НАЈНОВО
Автор: Press Online
По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, спроведена е голема операција против структурирана криминална група, осомничена за трговија со дрога, а парите добиени од криминална активност биле перени од неколку бизнисмени, кои поседуваат значителен дел од земјиштето во Зврнец. -Според судската одлука од 10 јуни, изрече е превентивна заплена од над 128,3 милиони евра како дел од истрагата за случајот Зврнец, кои биле префрлени на сметката на нотарката Амела Мукај, и биле искористени при три продажби на земјиште во Зврнец. Средствата биле префрлани од сметките на компанијата „Albanian Land Development”, чиј еден од управителите е Реди Струга,…
Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази? Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти. На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која понатаму во два наврати ќе биде продолжувана до април 2023 година. Кризната состојба е прогласена како резултат на големите нарушувања во функционирањето на пазарот на електрична енергија, што предизвика…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред. „Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на премиерот што понатаму со процесот. Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува…
Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е во завршна фаза на договор по неколку рунди ревизии, а се базира на предлогот од 14 точки на Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Можно е тој да биде потпишан веќе во недела. Иако засега нема официјална потврда од Вашингтон и Техеран, иранските медиуми во последните часови објавуваат сè повеќе детали за содржината на привремениот договор што би можел да биде потпишан следната недела и да го означи почетокот на нова фаза во односите меѓу двете земји. Американскиот новински медиум „Аксиос“ објави дека четири авиони на американските воздухопловни сили полетале…
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР најавуваат дека до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст.
Вработените во јавнообвинителската служба при сите обвинителства во државата излегоа со заедничко сериозно предупредување во пресрет на донесувањето на новата законска регулатива. Тие нагласуваат дека Предлог-законот за јавнообвинителска служба, во сегашната форма, не претставува никаков реформски исчекор, туку чиста пропуштена можност за надминување на долгогодишните проблеми. Избришан трудот на експертите, препишан стариот закон Најголемата загриженост на вработените произлегува од фактот што верзијата на законот која е доставена до Собранието суштински отстапува од решенијата кои претходно макотрпно ги подготвуваше специјалната Работна група. Игнориран повеќемесечен труд: Во креирањето на првичниот текст учествуваа претставници на Јавното обвинителство, надлежните институции, академската заедница и меѓународните…
Видео од седумгодишно палестинско момче во Газа кое страда од тешко оштетување на видот и плаче поради скршените очила привлече големо внимание на социјалните и меѓународните медиуми. Снимката од Ајуб Џунаид фрли светлина врз тешката состојба на многуте деца со оштетен вид во Газа кои, поради блокадата на Израел и уништувањето предизвикано од војната, не можат да пристапат до прегледи на очи, корективни леќи или специјализирана офталмолошка хирургија. Откако клипот го видоа десетици милиони луѓе, Ајуб доби нов пар очила. Сепак, оваа добра вест не го решава основниот проблем, бидејќи итно му е потребна операција. Мајката на Ајуб, Еман…
Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше. Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага, рече Андреј Жерновски – секретар за меѓународна соработка на СДСМ, на прес-конференција. Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување избори. Мицковски сака да ги распише изборите предвреме за да ја скрие празната државна каса која ја испразнија со грабеж преку тендери. Но и неисполнетите ветувања пред граѓаните, катастрофалната економска состојба,…
Полициски службеници од СВР Штип вчера привеле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на село Долни. Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. (25) од Штип. -Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип – Кочани во атар на с.Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост…
Додадени се последните капки вода и наномеурчињата се вклучени. „Прекрасната“ преобразба на Доналд Трамп на рефлектирачкиот базен пред Линколн меморијал, една од историски најсимболичните атракции во Вашингтон, е официјално завршена, а јавноста добива прв поглед како се потрошени 14,2 милиони долари за проектот. Сепак, спротивно на предвидливото тврдење на претседателот дека добива „одлични критики“, првичните впечатоци се дефинитивно мешани. Некои од првите посетители изјавија дека не се воодушевени од донекаде здодевната боја на базенот од 2.000 стапки (609 метри)- сина боја на американското знаме, според спецификациите. Други беа збунети кога ги видоа работниците како стругаат алги од дното во…
НАТО постепено ќе ја прилагодува големината на својата мировна мисија во Косово, која е во сила од 1999 година, во текот на следната година, како што безбедносната ситуација во земјата станува постабилна. „НАТО и КФОР се целосно посветени на безбедноста и сигурноста на Косово“, рече генералот на воздухопловните сили на САД, Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на сојузничките сили за Европа (SACEUR). „Оваа посветеност резултираше со поголема стабилност бидејќи безбедносните организации во Косово станаа поспособни. Сегашните услови даваат можност за понатамошно оптимизирање на големината и распоредувањето на силите на КФОР“, додаде тој. Се очекува намалувањето на бројот на војниците да…
-Советот донесе одлука за определување на јавниот обвинител Наташа Крстевска Цалева за вршител на функцијата Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје сметано од 12.06.2026 година, па се до изборот на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, а најмногу за 6 месеци, согласно чл.25 ст.3 од Законот за јавното обвинителство, велат од Советот на јавните обвинители. Инаку пред три месеци пропадна изборот на шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, па неодамна повторно беше објавена листата на пријавени кандидати. За разлика од првиот пат, кога имаше пријавени седум кандидати, сега листата е составена од петмина. Пријавени се обвинителите Енѓелуше…
