Автор: Press Online

Случајот со наводната узурпација на локалитетот Куклица добива судска разврска. Градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, соопшти дека судот донел времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мора да се повлечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. „Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мораат да се оддалечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот…

Read More

Апелациониот суд во Москва во вторникот ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун. Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена. Осуден во отсуствоВо април, московскиот суд го прогласи познатиот уметник Тили за виновен во отсуство за навреда на религиозните чувства и ширење лажни информации за руските вооружени сили преку неговите настапи на традиционалните карневалски паради во неговиот роден град Дизелдорф. Тили постојано го исмејуваше рускиот претседател…

Read More

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Read More

  Европската унија во вторникот претстави нов пакет предложени санкции против Русија, насочени кон банкарскиот, енергетскиот и трговскиот сектор на земјата, во обид да ја ослабне нејзината економија. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека економијата на Русија „нагло забавува“ додека го презентираше 21-от пакет санкции на блокот, седум недели откако претседателот на Советот, Антонио Кошта, го објави влегувањето во сила на претходниот. „Четири години по почетокот на нејзината целосна инвазија, Русија очигледно не успеа да ја покори Украина“, рече таа. Новите мерки сега треба да бидат едногласно одобрени од земјите на ЕУ. ЕУ сака да им…

Read More

Со презентирање на снимки од претресот во семејната куќа во Неготино, обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска ја почна доказната постапка против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари. Еден од клучните моменти беше исказот на таткото на обвинетиот, Здравко Ристов, даден за време на претресот, во кој тој посочил дека просторот каде што биле пронајдени 350.000 евра го користел неговиот син. „На прашање кој ги ставил тука, тој вели: можеби синот. Кој син? – Синот Ѓоко, судијата. Синот Ѓоко од Скопје го користи овој простор“, цитираше обвинителката…

Read More

Новата бугарска влада, предводена од премиерот Румен Радев, нема планови да продолжи да испраќа воена помош во Украина, објави бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов. „Време е да седнеме на преговарачка маса. Време е да се бара праведен мир што ќе го одредат двете страни“, рече Стојанов на прес-конференција, според Бугарското национално радио (БНР). Промената на политиката доаѓа по парламентарните избори одржани на 19 април, на кои победи политичката опција предводена од Радев, долгогодишен критичар на воената помош за Киев. Стојанов верува дека војната се претворила во исцрпувачки позициски конфликт и дека дополнителните испораки на оружје нема да ја променат…

Read More

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“. Финансиите за овие проекти се дел од…

Read More

  Статуата на Михаил Булгаков во Киев, која стоеше веднаш до музејот во родното место на најпознатиот писател во градот, е урната, објави независниот руски медиум „Медуза“. Властите во декември минатата година одлучија дека Киев нема потреба од статуата на Булгаков, која беше подигната во 2007 година. Уривањето на статуата беше извршено во духот на дерусификација, а градските власти се повикаа на соопштението на Институтот за национално сеќавање, кој игра одлучувачка улога во украинската национализација и политиката на сеќавање: „Михаил Булгаков е на списокот на луѓе што ги користи руската пропаганда за да ја величи руската империјална политика, а предметите…

Read More

Единствена Македонија најостро реагира на обидите да се воспостави тенденциозна и неточна поврзаност меѓу партијата и случајот поврзан со наплатата во локалитетот Куклица, Кратово. Сметаме дека е целосно неточно и неосновано да се создава впечаток за партиска одговорност за прашања кои се во надлежност на институциите, кои треба да постапуваат согласно закон и да ја утврдат целосната фактичка состојба. Јавноста е сведок на институционалните слабости на локално ниво во општина Кратово, поради што сметаме дека фокусот на јавноста и медиумското известување треба да биде насочен кон утврдување на сите релевантни факти, можни пропусти и одговорности во системот, а не кон…

Read More

  Премиерот Христијан Мицкоски изрази чудење за реакциите во јавноста откако се дозна дека телефонски контактирал со републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, објави 4news.mk   Поводот за разговорот беше одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да го затвори случајот со злоупотребите со мазут поради недостиг на докази – потег кој претходно предизвика сериозен шок и незадоволство во извршната власт. Одговарајќи на новинарски прашања за потенцијално мешање во правосудството, Мицкоски направи јасна дистинкција меѓу судската и обвинителската власт, нагласувајќи дека не гледа ништо спорно во комуникацијата со првиот човек на Обвинителството. „Не знам што е чудно што сум се слушнал со јавниот…

Read More

Повеќе од 100 лица починаа од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) од прогласувањето на епидемијата на 15 мај, објавија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на болеста, од кои 101 лице починало, а 19 се излекувале. Епидемијата најмногу ја погодила покраината Итури, каде што се регистрирани повеќе од 90 проценти од случаите, но се проширила и во Северен Киву, Јужен Киву, како и преку границата во Уганда. Станува збор за ретка форма на вирусот Бундибугио, за кој не постои одобрена вакцина или третман, за разлика од вообичаениот заирски сој…

Read More

Денеска од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда. Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната. -Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник…

Read More