НАЈНОВО
Автор: Press Online
Премиерот Христијан Мицкоски изрази чудење за реакциите во јавноста откако се дозна дека телефонски контактирал со републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески, објави 4news.mk Поводот за разговорот беше одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да го затвори случајот со злоупотребите со мазут поради недостиг на докази – потег кој претходно предизвика сериозен шок и незадоволство во извршната власт. Одговарајќи на новинарски прашања за потенцијално мешање во правосудството, Мицкоски направи јасна дистинкција меѓу судската и обвинителската власт, нагласувајќи дека не гледа ништо спорно во комуникацијата со првиот човек на Обвинителството. „Не знам што е чудно што сум се слушнал со јавниот…
Повеќе од 100 лица починаа од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго (ДРК) од прогласувањето на епидемијата на 15 мај, објавија денеска тамошните власти, пренесуваат американските медиуми. Според најновиот извештај, потврдени се 550 случаи на болеста, од кои 101 лице починало, а 19 се излекувале. Епидемијата најмногу ја погодила покраината Итури, каде што се регистрирани повеќе од 90 проценти од случаите, но се проширила и во Северен Киву, Јужен Киву, како и преку границата во Уганда. Станува збор за ретка форма на вирусот Бундибугио, за кој не постои одобрена вакцина или третман, за разлика од вообичаениот заирски сој…
Денеска од Кривичниот суд информираа дека со пресуда на Апелација, поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда. Сепак ова не значи дека Јакимовски токму една година ќе помине зад решетки, бидејќи во казната му се засметува и времето од пет месеци кое го помина во притвор. Затоа останува во затворот во Шуто Оризари да издржи уште седум месеци од казната. -Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник…
Според информациите на СВР-Охрид, вчера е пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св. Еразмо“ на понатамошно лекување. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Првиот подводен дата центар кој добива струја од ветер во светот започна со работа покрај брегот на Шангај, додека Кина напредува со решенија за енергетските предизвици создадени од бумот на вештачката интелигенција во земјата. Демонстративниот проект за подводен центар за податоци во Шангај Линганг, кој започна во мај, има капацитет од 24 мегавати. Тоа е заеднички напор помеѓу HiCloud Technology и China Communications Construction, државна компанија. Сместен на повеќе од 10 км од брегот на Шангај, центарот за податоци е потопен 10 метри под површината на водата и се напојува од блиска ветерна фарма на море. Според кинеската влада,…
Од Општина Кратово вчера излегоа со свој став по наводите дека одредени лица нелегално наплаќаат влезници на локалитетот „Камени Кукли“. Во објавата на Фејсбук, тие ги споделија и имињата на поединците. „Причината за ова е фактот што подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држан во владение од страна на Здружение „Извор“ – Кратово, одговорното лице Милош Димитровски, како и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх. Наведените лица вршат неосновано и бесправно управување со просторот, присвојување на права кои не им припаѓаат, како и противправно збогатување преку неовластена наплата на влезници од посетители и туристи. Дополнително, истите лица…
Франција и Германија се откажаа од заеднички проект за изградба на европски борбен авион откако вклучените компании не успеаја да се договорат за патот напред, нанесувајќи голем удар на напорите на Европа за заедничка одбрана. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц „достигнаа заедничка проценка дека компаниите нема да можат да се договорат“, изјави официјален претставник во Берлин за агенцијата Франс Прес, додавајќи дека лидерите „ја препознале оваа реалност“, објавува Гардијан. Проектот, наречен Иден борбен воздушен систем (FCAS), беше лансиран во 2017 година од Макрон и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел. Целта беше да се заменат француските авиони…
Здружението ,,Извор”‘ од Кратово, како и татко и ќерка од овој град, кои според општината го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, со години имале поврзаност со овој споменик на природата, а во еден период и преку проект поддржан и од Европската Унија. Инаку, преку Здружението Извор од Кратово, застапувано од М. Д. , како што може да се види од нивната фејсбук страница, во 2019 година се имплементирал проектот „Одржливо управување, заштита и промоција на Споменикот на природата – Куклица“, а кој се реализира во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ финансиран…
Петгодишно дете од гостиварското село Чегране било префрлено на Детската клиника во Скопје откако се затруло со лекови што ги проголтало во домот на своите баба и дедо. Како што информира СВР Тетово, на 8 јуни во 18:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар Гостивар, каде детето било донесено поради труење со лекови. Според изјавата на мајката Н.А. (25), настанот се случил околу 17 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо. Поради невнимание, малолетникот дошол во допир со таблети оставени на лесно…
Американскиот претседател Доналд Трамп најмалку 37 пати од крајот на март изјави дека договорот со Иран е неизбежен или дека Техеран очајно сака договор. И покрај повторените најави дека решението е само неколку дена или недели оддалечено, договорот сè уште не е материјализиран. Сепак, Трамп повторно предвиде „тотална победа“ во следните две недели синоќа, според анализата на Си-Ен-Ен. Поминаа повеќе од два месеци откако Трамп објави прекин на огнот со Иран, тврдејќи дека двете страни се блиску до договор. На 7 април, тој објави на социјалните мрежи дека „стигнале многу далеку“ и дека им требаат две недели за да го…
Советничката од СДСМ, Кети Штерјова, постави советничко прашање во врска со непотизмот при вработување пожарникари. „Сведоци сме колку тешко изминатите години се справувавме со пожарите, затоа што токму неефикасноста излезе на површина, и затоа мора да се вработуваат исклучиво професионални и компетентни лица, а не кадри избрани по роднински, кумски или партиски критериуми. — реклама — „Според информациите кои што стигнаа до нас, меѓу вработените на овој оглас се наоѓаат лица кои се во блиски роднински и кумашински врски со Вас, градоначалник. За Сашо Милошевски, имаме информација дека е ваш кумашин. За Николче Темелковски се тврди дека е…
Поради присуството на ентеротоксини од бактеријата Staphylococcus auerus, Државниот инспекторат ги повлече од пазарот сирењата Ile de France Petit Brie 125g и Ile de France Petit Camembert 125g. Како што беше објавено во понеделник, ова се однесува исклучиво на производи со следниве податоци: Ile de France Petit Brie 125g, ЛОТ S26097F3P3, рок на употреба до 06.06.2027 и Ile de France Petit Camembert, 125g, ЛОТ S26100F5P1 и ЛОТ S26100F5P2, рок на употреба до 09.06.2027. Производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, основање на Европскиот орган за безбедност на храната…
