НАЈНОВО
Автор: Press Online
Четириесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 20.000 денари, откако наседнал на лажна порака поврзана со наводна резервација на стан во Скопје. Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 13:30 часот, тетовецот пријавил дека на 6 јуни преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан. Тој го отворил испратениот линк и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што од неговата сметка биле повлечени 20.000 денари. Сомнежот дека станува збор за измама се појавил откако лицето кое комуницирало со него побарало дополнителни 25.000 денари. Тетовецот…
Силни експлозии се слушаа на три клучни локации кај Ормускиот теснец. Иран најави дека ги преиспитува преговорите Иранските државни медиуми објавија дека силни експлозии се слушнале ноќеска на островот Кешм, во градот Бандар Абас и во округот Џаск, три стратешки важни локации долж Ормускиот теснец. Островот Кешм се смета за клучен дел од одбранбениот систем на Иран во Ормускиот теснец. Бандар Абас, најголемиот пристанишен град на Иран на југот од земјата, е дом на важни поморски и воздухопловни бази, додека округот Џаск има значително воено присуство и е едно од клучните пристаништа на Иран источно од Ормускиот теснец. Иранските…
Протестот го организира граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи ги повика жителите да се приклучат и јавно да го изразат своето незадоволство. „Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни. Додека нас не држат будни, институциите спијат“, порачаа организаторите во повикот до граѓаните. Жителите бараат доследно почитување на законските прописи, редовни и ефикасни инспекциски контроли, како и поголема заштита на јавниот ред и мир. Според нив, целта на протестот е да се обезбеди мирна и безбедна средина за живот за сите жители, особено за децата. Од иницијативата посочуваат дека проблемот со бучавата трае со години…
Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за цивилна одбрана, Бернардо Рафаелито Алехандро. Во провинцијата Сарангани каде беше епицентарот на земјотресот од понеделникот со јачина од 7,8 степени, се регистрирани 18 жртви, додека 15 лица загинале во соседната провинција Јужен Котабато, вклучително…
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, реагираше по медиумските прашања поврзани со соопштението на политичката партија „Левица“, истакнувајќи дека останува доследен на принципот да не коментира политички ставови изнесени во јавноста. Сепак, како што наведува тој, овојпат се чувствува повикан да реагира поради, како што вели, лични дисквалификации и навреди кои се појавуваат во јавниот дискурс. „За жал, на македонската политичка сцена сè уште опстојува примитивен политички менталитет“, наведува Костадиновски во својата реакција. Тој изрази и жалење што неговиот професионален и личен живот, како и идните кариерни одлуки, се ставаат во политички контекст. Како што посочува, прашањето за…
Поголема количина пури во вредност од четири илјади евра запленил мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин „Табановце“, на македонско-српската граница.
Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај на глобално ниво откако постојат записи, соопшти Службата за климатски промени „Коперникус“ на Европската Унија. Европа доживеа брза промена од температури под просекот до еден од најинтензивните топлотни бранови на почетокот на сезоната некогаш регистрирани во западните делови на континентот, покажаа податоците собрани од мониторингот. Топлотниот бран доведе до бројни нови температурни рекорди за месец мај, при што Франција, Велика Британија, Ирска и Португалија беа меѓу најтешко погодените. „Коперникус“ соопшти дека има долгорочен тренд на затоплување на Европа, кој се карактеризира со сè почести, поинтензивни и порани екстремни горештини, пренесе ДПА. Во…
Адвокатот Жарко Стеваноски, како бранител на осомничениот Александар Спиркоски во истрагата на ОЈО за ГОКК во која е опфатен и поранешниот директор на Царината Стефан Богоев, упати јавна реакција до прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците Миле Левков и Бране Петрушевски. Стеваноски реагира на нивните секојдневни прес-конференции, оценајќи ги како недозволив јавен линч, груб притисок врз органите на прогонот и обид за собирање дневно-политички поени преку пласирање тешки клевети. Одбраната потенцира дека пратениците Петрушевски и Левков изнесуваат лажни информации и наводни докази од доверлив карактер со кои не располага ниту обвинителството, поради што ги повикува надлежните органи да истражат од каде…
Светските резерви на нафта се намалени на најниско ниво во последните повеќе од две децении, предупреди американската Администрација за енергетски информации (EIA), наведувајќи дека залихите во развиените економии се на најниско ниво од 2003 година. Според најновите прогнози на EIA, глобалните резерви ќе продолжат да се намалуваат и во наредните месеци. Агенцијата проценува дека во вториот квартал светските залихи ќе се намалуваат со темпо од 6,3 милиони барели дневно, додека во третиот квартал падот би можел да достигне 7,66 милиони барели дневно. Една од главните причини за ваквата состојба е нарушениот поморски сообраќај низ Ормускиот теснец – една од најважните…
Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето Ал Азрак во провинцијата Зарка, пренесува „Ал Џезира“. Во соопштението, војската на Јордан наведува дека пресретнувањето на иранските ракети во воздухот предизвикало пад на нивни остатоци, но нема жртви ниту материјална штета. Се додава дека воени…
Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција посветена на тестирањето за рано откривање на рак на грлото на матката, информираат од Фондот. Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани состојбите и трендовите во спроведувањето на скрининг-програмите, опфатот на осигурениците со ПАП и ХПВ тестирање, како и користењето на овие превентивни услуги. Ќе бидат изложени и информации за измените во цените на услугите, нивното значење за здравствениот систем и очекуваните придобивки за осигурениците и здравствените установи.
Американскиот Конгрес синоќа одобри речиси 70 милијарди долари за финансирање на агенциите за спроведување на законите за имиграција, што се смета за голема победа на претседателот Доналд Трамп во неговите напори да ги продолжи своите цврсти имиграциски политики во остатокот од неговиот втор мандат. Мерката, која беше поддржана од Републиканците, помина во Претставничкиот дом со тесно мнозинство од 214 наспроти 212 гласа откако претходно беше усвоена во Сенатот, и сега го чека потписот на Трамп, пренесе ДПА. Предлог-законот обезбедува речиси 70 милијарди долари до 2029 година за Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) и Агенцијата за царина и заштита на…
