НАЈНОВО
Автор: Press Online
Енес Демири беше уапсен на 21 мај 2025 година под сомнение за убиството кај „Пластичарска“. На рочиштето од 11 јуни 2026 година, застапникот на обвинението го повлече обвинението поради доказите што ги достави одбраната. Во моментот на настанот, Демири се наоѓал на друга локација и разговарал по телефон со својата сопруга.Пет сведоци дадоа искази пред надлежните органи со кои го потврдија неговото алиби.Обезбедени беа и други материјални докази што укажуваат дека тој не бил инволвиран во настанот.Адвокатката Ивана Јакимовска соопшти: „По спроведена темелна и професионална истрага, надлежните органи утврдија дека мојот клиент е целосно невин и нема никаква поврзаност со…
Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, поднесе оставка поради плановите на владата за воени трошоци, обвинувајќи ги премиерот Кир Стармер и министерката за финансии Рејчел Ривс дека ја довеле во опасност безбедноста на земјата во време на растечки меѓународни закани. Во острата оставка, која дополнително го поткопува веќе кревкиот авторитет на премиерот, Хили рече дека долгоочекуваниот план за инвестиции во одбраната (Dip) не е во согласност со она што е потребно за да се заштити Велика Британија во толку опасен момент. Хили откри дека Стармер планира да ги зголеми трошоците за одбрана за само 0,08% од БДП помеѓу следната…
Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на Обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултатите се легитимни, но дека самостојноста на институцијата е загарантирана со Уставот и законите. Паралелно, информира дека истрагата за случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза, а предметот „Мазут“ е во постапка пред Вишото…
Реакција на одговорот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија Го цениме фактот што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија јавно се осврна на наодите од истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај“. Сепак, сметаме дека реакцијата не дава одговор на повеќе суштински прашања поставени во истражувањето. Најнапред, во истражувањето во ниту еден момент не се оспорува потребата од евакуација на македонските државјани од кризното подрачје, ниту пак се доведува во прашање обврската на државата да преземе итни мерки за нивна заштита. Напротив, истражувањето јасно го признава постоењето на вонредни околности и законската можност за…
Соединетите Американски Држави и Иран сè уште се заглавени во жестока вербална војна околу статусот на Ормускиот теснец. Откако американската војска изврши втор бран воздушни напади врз иранските радарски места и системи за воздушна одбрана синоќа, Техеран повторно го прогласи теснецот целосно затворен за сите видови бродови. Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) отиде чекор понатаму и се закани дека ќе отвори оган врз сите танкери и трговски бродови што ќе се обидат да поминат низ овој стратешки морски премин. Од друга страна, Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) силно ги негираше овие тврдења, објавувајќи на социјалната мрежа X дека комерцијалните…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 2017 до 2025 година, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор не утврдил правни и физички лица кои се сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општина Дебрца кои подлежат на обврска за плаќање данок на имот, како и за нивно реоданочување. Со тоа, пријавениот ја оштетил општина Дебрца во износ…
ДЕМАНТ И РЕАКЦИЈА НА НАВОДИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги отфрла инсинуациите и шпекулациите изнесени во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, во кое без никакви докази се пласираат тврдења за наводно незаконско постапување при организацијата на евакуацијата на македонските државјани од регионот на Блискиот Исток. Особено загрижува фактот што во анализата целосно се игнорира контекстот во кој беше спроведена постапката. Станува збор за вонредна состојба предизвикана од воени дејствија и директна закана по безбедноста на македонските граѓани затекнати во кризното подрачје. Постапката беше спроведена, во согласност со…
Веб-страницата Meet Prespa објави повик за сите жители на Преспа, пријавете доколку имате иницијатива која ќе ја збогати понуда за посетителите од Македонија и од странство. – Драги Преспанки и Преспани, од неодамна во функција е нашата веб платформа meetprespa.mk која има за цел да го промовира нашиот регион. Во таа смисла платформата се стреми да ги промовира сите наши потенцијали. Затоа Ви се обраќаме со молба да ни се обратите како земјоделци, угостители, домаќинства со сместувачки капацитети и сите други кои сметаат дека нивната иницијатива може да биде во функција на збогатувањето на понуда за посетителите од нашата земја…
Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, заедно со обновените напади на Трамп врз Иран, ја потресоа берзата, еден од претпочитаните економски индикатори на Трамп. Индустрискиот просек Дау Џонс падна над 900 поени, а S&P 500 и Nasdaq исто така паднаа. Трамп им рече на новинарите во среда дека ја сака „инфлацијата“,…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушнатѕ цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит претседател Емануел Макрон сосема се разликува од она што е разговарано на вчерашниот состанок на претседатеката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарската колешка Илијана Јотова во Софија. Мицкоски порача дека мора да…
Од Царина информираат дека македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица. -Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL. Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг…
Украински напад со дрон предизвикал пожар во нафтена рафинерија во близина на јужниот руски град Краснодар, соопштија регионалните власти. Според Центарот за кризни ситуации на Краснодарскиот регион, рафинеријата во населбата Афипски, една од најголемите во јужна Русија, била опожарена во нападот. Пожарот утрово бил изгаснат, а нема информации за повредени во нападот. Гувернерот на Краснодарскиот регион, Венијамин Кондратјев, изјави дека три лица биле повредени од остатоци на соборени дронови што паднале врз станбени објекти во други делови од регионот. Рафинеријата во Афипски преработува околу седум милиони тони сирова нафта годишно и неколкупати досега беше цел на украински напади со дронови.…
