Автор: Press Online

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот биле пренаменети, информација која им ја кажале на состанок во Министерството. „Со почит се однесуваме кон секое поставено прашање и кон секоја потреба оваа трагедија достоинствено да биде обележана“, наведуваат од Министерството. Оттаму појаснуваат дека на неодамнешна средба во кабинетот на министерот, на која присуствувале…

Read More

Вашингтон – Судијата го отфрли барањето за запирање на отстранувањето на името Трамп од Центарот „Кенеди“ Федерален судија на САД во петокот го отфрли барањето на одборот на Центарот „Кенеди“ и Министерството за правда да го запрат отстранувањето на името на претседателот Доналд Трамп од местото каде што се одржуваат сценски уметности. Окружниот судија на САД, Кристофер Купер, со пресуда донесена минатиот месец, нареди името на Трамп да се отстрани од иконската зграда во главниот град на земјата до петок. Одборот на доверители, кој е составен од сојузници на Трамп, и Министерството за правда поднесоа жалба во четвртокот барајќи од…

Read More

Пратениците на унгарскиот Парламент изгласаа кратење на сопствените плати за 40%. Ова е само почеток, премиерот Маѓар најави нови намалувања на платите, овојпат на сите именувани функционери. Во Македонија пред некоја година беше изгласано зголемување на платите за 78% за сите функционери. Зошто во Македонија не е проблем зголемување на платите од парите на даночните обврзници, а тоа секако дека се граѓаните, зошто се молчи, зошто не се крева гласот? Вистинска слика за националниот молк  е Институтот за јавно здравје: некои вработени во оваа институција примале плата, а не доаѓале на работа. Нивното лажно присуство го евидентирале нивни колеги кои оделе на…

Read More

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во текот на ноќта се спроведувала голема акција за чистење на главниот град, во која екипите работат до раните утрински часови. Според него, на терен се переле сообраќајници, се собирал отпад, се чистеле јавни површини и се отстанувале диви депонии кои, како што посочува, не смеат да бидат слика за Скопје. -Скопје заслужува да биде чист, уреден и достоинствен град. Но, чистотата не е само обврска на институциите, туку заедничка одговорност на сите нас, порача Ѓорѓиевски. Тој упати апел до граѓаните да не фрлаат отпад на несоодветни места и да покажат поголема грижа…

Read More

Иран во изминатите недели значително ги засили мерките за заштита на своите резерви на високо збогатен ураниум, вклучувајќи рушење на тунели и поставување мини на пристапните точки, поради загриженост од американски операции, изјавија повеќе извори запознаени со разузнавачките проценки на САД. Според тие информации, иранските резерви од околу половина тон високо збогатен ураниум сега се значително потешко достапни отколку порано, откако, како што се наведува, американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше можност за воена акција за нивно запленување. Изворите тврдат дека овие мерки дополнително ги закомплицираа потенцијалните преговори меѓу Вашингтон и Техеран за контрола на иранската нуклеарна програма и за можното…

Read More

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчера попладнето се случила на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. LСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 16:23 часот од Итната медицинска помош. -На булеварот ‘М.Т. Гологанов’, пред улицата ‘Лондонска’, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘форд’ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од Г.С. и мотоцикл ‘сузуки’ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Т. од Скопје, соопшти МВР. Во судирот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Полицијата извршила увид на местото…

Read More

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и од Националното собрание на Куба, пренесе ДПА. – Предложените мерки ќе овозможат решавање на долгогодишните противречности меѓу централното планирање и поттикнувањата – изјави Дијаз-Канел. Тој рече дека се планирани и измени во земјоделскиот сектор, како и реструктурирање на државниот апарат. Покрај тоа, некои економски активности…

Read More

Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази?Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти.На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која понатаму во два наврати ќе биде продолжувана до април 2023 година. Кризната состојба е прогласена како резултат на големите нарушувања во функционирањето на пазарот на електрична енергија, што предизвика висок пораст…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 22 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови

Read More

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди.Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“.Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и во странство, за која се предлага да го носи името „Блаже Конески“, кој е основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и…

Read More

„Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем“ рече министерот Владо Мисајловски, денеска, (12 јуни) на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.Мисајловски истакна дека изминатите две години на Академијата се реализирани значајни проекти кои се инвестиција во идните генерации офицери и дека во идниот период ќе се продолжи со инвестирање во современо…

Read More

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес-конференција упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за нагло менување на ставовите и најава за предвремени парламентарни избори во кус рок. Жерновски истакна дека по месеци тврдења оти избори нема да има, премиерот сам се демантирал со најавата дека тие ќе се случат „многу скоро“, што според опозицијата е чист доказ дека неговиот збор нема вредност. Тој порача дека СДСМ во никој случај нема да му биде алиби на Мицкоски за предвремено распишување на изборниот процес.Според СДСМ, вистинската причина за брзањето кон гласачките кутии е обидот на власта…

Read More