Автор: Press Online
Израелската армија ќе продолжи со операциите на територијата на „целиот Либан“ и ќе го засили притисокот врз либанската исламистичка група „Хезболах“, изјави армиски портпарол портпарол. „Ги погодивме (јужните предградија на Бејрут) како одговор на континуираното гранатирање на ‘Хезболах’ врз градовите во северен Израел“, изјави генерал Ефи Дефрин. Тој додаде дека израелските сили „ќе продолжат со операциите во Либан и нема да се дозволи продолжување на нападите врз цивили во Израел“. Израелската армија соопшти дека Иран извршил неколку ракетни напади врз израелска територија, први по објавеното примирје на 8 април, при што биле истрелани 11 ракети. „Иранскиот терористички режим направи голема…
Предупредување од ЕК до Албанија: Спорниот туристички проект може да го загрози патот кон членството
Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико. Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена траат протести против изградбата на луксузен туристички комплекс во регионот, кој е познат по богатата флора и фауна, вклучувајќи фламинга, медитерански мечки и морски желки. Според телевизијата, од Европската комисија порачале дека Албанија треба да се воздржи од активности кои би можеле да го загрозат исполнувањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас. Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија „Скај Њуз“. Ова е прва потврда дека рускиот милијардер патувал во украинската престолнина и дека до одреден степен учествува во преговорите. – Абрамович дојде во Киев и рече: ’Ве информирам директно. Сакам да земам порака од вас и да му ја пренесам на Владимир Путин‘. Но, додаде дека…
Генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, упати честитки до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за неговото лидерство и за покренувањето на „Скопската иницијатива“, оценувајќи дека СДСМ останува политичкиот субјект кој го трасирал патот на земјата кон европските интеграции.„Би сакал да му честитам на Венко Филипче и на СДСМ за работата што ја направија во Северна Македонија, како и за покренувањето на Скопската иницијатива. Исто така, сакам да ѝ честитам и на Даша Шиловиќ и на нејзината мрежа за сета работа што ја реализираат во земјата“, изјави Филибек.Тој истакна дека во Северна Македонија е јасно кој политички…
Пишува: ТОНИ ПОПОВСКИИзминативе денови во дебатни емисии со истакнати експерти во областа на евроинтеграциите – поврзано со француско – германскиот Non-paper, меѓуостанатото беа коментирани ризици поврзани со поглавјата 34 (Институции) и 35 (Други прашања) од преговорите за зачленување во ЕУ и прераснувањето на македонскиот јазик во еден од официјалните јазици на ЕУ.Во продолжение мој обид да контрибуирам во дебатата за овие специфични аспекти на севкупниот процес на преговори.Според актуелната методологија за проширување кај поновите преговарачки рамки (Македонија, Албанија, Молдавија и Украина), Поглавје 35 не е вклучено во ниту еден од шесте кластери. Тоа останува посебно поглавје надвор од кластерската структура,…
Владејачката коалиција ВЛЕН, преку изјава на Орхан Куртиши, упати остри критики до Демократската унија за интеграција (ДУИ), обвинувајќи ја дека во текот на своето 25-годишно владеење свесно го оставила настрана еден од главните столбови на Охридскиот рамковен договор – правичната и соодветна застапеност. Според ВЛЕН, актуелните реакции на ДУИ не се мотивирани од интересите на Албанците, туку од нивната лична потреба за политичко преживување.Куртиши истакна дека ДУИ ги имала во свои раце сите клучни институции, министерства и механизми, но наместо да донесе трајно законско решение, креирала привремени алатки кои служеле за политички пазарења. Како пример за тоа ја посочи злоупотребата…
СДСМ е таму каде што му е местото, на страната на народот, на работникот и младите, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 32 програмски Конгресот на партијата, „Твоја држава-твоја шанса“, потенцирајќи дека тоа е и вистинската улога на социјалдемократијата во едно општество што се соочува со економски и институционални предизвици.„СДСМ се враќа таму каде што му е местото. На страната на обичниот човек, на страната на работникот, на страната на младите, на страната на правдата, на страната на Европа. Да ја обновиме вербата. Да ја вратиме правдата. Да ја растуриме маглата и да ја отвориме иднината, порача претседателот на…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени. Повод за тоа било претходен сообраќаен инцидент во кој братот на оштетениот и првоосомничениот со…
– Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. За околку два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи.Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е за прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии.“Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што долго време му требаше на аеродромот и еве конечно се случува. Некаде за…
На 32. Програмски конгрес на СДСМ во Скопје, се обратија претставници од сестринските социјалдемократски партии од регионот и Европа, со силна поддршка на СДСМ и претседателот Венко Филипче како и заедничка порака за продолжување на европскиот пат на Македонија, борбата против корупцијата и зајакнување на демократските вредности.Од името на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), Марко Кричка порача дека партиите се дел од заедничко европско семејство и дека искуствата од регионот треба да помогнат во процесот на интеграција:„Тоа е сложен процес и свесни сте за тоа, и сакаме да ви помогнеме да не ги правите истите грешки како што ги направивме…
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците. -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од областа на безбедноста- информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид. Додаде дека А.Љ. на 29. минатиот месец во 23 часот, на улицата „ Зеќир Чанка“ во Дебар бил лишен од слобода затоа што управувајќи моторно возило „поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал…
Гласачките места во Косово се затворени, а според излезните анкети на вонредните парламентарни избори најголем број гласови доби движењето Самоопределување. Самоопределување освои 42,3 проценти од гласовите, Демократска партија на Косово-21,6 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово – 17,3 проценти. Овие резултати се без гласовите од дијаспората, која гласаше во амбасадите и конзулатите, како и без гласовите пристигнати по пошта.
