НАЈНОВО
Автор: Press Online
Доналд Трамп се подготвува за нова војна – втора трговска битка со светот. Првата не ги донесе очекуваните резултати, но тоа не го спречува, и покрај многуте знаци дека декларираните цели на нападите врз сојузниците и соперниците нема да бидат постигнати, а товарот на трошоците речиси целосно го сносат американските граѓани и бизниси. Трамп ја започна трговската војна со светот кратко време по враќањето во Белата куќа за втор претседателски мандат. Сепак, набрзо беше принуден да се повлече, бидејќи и главниот соперник на САД – Кина, и сојузниците Канада, Европа и Мексико пронајдоа ефикасни контрамерки, оценува Би-Би-Си. Во февруари, тој…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на компанијата „Макпрогрес“, изрази силно импресионирање од развојниот пат на овој стопански субјект, кој од скромен семеен бизнис прераснал во регионален гигант. Премиерот потенцираше дека со годишен промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата позната по својот бренд „Винчини“, навистина претставува еден од фундаментите и столбовите на македонската кондиторска индустрија.Мицкоски упати јасна порака дека извршната власт е целосно подготвена да даде максимална поддршка за ваквиот тип на бизниси. Како клучен аргумент за државната помош, тој го посочи фактот што околу 80 проценти од вкупното производство на компанијата — без разлика дали се…
Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој, борбата против корупцијата и европските вредности преку поширок Фронт за вистина и правда, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.Кузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси.„Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско – општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска.Воедно, на прес-конференцијата Кузеска посочи дека со „Скопската иницијатива“ и…
Вооружените сили на Украина од почетокот на годинава вратија под своја контрола повеќе од 600 квадратни километри територија, соопшти денеска главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски. Во објава на Телеграм, Сирски наведе дека само во текот на минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Тој не прецизираше на кои делови од фронтот биле постигнати овие успеси, наведувајќи само дека украинските сили продолжуваат да „ја задржуваат иницијативата“ на „одделни делници од линијата на фронтот“. Тврдењата на завојуваните страни не можат независно да бидат потврдени. Минатата недела Институтот за проучување на војната објави дека Украина во…
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, попладнево објави дека поднел оставка од партиската функција и ја доставил до лидерот Венко Филипче. Одлуката, како што пишува Даскаловски во објава на Фејсбук, е донесена со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини. Марјан Даскаловски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица / Фото: Фејсбук„Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица. Чест ми беше да ја предводам Организацијата и да работам со луѓе кои…
Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан. „Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти понудиле посебни услови и привлечни стимулации за странските инвеститори, што го прави Миконос многу поповолна дестинација во споредба со Сазан, објави „Журнал“, наведуваат албанските медиуми. Според истиот извор, прашање на ден е објавувањето на деталите од договорот со Грција. „Овој развој на настаните доаѓа по…
Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира“, коментира ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за оставката што ја поднесе претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски Поранешниот градоначалник на Струмица од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски, да поднесе оставка од партиската функција. Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на СДСМ во Струмица / Фото: Архива Костадинов…
Силен ветер го скинал проводното јаже на далекуводот Охрид-Струга, снабдувањето сега е стабилизирано
Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга. Силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа кинење на проводното јаже на далекуводот. „Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга. Како последица на тоа, регионот на Охрид и Струга остана без напојување со електрична енергија од двата правци. Видео на следниот линк
Компаниите од Силиконската долина, вклучувајќи ја и „Мета“, одлучија да ја прифатат политиката на МАГА, некои од „прилично повеќе себични“ причини, рече поранешниот вицепремиер на Велика Британија, Ник Клег. Клег, кој помина речиси седум години во „Мета“ како раководител на глобални прашања, изјави за поскастот „Остатокот е пари“ дека чувствувал како „многу добро време за мене да продолжам понатаму“ кога ја напуштил компанијата во март 2025 година, три месеци по почетокот на втората администрација на Трамп. Раководителите кои претходно ја избегнуваа политиката се свртеа десно; самите производи „се променија целосно: од тоа да бидат човечки ориентирани кон тоа да…
360°: Вие како го читате Протоколот 2, позицијата на историската комисија и давањето резултати од нејзината работа во контекст на пристапниот процес? Силјановска-Давкова: Како го читам Протоколот 2? Протоколот 2 го читам како записник, записник на двајца министри за надворешни работи, записникот ниту бил ниту ќе може да биде правен инструмент за дополна на Договорот за пријателство и добрососедство. А тој и тоа го прави, бидејќи во членот 12 не пишува дека треба ние да го менуваме Уставот, ниту ги пишува оние други барања во точката 2 и 3 во поглед на говорот на омраза, во поглед на отворањето на…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова в среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамки на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, при што очекува да се отворат и суштински прашања во односите меѓу двете земји. Во интервју за „360 степени” на МРТ 1, Силљановска-Давкова најави дека средбата ќе биде продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на довербата. – Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа во текот на разговорот со вас ја споменав неопходноста од мерки за градење…
Вооружените сили на Украина (АСУ) вратија над 600 квадратни километри од почетокот на оваа година, изјави нивниот врховен командант Олександр Сирски, цитиран од Ројтерс. Тој напиша на Телеграм дека само минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Сирски не прецизираше каде се постигнати овие успеси, ограничувајќи се на тоа да каже дека АСУ продолжува да „ја одржува иницијативата“ во „одделни делови од фронтовската линија“. Тврдењата од двете страни во конфликтот не се независно потврдени. Минатата недела, Институтот за проучување на војната објави дека Украина вратила повеќе територија отколку што изгубила во мај втор месец…
