НАЈНОВО
Автор: Press Online
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нова војна со Иран, нагласувајќи дека во таков случај Израел би можел да остане без американска поддршка. Во интервју за американскиот политички портал „Аксиос“ Трамп вели дека на Нетанјаху му порачал да биде внимателен. „Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку многу брзо ќе останеш сам’“, изјавил Трамп. Трамп воедно ги отфрли тврдењата дека евентуалното започнување војна со Иран би било во спротивност со неговото предизборно ветување за „нема нови војни“, кое често го истакнуваше за време на кампањата за Белата куќа. Изјавите на американскиот претседател…
Младинските протести во Брисел вчера прераснаа во судири со полицијата, која употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, пренесе ДПА. Полицијата интервенирала откако дел од демонстрантите почнале да оштетуваат корпи за отпадоци и електрични тротинети, како и да фрлаат камења и пиротехнички средства, јави репортер на агенцијата. Протестот е организиран како реакција на полициското насилство за време на демонстрациите минатата недела против најавените кратења во образовниот сектор. Во текот на протестите, кои траат веќе втора недела по ред, полицијата повторно употреби солзавец и водени топови, а според извештаите на терен биле забележани и полицајци кои користеле палки против демонстрантите. Властите…
Деветте нуклеарни сили во светот во 2025 година ги зголемија трошоците за своите арсенали за 19 проценти, се наведува во извештајот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (International Campaign to Abolish Nuclear Weapons). Според ИКАН, минатата година вкупните трошоци за нуклеарно оружје изнесуваат 119 милијарди долари, што е еквивалентно на 3.768 долари во секунда. Во извештајот се наведува дека САД минатата година потрошиле повеќе за нуклеарно оружје отколку другите осум нуклеарни сили заедно. Трошоците на САД изнесуваа 69,2 милијарди долари, Кина со 13,5 милијарди долари, а на трето место е Велика Британија со потрошени 12,6 милијарди долари, а…
„Ѕидот од дронови“ подигнат по фронтовската линија од страна на украинската војска драматично ги зголеми загубите за руската армија, која е во петтата година од обидите да ги заземе териториите анектирани од Кремљ во 2022 година. Во просек, руските војници имаат 9.000 луѓе убиени на фронтовската линија месечно во 2026 година, или приближно 300 луѓе дневно, според пресметките на Јанис Клуге, експерт во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии, врз основа на буџетски податоци од руските региони. Според буџетската статистика од регионите што исплаќаат надомест за смртта на војниците, руската армија претрпе рекордни загуби во август и декември минатата…
Силни бранови високи до 11 метри и бурни ветрови ја погодија јужната крајбрежна област на Велингтон во Нов Зеланд, предизвикувајќи евакуации, нарушувања во сообраќајот и краткотрајно прогласување вонредна состојба, која подоцна во текот на денот беше укината. Властите издадоа задолжителна наредба за евакуација на крајбрежните населби Овиро Беј, Ајланд Беј, Хаутон Беј, Брејкер Беј и Моа Поинт, откако регионот беше погоден од бранови и ветрови со брзина поголема од 100 километри на час, објави Радио Нов Зеланд (RNZ). На делови од крајбрежјето Ваирарапа се регистрирани удари на ветер со брзина и до 137 километри на час. На аеродромот во Велингтон…
Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување на „Топ Тема“ на Телма, обвини дека власта покажува сериозна неспособност во спроведувањето на реформите, нетранспарентност во носењето на законите и недостиг на вистинска посветеност кон европската интеграција на државата.Петровска нагласи дека токму неспроведувањето на реформите е една од најголемите слабости на актуелната власт. Како пример го посочи Законот за Судскиот совет, кој е дел од реформската агенда, а кој повторно се менува само шест месеци по неговото донесување.„Само ако очекувате дека се усвоени еден или два амандмани или дека е одржана некоја јавна расправа, не значи дека процесот бил инклузивен. Ако не…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“.Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за откривање на лица во скриени простори, седум возила (четири теренски возила и три комбиња), како и пет видео камери, наменети за Граничната полиција и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.Во своето…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, на конференција во Брисел, изјави дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес и официјалниот почеток на преговорите по тематски поглавја. Соопштението беше објавено во контекст на претставувањето на 21. пакет-санкции што ЕУ ги подготви против Русија, при што Фон дер Лајен се осврна на поддршката за Украина и на политиката за проширување на Унијата. Таа го истакна…
На денешниот настан за поставување на камен темелник на доградбата на училиштето „Димитар Беровски“ во Општина Ѓорче Петров, на новинарски прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се осврна и на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар.„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а…
На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката од редовите на СДСМ, Катерина Цаневска-Арсовска, упати три директни прашања до актуелниот градоначалник, Орце Ѓеорѓиевски. Опозициската советничка јавно отвори сериозни сомнежи околу начинот на кој се водат клучните кадровски и комунални политики во главниот град, нотирајќи партизација на културните институции и целосен колапс во менаџирањето со отпадот.Како прво и исклучително спорно прашање, Цаневска-Арсовска го посочи назначувањето на долгогодишниот директор на Македонската радио-телевизија (МРТ), Марјан Цветковски, за нов раководител на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина 2028“. Таа потсети дека неговото 14-годишно раководење со јавниот сервис било одбележано со негативни ревизорски извештаи, незаконско…
Семејството на американскиот претседател Доналд Трамп заработило најмалку 2,3 милијарди долари од криптовалутни проекти што ги промовирало по изборите во 2024 година, додека повеќе од еден милион инвеститори забележале нето-загуби во приближно ист износ, покажува истражување на Ројтерс, пренесуваат западни медиуми. Агенцијата анализирала блокчејн записи, корпоративни документи, интернет-објави и јавни изјави на семејството Трамп и на раководителите на проектите, а разговарала и со претставници на криптоиндустријата. Наодите биле разгледани од повеќе од десет експерти за сметководство и криптовалути, кои ги оценија проценките како разумни. Во центарот на истрагата се четири проекти – „Ворлд либерти фајненшл“ (World Liberty Financial), мем-криптовалутата „$TRUMP“,…
Професорката Симона Груевска поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик. Иако првично решила да не дава медиумски изјави, таа се огласи со јавна реакција по тврдењата на министерот за култура и туризам дека нејзиното повлекување било мотивирано од приватни побуди. Преку отворено писмо објавено на нејзиниот фејсбук профил, Груевска упати сериозни обвинувања за целосна институционална негрижа, отсуство на буџет за клучните јубилеи, игнорирање од страна на министерот и директни политички закани.Груевска ја започна својата реакција со директно прашање до јавноста и власта:„Лични или нелични причини? Кога ја дадов неотповикливата оставка, бев решила да не давам изјави…
