Автор: Press Online

Гласачките места во Косово се затворени, а според излезните анкети на вонредните парламентарни избори најголем број гласови доби движењето Самоопределување. Самоопределување освои 42,3 проценти од гласовите, Демократска партија на Косово-21,6 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово – 17,3 проценти. Овие резултати се без гласовите од дијаспората, која гласаше во амбасадите и конзулатите, како и без гласовите пристигнати по пошта.

Read More

Жители на Дојран реагираат дека во општината сè почесто има прекини во водоснабдувањето и слаб притисок во мрежата, токму на почетокот на летната сезона и во период на високи температури. Во порака доставена до редакцијата на Рацин.мк, граѓани бараат јавно објаснување од градоначалникот Илија Тентов и од надлежните служби зошто проблемот со водата се повторува и кои мерки се преземаат. „До кога вака ќе биде во Дојран? Секој ден нема вода, а да не зборуваме за притисокот. На овие жештини, само сме на почеток, да се нема вода е очајно“, се наведува во пораката. Граѓаните тврдат дека водоснабдувањето било прекинато…

Read More

По жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој се гони дека примил награда од околу 1800 евра ќе се одлучува од утре. Кривичниот суд на Богоев му одреди притвор од 30 дена во рамки на истрагата за местење на тендер вреден над 300 илјади евра кој го добила битолската фирма „РЕМОНДИС МЕДИСОН“ за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали. „По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител се уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот…

Read More

Куба почна да дели оружје на своите граѓани бидејќи властите стравуваат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник Version Final. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да дели оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват за непосредна инвазија“, се вели во извештајот. Подготовки за конфликтСекојдневниот живот во главниот град Хавана е веќе целосно подреден на подготовките за потенцијален воен конфликт. Владините агенции и разни организации нашироко дискутираат за итни мерки, а според…

Read More

На подрачјето на Бит Пазар во Скопје е уапсен 40-годишниот Б.А.С. (40), холандски државјанин кој бил баран со меѓународна потерница, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, осомничениот е лишен од слобода од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, по претходно преземени оперативно-тактички мерки. „Лицето е барано со меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени повеќе кривични дела – илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација“, соопшти МВР. Од МВР додаваат дека Б.А.С. е предаден во Полициската станица Бит Пазар за понатамошна постапка.

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија. Според него меѓу демонстрантите има инфлуенсери и луѓе кои живеат од социјалните мрежи,  предупредувајќи  дека протестите би можеле да предизвикаат штета врз туристичката сезона. – Албанија нема да остане заложник. Проектот ќе биде реализиран без оглед на противењата, бидејќи е инвестиција од стратешко значење за Албанија. Тоа е големо добро за нашата економија, голем благослов за Валона и историски…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат. Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво. – Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи оти по нападот нивото на радијација на ги надминува дозволените граници. Тој посочи и дека Русија во текот на ноќта нападнала 13 украински региони, при што, наводно, биле гаѓани и цивилни објекти.

Read More

Изминатото деноноќие регистрирани се повеќе случаи на семејно насилство, меѓу кои физички напади и случаи на демнење во Виница, Тетово, Гевгелија и Скопје, при што против едно лице е поднесена кривична пријава, а две лица се лишени од слобода. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ОВР Виница поднесе кривична пријава против Н.П. (37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. Пријавениот, на 22 мај во семејната куќа во виничко село, физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Виница. По пријава од поранешни партнерки, пак,…

Read More

Веста дека во Скопје, во еден ден, се пронајдени три тела на починати мажи ја вознемири јавноста. Во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково,скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково,скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, соопшти МВР. Попладнето, пак, во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата. Од страна на лекар од Итна…

Read More

Германец кој летал во костим со крилја загина во несреќа во Швајцарските Алпи, паѓајќи кратко по полетувањето, изјави портпаролот на полицијата за ДПА. 47-годишниот маж од Бранденбург скокнал со друг Германец околу 17 часот по локално време во петокот во близина на швајцарското планинско село Ветис на надморска височина од околу 2.080 метри. Тој бил првиот што полетал, соопшти полицијата во кантонот Сент Гален, додавајќи дека телото го пронашле службите за спасување од воздух. Државното обвинителство ја истражува причината за несреќата. Костимите со крилја личат на лилјаци, а ткаенината помеѓу торзото, рацете и нозете е дизајнирана да дејствува како крилја.…

Read More

СДСМ отсега натаму мора да врши силен, континуиран и одговорен притисок врз власта – порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во обраќањето на денешниот 32. конгрес на партијата, преставувајќи ја новата идеолошка платформа на СДСМ, која рече дека мора да биде многу повеќе од декларација. Притисокот врз власта, како што рече, е во три насоки – европскиот процес, економско-социјалната алтернатива и мобилизацијата на прогресивната јавност. Прво, посочи тој, партијата мора да бара јасен државен план од власта за отворање на кластерите и поглавјата во преговорите со точни рокови, политичка одговорност и целосен јавен отчет. Додаде дека народот…

Read More

ДУИ не се бори против корупцијата, туку се обидува да ја сокрие својата – коментираат од владејачката Влен отфрлајќи ги како невистините наводите што денеска ги изнесе Демократската унија за интеграција за наводна имотна поврзаност на ексградоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на „Номагас“, Недим Рама. „Од катастарски податоци се извлекуваат политички конструкции. Се мешаат поими како имотен лист, носител на право, парцела, градежна пријава и намена на објект, со цел кај јавноста да се создаде впечаток за нешто што воопшто не е точно. Сакаат да претстават земјиште од 60 квадратни метри, со идеален дел од по 30…

Read More