Автор: Press Online

​ Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поднесе жалба до Основниот кривичен суд Скопје против одлуката за определување 30-дневен притвор. Во обид да издејствува негово бранење од слобода, адвокатскиот тим на Богоев понуди парична гаранција во износ од 60.000 евра, комбинирана со предлог за поблаги мерки за претпазливост. ​Во жалбата, која веќе е заведена во Судот, одбраната ги оспорува основите по кои судијата на претходна постапка ја одреди најстрогата мерка – опасноста од бегство и можното влијание врз сведоците. Бранителите потенцираат дека станува збор за предмет од финансиска природа, а не за насилен криминал, и тврдат дека…

Read More

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот.Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател во уставниот рок по завршувањето на мандатот на претседателката Вјоса Османи. Право на глас имаат 2.092.174 гласачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот и затвораат во 19:00 часот. На изборите учествуваат…

Read More

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Потоа ќе започне работниот дел, во кој делегатите ќе работат во групи организирани по шест програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот…

Read More

Норвешката престолонаследничка принцеза Мете-Марит е ставена на листа за трансплантација на бели дробови, соопшти Кралскиот двор на Норвешка. Одлуката е донесена по детални медицински прегледи, поради сериозно влошување на нејзината хронична белодробна болест. Мете-Марит, која има 52 години, во 2018 година беше дијагностицирана со белодробна фиброза, прогресивна и тешка болест што предизвикува оштетување и лузни на белодробното ткиво, со што дишењето станува сè потешко. Според лекарите, состојбата во последниот период значително се влошила, по што е оценето дека трансплантацијата е неопходна штом ќе биде достапен соодветен донор. Професорот Аре Холм од Универзитетската болница во Осло изјави дека напредувањето на болеста…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 23 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални…

Read More

Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина. Путин рече дека „не гледа смисла“ во таков состанок, јави ДПА. 

Read More

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага. На средбата ќе бидат презентирани и активностите поврзани со иницијативата „Роаминг како дома“, која има за цел олеснување на комуникациските услуги за граѓаните, како и други актуелни прашања што произлегуваат од надлежностите и тековната работа на Министерството за дигитална трансформација.

Read More

Одлуката за запирање на истрагата во случајот „Мазут“ повторно е во фокусот на јавноста, особено по изјавите на државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој оцени дека е подобро постапката да заврши во оваа фаза отколку да се поднесе обвинение кое подоцна не би можело да се одржи пред суд. На брифинг со новинарите, Савески застана зад одлуката на обвинителката Коларевиќ и посочи дека е изненаден од дел од реакциите што следуваа по нејзиното донесување.Додека институциите располагаат со сите релевантни информации и докази, граѓаните најчесто ги формираат своите ставови врз основа на медиумски извештаи, политички изјави и различни толкувања на настаните.…

Read More

За позитивните пораки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон дека за Западен Балкан има место во Европската Унија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека власта повеќе нема изговори за блокирањето на европската перспектива на државата и го повика премиерот Мицкоски да каже што ќе прави сега после оваа позитивна реторика.„Премиерот треба да каже што ќе направи тој, еве кога веќе е јасно позитивна реториката. Што ќе направи следно? Сега кога очигледно е дека Црна Гора оди напред, Албанија исто така. На што сега ќе се извади владата? Што е тоа што ќе го побара? На…

Read More

Унгарскиот премиер Петер Маѓар го ограничи приливот на работници од надвор од Европската Унија со владин декрет објавен денеска во Државниот весник. Маѓар ја презеде функцијата на 9 мај откако неговата центристичка партија убедливо победина парламентарните избори во април. Унгарија вработува околу 90.000 работници од надвор од ЕУ, што претставува околу 2 проценти од работната сила. Повеќето од нив работат во производството на батерии и автомобилска индустрија, градежништвото, курирските услуги и како сезонски работници во земјоделството. Повеќето се од Филипини, Украина, Кина, Виетнам и Индија, јави ДПА. Ограничувањето на приливот на работници мигранти беше меѓу ветувањата што ги даде Маѓар…

Read More

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат дополнителни внатрешни проверки за евентуално постоење на таканаречени „фантом-вработени“ и во други клиники и институти, Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека ревизорските контроли во здравствените институции се спроведуваат согласно годишна програма на Државниот завод за ревизија, при што дел од клиниките веќе биле опфатени со проверки. „Ревизорите имаат годишна програма со којашто спроведуваат ревизија во институциите. За оваа година беа опфатени неколку клиники, а за следната година ќе имаме средба за да дефинираме каде ќе се спроведуваат вакви процеси“, изјави министерот. — реклама — На прашањето дали тие внатрешно ќе направат…

Read More

Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес на СДСМ, најавија„32 Конгрес е за новата идеолошка платформа и програмска рамка на СДСМ кои во финална фаза треба да бидат усвоени“, велат од СДСМ. Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресоткаде што ќе има обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што ќе може да се проследи целосно, како и обраќањето и на гостите на конгресот. Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот. Во рамки на работниот дел, по 6 различни столбови делегатите на конгресот ќе работат во…

Read More