НАЈНОВО
Автор: Press Online
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува нон-пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури откако ќе има официјален документ. – Мојата оценка е дека кога ќе видиме „пејпер“, тогаш ќе можам да кажам за што се работи, оти нон-пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, со идеи. Иако секогаш ваквиот тип документи, или многу често, им претходеле на вистинските документи. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам – изјави Сиљановска-Давкова во интервју за емисијата „360 степени“…
Полска заплени речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра, што е најголемата заплена на дрога во последните години, објавија властите. Британските медиуми пишуваат дека припадници на полската полиција пронајдоа големо количество наркотици во контејнери што пристигнаа од Обединетите Арапски Емирати во балтичкото пристаниште Гдиња, а властите информации за пратката добиле од британската даночна администрација. „Не треба да ви кажувам што би се случило доколку такво количество од оваа ужасна дрога стигнеше до полскиот пазар“, рече полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кирвински. Дрогата била скриена во пратка декоративни тули и била откриена со помош на рендгенска опрема, се додава…
🚨Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка“ беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди ОДГОВОРНОСТ и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра. ❌️Денес наместо репреговарање, како што ветуваше Мицкоски во опозиција, неговата влада сега обезбедува нови средства и НОВИ ЗАДОЛЖУВАЊА за истиот проект! Ако договорот бил криминален тогаш, зошто денес се финансира?! Ако бил штетен за државата, зошто не е изменет? Ако бил пример за лошо владеење, зошто сега се продолжува по…
Филипче: Фронтот за вистина и правда ги обединува граѓаните, младите и прогресивните сили за промени
Во интервју за „Неделник.рс”, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, говореше за борбата против корупцијата и потребата од широко општествено обединување за враќање на правдата и институциите во служба на граѓаните. Филипче истакна дека СДСМ и граѓанскиот сектор работат на враќање на темата за корупцијата во фокусот на јавноста. „СДСМ и дел од граѓанскиот сектор се обидуваат прашањето за корупцијата и одговорноста повторно да го вратат во фокусот на јавноста, бидејќи Мицкоски со помош на нему наклонетите медиуми успеа да го потисне”, рече Филипче. Тој нагласи дека токму затоа е формиран широк Фронт за вистина и правда, како платформа која…
Војната на Блискиот Исток ги зголеми трошоците за увоз на енергија во Европската унија за 47 милијарди евра во изминатите 100 дена, изјави денес портпаролката на Комисијата, Ева Хрничорова. „Нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 47 милијарди евра во изминатите 100 дена. Тоа е цената што ја плаќаме без да увезуваме ниту една капка енергија повеќе“, рече Хрничорова. Таа додаде дека немало прекин во снабдувањето со енергија во Европската унија, благодарение на диверзификацијата на снабдувањето од страна на ЕУ и зголемувањето на домашното производство. Доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи, а Ормускиот теснец…
Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните, здравствени и енергетски капацитети. – Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници низ државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. На автопатот Кичево-Охрид (57 километри), што се гради веќе 12 години и од кој пуштени се 34 километри, се очекува делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена во употреба најдоцна до септември или октомври оваа година, додека делницата од Врбјани до Ботун…
Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови од државата. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
И покрај тоа што Израел и Иран соопштија дека ги суспендираат нападите на барање на американскиот претседател Доналд Трамп, двете страни се заканија со пожестоки напади во случај да не се почитува најновото примирје. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави дека армијата ќе продолжи да дејствува во Либан ако Хезболах го нападне Израел. – Секој напад врз северната заедница ќе доведе до напад врз Дахија, наведе Кац, алудирајќи на упориштето на Хезболах во јужните предградија на Бејрут. Тој истакна дека Израел „категорички ги отфрла израелските закани“, додавајќи оти „ИДФ ќе продолжи да дејствува против терористичката организација Хезболах“. Во меѓувреме…
Мицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот. Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Можеби заради скарените субвенции за земјоделите? Дали рејтингот на Мицкоски расте затоа што не исполни ниту едно изборно ветување? Толку ли многу се благодарни граѓаните? Или рејтингот на Мицкоски расте поради најавата дека треба…
Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница 8 Септември. Тука ни е пет-центарот и поликлиниката Букурешт и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс, рече на денешниот брифинг со…
Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто така, беше основана нова државна агенција чија задача е да го спроведе планот за управување во соработка со Министерството за економија и под надзор на Врховниот совет за национална безбедност, забележува иранската агенција. Приходите од наплатата на таксите се уплаќаат во државната каса, во согласност…
Со договор за значителна годишна финансиска поддршка од 1 милион евра, Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар. Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, како и други членови на компанијата и клубот. „Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги подржавме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. Уште повеќе што нашата повеќегодишна соработка…
