Автор: Press Online
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.С.(54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време. -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени и реформи во образованието треба време, во краток период не може да се нрапават многу нешта. Тоа треба да биде постепено, во договор, со прифаќање, не насилно, зашто насилните промени будат револт, премногу се брзи и немаат ефект. Има уште да се работи, иако направивме…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: – Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во близина на брегот на Оман. – Вчера силно ги нападнавме и денеска повторно силно ќе ги нападнеме, во случај да сте пропуштиле, во случај да не сте го вклучиле телевизорот, наведе…
Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите околу историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ. – Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме нивните позиции. За да им дадам шанса на преговорите, на разговорите и на дијалогот, само ќе кажам дека едно на обајцата ни стана јасно: не се во прашање само уставните…
Конзорциум од осум одбранбени компании предводени од Ербас започнува проект за борбен авион од шеста генерација, „Тим Генерација 6“, кој има германска поддршка. Иницијативата доаѓа како замена за неуспешната француско-германско-шпанска програма FCAS, а се очекува проектот официјално да биде претставен оваа недела во Берлин. Нова иницијатива за развој на борбен авион се формира под германско водство по пропаѓањето на амбициозната програма Европски иден борбен воздушен систем (FCAS). Конзорциум од осум компании, наречен „Тим Генерација 6“ и предводен од Ербас, ќе биде лансиран во четврток во Берлин, потврди воздухопловниот гигант за АФП. Алијансата има за цел да го развие борбениот авион…
Скопскиот Апелациски суд му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува. Во декември 2025 година Апелација првостепената одлука ја укина и ја врати на повторно судење, а сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се заканија со штрајк, пишува СДК.мк. За контролорите на летање ова е гушење на уставно загарантираното право на штрајк во Македонија и опасен преседан за сите работни луѓе во случај оваа одлука на Апелациониот суд Скопје да стане судска пракса. Најавија поднесок до Врховниот суд, од кого ќе…
Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа. – Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираа од јавното претпријатие.
Воените сили на Украина во текот на ноќта и утрово извршија напади врз повеќе руски градови и региони, а меѓу целите беа Москва, Чебоксари, Новокујбишевск, Ростовската област, како и објекти на инфраструктурата во Владимирската област, соопштија руските власти. Силите за противвоздушна одбрана на руското Министерство за одбрана одбија напад од четири дрона, соопшти утрово градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. „Службите за вонредни состојби работат на местото на падот“, напиша Собјанин на социјалните мрежи. Според него, во текот на ноќта и утрото биле соборени вкупно 12 украински беспилотни летала. Шефот на Чувашката Република, Олег Николаев, утрово соопшти дека Чебоксари бил погоден…
На денешната собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на Левица и пратеник, проф. д-р Димитар Апасиев, се осврна на, како што оцени, катастрофалната состојба во македонското земјоделство, предупредувајќи на растечката зависност од увоз на храна, падот на домашното производство, уништувањето на сточниот фонд и политиките кои, според него, работат во интерес на посредниците наместо на производителите. Апасиев оцени дека македонското земјоделство се соочува со сериозен пад на производството и оти актуелните политики не даваат резултати. Според него, државата нема долгорочна визија за развој на земјоделството, ниту пак ги…
Општина Аеродром попладнево преку писмена реакција ги отфрли обвинувањата на советничката група на опозицискиот СДСМ дека Општината за „багателна“ цена од 2 000 денари квадратен метар распродава градежно земјиште, оценувајќи ги како политичките конструкции, манипулации и целосно неточните тврдења. Зградата во која се сместени простории на Општина Аеродром Според општинската администрација, станува збор за уште еден обид за евтина политичка кампања преку свесно ширење дезинформации и без елементарно познавање на материјалите што редовно се разгледуваат на седниците на Советот. „Доколку советниците од СДСМ навистина ги следеа точките за кои земаат советнички паушал, ќе знаеја дека не постои никаква ‘распродажба’, туку…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека на Иран му требало предолго време да преговара за мировен договор и дека сега ќе мора да „ја плати цената“.„Иранската војска е целосен и апсолутен хаос“, рече претседателот во објава на Truth Social. „Голем дел од неа, како нивната морнарица и воздухопловни сили, веќе не постои – тие се целосно поразени. Иран само зборува и не прави ништо.“ Цените на нафтата пораснаа, а фјучерсите на американските акции паднаа по коментарите на Трамп. Фјучерсите на суровата нафта од Западен Тексас последен пат пораснаа за околу 1,4%, тргувајќи се со околу 89,37 долари за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, на кој, како што соопштија од нејзиниот кабинет, укажала на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз кои пред три децении беше воспоставен овој процес. Од Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија / Фото: Кабинет на претседателот на РС Македонија Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оценила дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од…
