Автор: Press Online

  Во екот на големите демонстрации против владата на премиерот Еди Рама околу луксузниот ресорт што треба да го гради Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, САД го тргнаа од црната листа поранешниот претседател и премиер и лидер на опозицијата во Албанија, Сали Бериша. Оваа одлука ја објави самиот Бериша. Тој беше ставен на црната листа пред пет години. Бериша пристигна во парламентот со насмевка и од собраниската говорница рече „Готово е, тука сум“, по што беше поздравен од сопартијците од Демократската партија, како и Партијата на слободата на Илир Мета. Сепак, до овој момент нема официјално соопштение од Стејт…

Read More

  Американскиот претседател Доналд Трамп објави на платформата Truth Social дека ги откажал воздушните напади и бомбардирањата врз Иран планирани за четврток вечерта, тврдејќи дека највисокото ниво на иранското раководство ги одобрило и прифатило клучните точки од билатералните разговори. Трамп изјави дека деталите од договорот се целосно договорени, но нагласи дека поморската блокада на Иран останува на сила до конечното реализирање на договорот, додека времето и местото на потпишување ќе бидат објавени подоцна. Според Трамп, дискусиите и последните точки во концептуалниот концепт и деталите биле одобрени од сите вклучени страни, вклучувајќи ги САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар,…

Read More

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија не одговори на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето – реагираат од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) откако МНР денеска ги отфрли како невистинити наводите што ЦГК ги објави во анализа на постапките што Министерството ги спроведе во март годинава за евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток.     Од ЦГК велат дека во ниеден момент не ја оспориле потребата од итна евакуација и заштита на македонските граѓани од погодените подрачја на Блискиот Исток, туку, напротив, ја признале можноста за користење постапка со преговарање без претходно објавен оглас со оглед на вонредните…

Read More

Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, велат од Левица. „Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ”, поврзана со синовите на поранешната членка на ДКСК, Цвета Ристовска. Наместо институционална одговорност за ваквиот скандал, денес сведочиме на нејзино унапредување во самата Антикорупциска комисија. Сѐ уште нема разрешница за двете постапки кои Антикорупциска комисија ги отвори против Цвета Ристовска – за непријавување имот во анкетниот лист и…

Read More

Пентагон денес беше затворен, а дел од зградата беше евакуиран откако се активираше сензор за опасни материјали, но подоцна се покажа дека станува збор за лажна тревога, потврдија два извори запознаени со проблемот. Неколку ката и ходници беа затворени поради „инцидент со опасни материјали“, претходно објавија извори и локалната противпожарна служба, објави Си-Ен-Ен. Евакуацијата беше иницирана откако сензорскиот систем на Пентагон сигнализираше за можно присуство на антракс, кој можеше да се слушне на радио комуникациите на службите за итни случаи. Сепак, еден од изворите објасни дека системот бил неисправен, што довело до лажна тревога. Од 12:30 часот по локално време,…

Read More

Министерството за образование и наука потсетува дека од утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година. Пријавувањето ќе се врши преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците ќе можат да се најават со своите постоечки кориснички сметки нана schools.mk. Првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 12 до 15 јуни, додека потребната документација до избраните училишта ќе се доставува на 16 и 17 јуни. Конечните ранг-листи со резултатите од запишувањето и преостанатите слободни места училиштата треба да ги објават на 18 јуни. Второто пријавување во јунскиот рок е закажано за 23 јуни, а документите…

Read More

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³ и информира дека од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. – Во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди можат да спроведуваат и издаваат автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија. Обуката трае четири часа и опфаќа…

Read More

Изгаснат е пожарот во викенд населбата Кумлак над градот Штип во кој беше повреден сопственик на викенд куќа спасувајќи си го својот објект од огнените јазици. Пожарникарот од ТППЕ-Штип, Александар Георгиевски кој учествувал во гаснењето на пожарот и спасувањето на сопственикот на викенд куќата вели дека повредниот е со изгореници по екстремитетите и има вдишано чад. Забележува дека денеска имале среќа што е спасен човечки живот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов го посетија повредниот човек во штипската Клиничка болница. Ангелов во изјавата за медиумите вели дека според сведоци денешниот пожар е различен од…

Read More

Познат е идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп – Градско, во која учествувале две возила со прилепски регистарски таблички. Секторот за внатрешни работи Велес попладнево сподели повеќе детали за сообраќајната несреќа. – Денеска во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило „шкода“ и…

Read More

Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере во Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК, посочуваат дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи и ДПД Штип со 4 возила и 12 членови. -Од пожарот се зафатени сува трева и грмушки, а поради силниот ветер тој брзо се…

Read More

  Европејската доверба во американската „безбедносна гаранција“ достигна историски минимум, покажува истражување, при што само еден од 10 луѓе во 15 земји ги гледаат САД како сојузник, а мнозинството се сомнева дека ќе им помогнат доколку бидат нападнати. Истражувањето, објавена во средата од страна на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи (ЕЦФР) пред критичните самити на Г7 и НАТО во Франција и Турција во наредните недели, откри „длабока европска недоверба во САД“, велат авторите. Исто така, покажа дека, иако многу Европејци сметаат дека односите со Вашингтон ќе се подобрат откако Доналд Трамп ќе ја напушти функцијата, тие во меѓувреме се…

Read More

Пожарот во месноста Плуждино кај Штип, кој вчера избувна најверојатно по удар на гром, денеска повторно се разгоре и, според информациите од терен, е посилен од вчерашниот. Огнената стихија зафати поголема површина и предизвика нова мобилизација на противпожарните екипи. Според првичните информации, едно лице е повредено, а најмалку една куќа е зафатена од пожарот. Засега нема официјални детали за степенот на повредите и за материјалната штета. Пожарот првично избувна вчера на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино, при што силниот ветер придонесе огнот брзо да се прошири кон ридовите над градот. Пламените јазици се движеа во правец на населените…

Read More