НАЈНОВО
Автор: Press Online
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред разговорот изјавил дека ќе му порача на израелскиот лидер да не возвраќа на иранските напади, откако Техеран истрелал салва ракети кон израелски цели како одговор на нападот врз предградијата на Бејрут. Иран соопшти дека секој долгорочен мировен договор со Вашингтон ќе зависи од почитувањето на…
Лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство познати како „Европска тројка“, ја поддржаа идејата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за „непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, пренесуваат светските агенции. Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер оценија дека „тековната линија на контакт треба да послужи како почетна точка за преговори“, нагласувајќи дека „меѓународните граници не треба да се менуваат со сила“. Тие на средбата со Зеленски разговарале и за зголемување на производството на одбранбено вооружување и за развој на способности…
Шоко Кавата (35), градоначалничката на градот Јавата во префектурата Кјото, објави дека ќе земе породилно отсуство за раѓањето на своето дете, ставајќи ја во центарот на националната дебата и истакнувајќи голем недостаток во традиционално патријархалните политички и работни системи на Јапонија, пишува Cи-Ен-Ен. Кавата, која беше избрана во 2023 година, треба да се породи кон средината на септември. Таа планира да земе вкупно 16 недели породилно отсуство – осум недели пред и осум недели по породувањето – за што се верува дека е првпат за актуелен градоначалничка во Јапонија. Иако вработените во јавниот сектор имаат право на породилно отсуство,…
Доналд Трамп се подготвува за нова војна – втора трговска битка со светот. Првата не ги донесе очекуваните резултати, но тоа не го спречува, и покрај многуте знаци дека декларираните цели на нападите врз сојузниците и соперниците нема да бидат постигнати, а товарот на трошоците речиси целосно го сносат американските граѓани и бизниси. Трамп ја започна трговската војна со светот кратко време по враќањето во Белата куќа за втор претседателски мандат. Сепак, набрзо беше принуден да се повлече, бидејќи и главниот соперник на САД – Кина, и сојузниците Канада, Европа и Мексико пронајдоа ефикасни контрамерки, оценува Би-Би-Си. Во февруари, тој…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на компанијата „Макпрогрес“, изрази силно импресионирање од развојниот пат на овој стопански субјект, кој од скромен семеен бизнис прераснал во регионален гигант. Премиерот потенцираше дека со годишен промет од повеќе од 40 милиони евра, компанијата позната по својот бренд „Винчини“, навистина претставува еден од фундаментите и столбовите на македонската кондиторска индустрија.Мицкоски упати јасна порака дека извршната власт е целосно подготвена да даде максимална поддршка за ваквиот тип на бизниси. Како клучен аргумент за државната помош, тој го посочи фактот што околу 80 проценти од вкупното производство на компанијата — без разлика дали се…
Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој, борбата против корупцијата и европските вредности преку поширок Фронт за вистина и правда, порача портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.Кузеска посочи дека Македонија не смее да биде заложник на политики кои ја оддалечуваат од европскиот пат и дека е потребно обединување околу заедничките државни интереси.„Фронтот за вистина и правда не е партиски проект туку широко надпартиско – општествено движење отворено за сите граѓани, организации, интелектуалци, професионалци, синдикати и општествени чинители“, рече Кузеска.Воедно, на прес-конференцијата Кузеска посочи дека со „Скопската иницијатива“ и…
Вооружените сили на Украина од почетокот на годинава вратија под своја контрола повеќе од 600 квадратни километри територија, соопшти денеска главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски. Во објава на Телеграм, Сирски наведе дека само во текот на минатиот месец Украина вратила 100 квадратни километри повеќе територија отколку што изгубила. Тој не прецизираше на кои делови од фронтот биле постигнати овие успеси, наведувајќи само дека украинските сили продолжуваат да „ја задржуваат иницијативата“ на „одделни делници од линијата на фронтот“. Тврдењата на завојуваните страни не можат независно да бидат потврдени. Минатата недела Институтот за проучување на војната објави дека Украина во…
Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски, попладнево објави дека поднел оставка од партиската функција и ја доставил до лидерот Венко Филипче. Одлуката, како што пишува Даскаловски во објава на Фејсбук, е донесена со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини. Марјан Даскаловски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица / Фото: Фејсбук„Изминатиот период беше исполнет со многу работа, заеднички победи, но и предизвици со кои се соочувавме секогаш со крената глава и со мисла за доброто на Струмица. Чест ми беше да ја предводам Организацијата и да работам со луѓе кои…
Според сигурни извори на весникот „Журнал“ (Journal) компанијата на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, планира целосно да се повлече од својата инвестиција на островот Сазан. „Извори блиски до проектот потврдија дека е донесена одлука за повлекување и дека средствата ќе бидат пренасочени кон друга луксузна туристичка дестинација, грчкиот остров Миконос. Грчките власти понудиле посебни услови и привлечни стимулации за странските инвеститори, што го прави Миконос многу поповолна дестинација во споредба со Сазан, објави „Журнал“, наведуваат албанските медиуми. Според истиот извор, прашање на ден е објавувањето на деталите од договорот со Грција. „Овој развој на настаните доаѓа по…
Речиси цела година упорно укажував на грешките и говорев за потребата од реформи. Оваа одлука е сигнал дека гласот на оние кои бараат промени конечно можеби се слуша. Бастионот на социјалдемократијата има шанса да се консолидира“, коментира ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за оставката што ја поднесе претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски Поранешниот градоначалник на Струмица од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов, ја поздрави одлуката на претседателот на струмичката општинска организација на СДСМ, Марјан Даскаловски, да поднесе оставка од партиската функција. Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на СДСМ во Струмица / Фото: Архива Костадинов…
Силен ветер го скинал проводното јаже на далекуводот Охрид-Струга, снабдувањето сега е стабилизирано
Поради невремето што попладнево го зафати охридско-струшкиот регион, дојде до испад на 110 kV далекувод ТС Охрид – ТС Струга. Силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа кинење на проводното јаже на далекуводот. „Дефектот настана во период кога, поради редовни технички зафати за замена на оптичко јаже, плански беше исклучен и 110 kV далекуводот ХЕЦ Глобочица – ТС Струга. Како последица на тоа, регионот на Охрид и Струга остана без напојување со електрична енергија од двата правци. Видео на следниот линк
