Автор: Press Online

Да се гради нов Клинички центар во Скопје без да бидат завршени болниците во Штип и Тетово за директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски не е пожелно. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новиот ултрамодерен Клинички центар ќе почне да се гради наредната година на локацијата пред базенот Борис Трајковски, кој со подземен премин би бил поврзан со болницата „8 Септември“. „Пред да стигнеме до Клинички центар верувам дека треба да направиме се што е возможно да видиме кои се регионалните капацитети. Не мислам дека во секое гратче треба да има болница, туку да видиме како ќе се движат пациентите од брегалнички…

Read More

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (23), и мопед управуван од П.С. (20), двајцата од населба Илинден. Во несреќата, со тешки…

Read More

Папата Лав, силен застапник за правата на затворениците, денес за прв пат посети шпански затвор, повикувајќи ги затворениците да се искупат за своите злосторства и да водат подобар живот. Зборувајќи со затворениците во затвор во близина на Барселона, папата рече дека историјата на една личност „не ја одредува иднината, туку нуди можност да ги промениме нашите одлуки и избори“. Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, е во еднонеделна посета на Шпанија, каде што предупреди дека ескалацијата на конфликтите го турна светот во длабока криза и повика на подобар третман на мигрантите. Централниот дел од патувањето на папата во Барселона,…

Read More

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен да ги прифати уставните измени под условите на Бугарија со цел повторно да дојде на власт. „Специјалниот бугарски пратеник Филипче е спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт“, изјави Лефков. Тој оцени дека програмата на Филипче не ја добива поддршката што ја очекува, поради што, како што рече, се впушта во „романса со Бугарија“ за да им се допадне на граѓаните. Според Лефков, повеќе од 80 проценти од граѓаните сметаат дека уставни измени…

Read More

СЕКЕ Прилеп ги информира тутунарите за правилното третирање на тутунот и за препаратите што треба да се користат во производството, со цел да се зачува квалитетот на производот, здравјето на производителите и сигурноста при откупот. Во препораките се наведува дека тутунот треба да се третира исклучиво со препорачани препарати. За заштита од плевели се препорачува Chlomazone, за заштита од штетни инсекти Sivanto Prime, а за заштита од болести Rival. СЕКЕ Прилеп потсетува дека тутунот е инвестиција и приход за целата година, поради што секој третман треба да се прави внимателно, навремено и според упатствата. Употребата на неодобрени и непрепорачни препарати…

Read More

  Протестите против имиграцијата прераснаа во насилство во Северна Ирска откако крајнодесничарските активисти повикаа на демонстрации како одговор на нападот со нож што беше снимен на видео. Толпи, меѓу кои и маскирани мажи, запалија возила и куќи и блокираа патишта во и околу Белфаст во вторник вечерта, неколку часа откако Илон Маск, Томи Робинсон и други агитатори ги повикаа луѓето да излезат на улиците. Демонстрантите киднапираа и запалија автобус „глајдер“ и запалија автомобили во близина на улицата Шанкил и во Њутаунаби, од каде што се излеваше чад додека се огласуваа сирени и полициски хеликоптер лебдеше над нив. Немирите избувнаа неколку…

Read More

Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 17 часот било пријавено дека околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена го тепала своето малолетно дете. Според пријавата, случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, по што жената го оставила на улица и заминала со количка во која се наоѓало друго малолетно дете. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, а надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на жената, утврдување на нејзиниот идентитет и целосно расчистување на настанот. Детето, по укажаната лекарска помош, било предадено на грижата на Центарот за социјални…

Read More

Четириесет и седумгодишен жител на Тетово пријавил во полиција дека бил измамен за 20.000 денари, откако наседнал на лажна порака поврзана со наводна резервација на стан во Скопје. Како што информира СВР Тетово, на 9 јуни во 13:30 часот, тетовецот пријавил дека на 6 јуни преку онлајн платформа добил порака во врска со наводна уплата за резервација на стан. Тој го отворил испратениот линк и ги внел податоците од својата платежна картичка, по што од неговата сметка биле повлечени 20.000 денари. Сомнежот дека станува збор за измама се појавил откако лицето кое комуницирало со него побарало дополнителни 25.000 денари. Тетовецот…

Read More

  Силни експлозии се слушаа на три клучни локации кај Ормускиот теснец. Иран најави дека ги преиспитува преговорите Иранските државни медиуми објавија дека силни експлозии се слушнале ноќеска на островот Кешм, во градот Бандар Абас и во округот Џаск, три стратешки важни локации долж Ормускиот теснец. Островот Кешм се смета за клучен дел од одбранбениот систем на Иран во Ормускиот теснец. Бандар Абас, најголемиот пристанишен град на Иран на југот од земјата, е дом на важни поморски и воздухопловни бази, додека округот Џаск има значително воено присуство и е едно од клучните пристаништа на Иран источно од Ормускиот теснец. Иранските…

Read More

Протестот го организира граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи ги повика жителите да се приклучат и јавно да го изразат своето незадоволство. „Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни. Додека нас не држат будни, институциите спијат“, порачаа организаторите во повикот до граѓаните. Жителите бараат доследно почитување на законските прописи, редовни и ефикасни инспекциски контроли, како и поголема заштита на јавниот ред и мир. Според нив, целта на протестот е да се обезбеди мирна и безбедна средина за живот за сите жители, особено за децата. Од иницијативата посочуваат дека проблемот со бучавата трае со години…

Read More

Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за цивилна одбрана, Бернардо Рафаелито Алехандро. Во провинцијата Сарангани каде беше епицентарот на земјотресот од понеделникот со јачина од 7,8 степени, се регистрирани 18 жртви, додека 15 лица загинале во соседната провинција Јужен Котабато, вклучително…

Read More

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, реагираше по медиумските прашања поврзани со соопштението на политичката партија „Левица“, истакнувајќи дека останува доследен на принципот да не коментира политички ставови изнесени во јавноста.   Сепак, како што наведува тој, овојпат се чувствува повикан да реагира поради, како што вели, лични дисквалификации и навреди кои се појавуваат во јавниот дискурс. „За жал, на македонската политичка сцена сè уште опстојува примитивен политички менталитет“, наведува Костадиновски во својата реакција. Тој изрази и жалење што неговиот професионален и личен живот, како и идните кариерни одлуки, се ставаат во политички контекст. Како што посочува, прашањето за…

Read More