Истанбул. Како што соопшти турскиот министер за трговија воздушниот сообраќај ќе го реализира авиокомпанијата „АЏет“ (AJet). „На средбата се согласивме дополнително да ја зајакнеме соработката во областите на транспортот, логистиката, цивилното воздухопловство и железничкиот сообраќај. Веруваме дека…

Read More

Со воз од Маџари до центарот на Скопје се стигнува за околу пет минути. Но, со автобус на истата релација е потребно подолго време. Ова го покажа споредбената тура што денеска се одржа низ главниот град по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) и таа за градскиот воз. Оваа тура се одржа во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, во организација на „Го грин“, а целта е да се покаже потенцијалот на јавниот превоз во главниот град и можностите за негово унапредување преку брзиот автобуски превоз (БРТ) и преку развојот на градскиот воз. Турата започна со…

Read More

Папата Лав се качи на авион „Фалкон“ што му го понуди шпанскиот крал во неделата, откако технички проблем приземји поголем папски авион на островот Тенерифе, одложувајќи го неговото враќање во Ватикан на крајот од еднонеделната посета на Шпанија. Шпанската влада соопшти дека авионот на воздухопловните сили што го користел кралот ќе го однесе папата и неколку членови на неговата придружба во Рим. Остатокот од делегацијата и новинарите ќе патуваат со друг авион испратен од Мадрид. Папата веќе се качил на лет управуван од авиокомпанијата Иберија откако бил испратен од кралот Фелипе и други шпански претставници, пред да се врати на…

Read More

  Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање на историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за МИА. Во однос на прашањето за нејзината порака од Бугарија каде што учествуваше на самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ, дека процесот на проширување на ЕУ мора да се темели на Копенхашките критериуми, таа одговори…

Read More

  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ќе му ги одземе воените одликувања на осудениот воен злосторник Бранимир Главаш, дознава риечки „Нови лист“. Претседателот Фрањо Туѓман му додели на Главаш седум воени одликувања. Кабинетот на претседателот не одговори директно на прашањето на „Нови лист“ што ќе направи претседателот откако седумгодишната затворска казна на Главаш за воени злосторства ќе стане правосилна, но посочи на изјавата на Милановиќ од мај 2021 година кога му ги врати одликувањата. Гореспоменатите одликувања му беа одземени во 2010 година од претседателот Иво Јосиповиќ. „Доколку Главаш не ме замолеше да го направам тоа, немаше да се вклучам, но го…

Read More

  Воените трошоци на Русија во првиот квартал од 2026 година достигнаа нов рекорден максимум од 5,908 билиони рубли, според пресметките на Јанис Клуге, истражувач во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии, врз основа на податоци од Министерството за финансии. Во споредба со истиот период минатата година, воените трошоци и трошоците за производство на оружје се зголемија за 29,9%, за 68,7% во споредба со јануари-март 2024 година, за 129% во споредба со 2023 година и за 4,6 пати во споредба со првиот квартал од 2022 година. Како резултат на тоа, за прв пат од почетокот на конфликтот, учеството на воените…

Read More

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека се почнати активности за уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде се поставува нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци, како и уредување на летниковците кои секојдневно ги користат голем број граѓани. -Го уредуваме еден од најубавите паркови во Скопје. Парковите се белите дробови на градот. Таму децата растат, семејствата создаваат спомени, младите се дружат, а повозрасните наоѓаат мир, сенка и простор за одмор. Токму затоа, започнавме со уредување на паркот „Македонија“ 1, 2 и 3 во Карпош, каде поставуваме нова урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци,…

Read More

Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија денес објави дека предложило притвор за директорот на приватното средно училиште „Никола Тесла“ од Нови Пазар – Б.Д., кој заедно со уште три лица е осомничен за фалсификување дипломи, со чија продажба стекнале нелегална имотна корист во износ од 20 милиони динари (163.000 евра). Во соопштението се наведува дека Б.Д., како организатор и И.П., В.Ѓ. и М.Н. како членови на криминална група, сториле кривични дела заговор за извршување кривични дела и фалсификување документи во подолг временски период од октомври 2025 година до јуни оваа година. „Организираната криминална група дејствувала така што создала повеќе…

Read More

Воениот гувернер на украинскиот југоисточен регион Запорожје, Иван Федоров, денеска ги повика цивилите да ги напуштат териториите под руска окупација, во услови кога Киев ги интензивира нападите врз тие делови на земјата. Федоров преку „Телеграм“ соопшти дека украинските сили ја гаѓаат руската воена инфраструктура и линиите за снабдување во регионите Запорожје и Херсон. Истовремено, според него, руската армија распоредува дополнителни сили за заштита на своите објекти, што дополнително ја зголемува опасноста за цивилното население. „Затоа ги повикувам сите да не ја одложуваат одлуката за заминување“, порача Федоров. Тој објави и контакти од хуманитарни организации и државни институции што можат да…

Read More