НАЈНОВО
Автор: Press Online
Израелската армија вечерва соопшти дека нападнала околу 150 позиции на либанското исламистичко движење Хезболах во јужен Либан во изминатите 48 часа. Целите вклучувале „складишта за оружје, штабови, ракетни лансери или проектили“, се вели во соопштението на израелската армија. Либанскиот претседател Жозеф Аун ги осуди „непрестајните израелски напади кои остануваат неказнети“ и покрај наводно воспоставениот прекин на огнот. Во израелските воздушни напади во јужен Либан денеска загинаа девет лица, вклучувајќи тројца војници на либанската армија, соопштија либанската армија и државните медиуми – само неколку дена откако двете страни постигнаа нов договор за прекин на огнот. Израелската армија нареди итна евакуација на…
Подобро е истрагата да запре, наместо да се поднесе обвинение кое подоцна ќе падне на суд, смета државниот јавен обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут. Савески ја поддржа обвинителката Коларевиќ, а на брифинг со медиумите истакна дека е изненаден од реакциите на јавноста. Нормално е државниот јавен обвинител да е подобро запознаен од јавноста со овој случај, бидејќи истиот може да ги види фактите какви, за разлика од јавноста која е подложна на секојдневни партиски препукувања и река од информации, од кои голем дел, можат да бидат и неточни. Савески истакна дека е изненаден од реакциите на јавноста, бидејќи…
По 45. пат денеска во Кочани родителите на жртвите во пожарот во „Пулс“ маршираа барајќи правда и вистина за своите блиски. Од овој марш кој започна во 18:05 часот од Паркотна Револуцијата беше упатено прашање до институциите дали секој што имал должност ја извршувал совесно, професионално и во рамките на своите овластувања. -Со секоја должност доаѓаат обврски. Со секое овластување – одговорност. Со секоја униформа – очекувања дека ќе се постапува професионално, навремено и еднакво кон сите. Никој не спори дека спасувањето е човечка должност. Но оваа постапка не се води за тоа што се случувало откако пожарот веќе започнал.…
Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени 19 потврдени случаи, а две лица починаа.
Соопштение на ИЗИР Судбината на проектот „Иловица-Штука“ предолго останува заглавена во статус кво состојба, додека Македонија губи време, инвестиции и можности за економски развој. Ние, локалните жители обединети во Граѓанската иницијатива „И Здравје и Работа“ сметаме дека е време институциите конечно да го завршат процесот и да донесат одлуки врз основа на законите, науката и стручните анализи. Доколку проектот „Иловица-Штука“ ги исполнува законските услови, еколошките стандарди и критериумите пропишани од институциите, тогаш одлуката треба да биде донесена врз основа на тие факти, а не врз основа на притисоци, дезинформации или политички калкулации. Истовремено, ги повикуваме надлежните институции да ги завршат…
Триесет и пет годишен нуркач загина во уште еден смртоносен напад на ајкула во западна Австралија. Човекот, чиј идентитет не се соопштува, денеска со своето семејство беше на подводен риболов во близина на островот Мајклмас, југоисточно од Перт, кога го нападна ајкула за која се верува дека е долга 4,5 метри, пишува Би-би-си. Нападот се случил околу 11:25 часот по локално време. Иако несреќниот човек брзо бил пренесен со чамец до брегот, каде го чекала брзата помош, тој не можел да се спаси. Лекарите не можеле да го реанимираат и можеле само да констатираат смрт. Од полицијата најавија дека за…
Полициски службеници од СВР Куманово, денека во 13:00 часот во Куманово, го лишиле од слобода кумановец С.Т.(81), поради основи на сомнение дека на улицата Народна револуција во Куманово запалил стрниште и сува трева. Како што соопшти МВР, пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На самиот почеток на туристичката сезона повеќе угостителски објекти во Охрид се затворени по контролите на Државниот пазарен инспекторат. Според угостителите, најстрогите инспекциски мерки не се соодветно решение во период кога туристичките центри се подготвуваат за најголемиот број посетители. Тие не го оспоруваат правото на институциите да ги санкционираат прекршителите, но предупредуваат дека затворањето објекти во екот на сезонските подготовки може негативно да се одрази врз туристичката понуда и имиџот на дестинацијата. Од Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ) сметаат дека се потребни пофлексибилен пристап и поголемо користење мерки како опомени и парични казни, наместо привремено затворање објекти во период…
Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е попречена од слаба одбрана, неможност за справување со имиграцијата, непотребна администрација и „цензура“ на крајнодесничарските и националистичките гласови, што ги спречува да дојдат на власт. За разлика од 1944 година кога сојузничките…
Лишен од слобода маж од скопско, кој денеска пукал кон соселанец и му нанел повреда.Денеска (06.06.2026) полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти, оцени денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на прес-конференција во рамки на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“. Како што соопштуваат од СДСМ, Филипче, осврнувајќи се на пораките од самитот за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, посочи дека на самитот е испратен јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија и дека за првпат се отвораат нови, олеснети механизми за приближување кон членство. – После вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват во којшто за првпат вака јавно…
Папат Лав, во моќниот говор со кој започна еднонеделната посета на Шпанија во саботата, ги повика светските лидери да избегнуваат делење на гласачите со „стерилни поедноставувања“ за да добијат популарност и ги повика да ги слушаат светските повици за мир. Лав, кој неодамна го налути американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи ги неговите антиимиграциски политики и војната во Иран, ќе се сретне со бездомници во Мадрид и на Канарските Острови, надевајќи се дека ќе му даде пример на светот како да го почитува „секое човечко суштество“. „Денес, искушението да се добие популарност со разгорување на пламенот на поларизацијата се чини дека…
