Автор: Press Online

Србија и унгарската нафтена компанија МОЛ постигнаа компромис и ги решија сите отворени прашања поврзани со акционерскиот договор за Нафтената индустрија на Србија (НИС). Договорот вклучува можност Србија да го зголеми својот удел во сопственоста, гаранции за работењето на рафинеријата Панчево и поголеми овластувања на српските претставници во администрацијата на НИС, објави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ на својот профил на Инстаграм. Една од клучните точки на договорот се однесува на можната продажба на акциите на Гаспромнефт. Доколку руската компанија постигне договор со МОЛ за продажба на својот удел од 56,15 проценти во НИС, а Канцеларијата за…

Read More

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), преку соопштение од Комисијата за култура, упати остри критики до министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, по неотповикливата оставка на претседателката на Советот за македонски јазик, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска. Од опозициската партија обвинуваат дека овој чин е јасен показател за распадот на културната политика во државата и бараат итна отчетност од надлежните.Од СДСМ реагираат на одлуката на министерот Љутков да одбие да ги коментира причините за оставката, сведувајќи ја целата ситуација на рутинска административна процедура и обична кадровска промена.„Оставката на личност што ја предводеше институцијата задолжена за јазичната политика не може да…

Read More

За речиси 24 часа од сега започнува Светското првенство во фудбал, кое првпат ќе се игра во три држави домаќини и ќе учествуваат рекорден број репрезентации – 48. Сепак, првпат во историјата на независна Македонија, јавниот сервис – МТВ нема да врши пренос од натпреварите. ТВ правата за овој пазар ги има обезбедено Арена спорт на српски Телеком, но преносот на натпреварите од Мундијалот ќе одат само на премиум каналите кои кај операторите се вклучени во дополнителните пакети, додека пак во основните Арена спорт 1, 2 и 3 нема да има преноси. Ова е прв случај МТВ да не обезбеди…

Read More

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) донесе одлука за намалување на референтните цени на ХПВ-тестот и ликвидниот ПАП-тест – два важни теста за рано откривање на рак на грлото на матката. Според одлуката, која е веќе во сила, референтната цена на ХПВ-генотипизацијата се намалува од 5 500 на 3 310 денари, а партиципацијата за пациентките се намалува од 550 на 350 денари. Кај ликвид ПАП-цитологијата, цената се намалува од 2 200 на 1 250 денари, а партиципацијата се намалува од 250 на 150 денари. Цената на конвенционалниот ПАП-тест останува без промена и изнесува 600 денари. Ревизијата на цените, како што велат…

Read More

Голем пожар беснее над градот Штип. Зафатени се ридови со трева и грмушки. Видливи се големи огнени јазици. На терен се екипи на Територијалната противпожарна единица на Штип кои интервенираат со сите расположиви средства. Засега нема информации за повредени.   Пожарот почнал попладне од удар од гром над викенд населбите Плуждино и Новакова чешма, по што се проширил кон ридовите над градските гробишта во Штип.   Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов најави вонредна прес-конференција на која ќе информира за справувањето со пожарот и евентуалните ризици по населените места.

Read More

Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците спречи огната стихија да зафати куќи и викендички, потврдија локалните власти и претставниците на доброволните друштва. Огнот започнал во преквечерието во непосредна близина на населбата Плуждино, по што брзо се проширил кон населбата Кадидере, која практично се наоѓа во централното градско подрачјеs Во својата изјава за медиумите, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов истакна дека сите расположливи сили се насочени кон критичните точки за да се спречи материјална штета врз домови на…

Read More

Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што истакнаа, катастрофалните резултати, намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, коруптивните скандали и огромното незадоволство кај земјоделците. Со интерпелацијата се бараше политичка одговорност и оставка од Трипуновски. Владејачкото мнозинство ја квалификува интерпелацијата како беспредметна, неоснована и неиздржана, но и како политички маневар за дефокусирање на јавноста од вистинската одговорност за „пустошот, долговите и девастацијата што во…

Read More

Кабинетот на бугарската претседателка Илијана Јотова соопшти дека на денешната средба со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова посочила дека Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во ЕУ односно дека „мора да го спроведе францускиот предлог од 2022 година“. Според Јотова, „ова се европски критериуми за членство, а не бугарски барања“. – За да започне преговори, Скопје треба да ги исполни своите обврски со вклучување на Бугарите во својот Устав. Претседателката Јотова инсистираше на почитување на правата на македонските Бугари и ставање крај на говорот на омраза во Северна Македонија – се наведува во…

Read More

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања,  поради епидемијата на ебола во делови од Централна Африка, а со цел да се спречи ширењето на вирусот за време на Светското првенство во фудбал. Според неименувани официјални претставници, на 1 јуни САД испратиле дипломатски документ во кој изразиле загриженост поради епидемијата и ги повикале европските земји да воведат ограничувања за патувања. Европски дипломат и уште еден извор запознаен со случајот изјавиле дека земјите од ЕУ се уште не одговориле на документот. Минатиот месец американските Центри за контрола и превенција на болести воведоа забрана за…

Read More

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.   На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Т.С.(54) од Крива Паланка, при што тој изгубил воздух и се онесвестил.    

Read More

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека оваа учебна година би ја оценила со четворка. Како што истакна вечерва, изминатиов период е сработено многу, но за спроведување на реформите во образованието треба време. -Годинава беше подобра од претходните, би и дала четворка што е многу солидна оценка. Недостаток ни е времето. За промени и реформи во образованието треба време, во краток период не може да се нрапават многу нешта. Тоа треба да биде постепено, во договор, со прифаќање, не насилно, зашто насилните промени будат револт, премногу се брзи и немаат ефект. Има уште да се работи, иако направивме…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговарајќи на новинарско прашање да ја објасни претходната изјава дека Иран „мора да ја плати цената“, истакна: – Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно, посочи Трамп. Тој на прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето истакна: Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставува, дека имам право на тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со дрон соборил американски хеликоптер „Апачи“ во близина на брегот на Оман. – Вчера силно ги нападнавме и денеска повторно силно ќе ги нападнеме, во случај да сте пропуштиле, во случај да не сте го вклучиле телевизорот, наведе…

Read More