Автор: Press Online

Веб-страницата Meet Prespa објави повик за сите жители на Преспа, пријавете доколку имате иницијатива која ќе ја збогати понуда за посетителите од Македонија и од странство. – Драги Преспанки и Преспани, од неодамна во функција е нашата веб платформа meetprespa.mk која има за цел да го промовира нашиот регион. Во таа смисла платформата се стреми да ги промовира сите наши потенцијали. Затоа Ви се обраќаме со молба да ни се обратите како земјоделци, угостители, домаќинства со сместувачки капацитети и сите други кои сметаат дека нивната иницијатива може да биде во функција на збогатувањето на понуда за посетителите од нашата земја…

Read More

  Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, заедно со обновените напади на Трамп врз Иран, ја потресоа берзата, еден од претпочитаните економски индикатори на Трамп. Индустрискиот просек Дау Џонс падна над 900 поени, а S&P 500 и Nasdaq исто така паднаа. Трамп им рече на новинарите во среда дека ја сака „инфлацијата“,…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушнатѕ цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит претседател Емануел Макрон сосема се разликува од она што е разговарано на вчерашниот состанок на претседатеката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарската колешка Илијана Јотова во Софија. Мицкоски порача дека мора да…

Read More

Од Царина информираат дека македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица. -Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL. Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг…

Read More

Украински напад со дрон предизвикал пожар во нафтена рафинерија во близина на јужниот руски град Краснодар, соопштија регионалните власти. Според Центарот за кризни ситуации на Краснодарскиот регион, рафинеријата во населбата Афипски, една од најголемите во јужна Русија, била опожарена во нападот. Пожарот утрово бил изгаснат, а нема информации за повредени во нападот. Гувернерот на Краснодарскиот регион, Венијамин Кондратјев, изјави дека три лица биле повредени од остатоци на соборени дронови што паднале врз станбени објекти во други делови од регионот. Рафинеријата во Афипски преработува околу седум милиони тони сирова нафта годишно и неколкупати досега беше цел на украински напади со дронови.…

Read More

Најголеми досега беа синоќешните протести што се одржаа во Тирана против изградбата на луксузно одморалиште на јадранскиот брег во јужна Албанија, планирано од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Ова беше11-ти протест по ред, траеше повеќе од четири часа, со учество и на Албанци надвор од Албанија, што доби сенационален карактер. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Албанија не е на продажба“ „Рама во затвор – Бериша во затвор“ ” Оставете не да живееме тука“ … маршираа од плоштадот „Скендер бег“ до владата каде побараа оставка од премиерот Еди Рама, кој вели дека проектот е благослов за земјата,…

Read More

Денес, 11 јуни 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.2). Анализирани се конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна. Овие случаи се издвојуваат преку анализа на наодите од црвените знаменца кои ги применува Бирото за јавни набавки, преку истражувања кои почиваат на јавно достапните информации, како и преку консултации со граѓаните. Издвојуваме дел од клучните наоди од 3 анализирани тендери: 1. Набавка на пасоши, лични карти и возачки дозволи:За 5 години граѓаните платиле 73 милиони евра за лични…

Read More

Невреме проследено со урагански ветер и локални врнежи од град синоќа зафати делови од Словенија. Според податоците од Центарот за известување при Управата за заштита и спасување на Република Словенија, низ целата земја се регистрирани над 400 интервенции поради силнoто невреме со обилни врнежи од дожд, интензивни налети на ветер и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најмногу интервенции имале пожарникарите во регионот на Љубљана, каде се регистрирани 152 случаи, 102 интервенции во Крањ и 39 во Целје. На терен биле ангажирани 161 пожарникарска единица, од кои седум професионални. Најзасегнати подрачја се општините Коменда и Церкље во Горенскиот регион. Снимки…

Read More

Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во европскиот регион починале од причини поврзани со високите температури. Тој ги опиша горештините како „тивок убиец“ што може да биде спречен доколку Европа само ги примени алатките и мерките што веќе ги има на располагање. Клуге во Берлин ги претстави ажурираните препораки за заштита од…

Read More

Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите. Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир. Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана на 10 јули 2024 година, успеала за исклучително краток временски период да обезбеди четири договори од Општина Чаир во вкупна вредност од 3.462.665 евра. Договор бр. 1 – 88.433.315 денари (околу 1,44 милиони евра) Договор бр. 2 – 59.861.572 денари (околу 973…

Read More

Американската армија соопшти дека Централната команда на САД (CENTCOM) ги завршила новите напади врз Иран, неколку часа откако претходно беше објавено нивното почнување по наредба на претседателот Доналд Трамп. „Силите на CENTCOM извршија напади врз ирански воени капацитети за надзор, комуникациски системи и позиции на противвоздушната одбрана низ Иран. Средства на Маринскиот корпус, Воздухопловните сили и Морнарицата на САД употребија прецизно наведувана муниција врз ирански цели што претставуваа закана за американските сили и за меѓународните трговски бродови што пловат во регионалните води“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа „Икс“. Од командата соопштија дека нападите се одговор на, како…

Read More

Турски државјанин е лишен од слобода поради сомнение за криумчарење на околу 177 квадратни метри кожен материјал, информираат од Министерството за внатрешни работи. Акцијата ја реализирал Мобилниот тим од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција. На 10 јуни, околу 16:15 часот, на подрачјето на СВР Куманово, при движење на патниот правец Куманово – Крива Паланка, полициските службеници запреле товарно возило „мерцедес бенз“ со косовски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управувал Т.Б.К. (26) од Турција. При преглед на товарниот дел биле пронајдени шест вреќи во кои имало 49 парчиња кожен материјал…

Read More