Автор: Press Online

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степени.…

Read More

Турската крајбрежна стража соопшти дека вчера во близина на северниот брег на Црно Море нападнат е еден турски брод, при што еден морнар загинал, а четворица се повредни. Бродот „Дуру 67“ нападнат е западно од Севастопол на Крим. Сè уште никој не презел одговорност за нападот.

Read More

Велешанката Марија Новакова јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил. Новакова на социјалните мрежи напиша дека благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионалност била спречена поголема материјална штета. „Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес кои несебично ми помогнаа при гаснење на пожар во мојот автомобил. Благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионализам спречија поголема штета. Денес во нив видов вистински пример за несебична посветеност“, напиша Новакова. На нејзината објава, свој коментар на Фејсбук имаше началникот…

Read More

Американскиот Стејт департмент одобрија продажба на поморски хеликоптери „Сихок“ на Нов Зеланд во вредност од 1,5 милијарди долари. – Предложената продажба ќе ја зголеми способноста на Нов Зеланд да одговори на сегашните и идните закани и да обезбеди поголема заштита на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Стејт департментот. Нов Зеланд, сојузник на Австралија сè почесто учествува во воените активности во Источна Азија. Купувањето на хеликоптерите „Сихок“ е дел од планот на централно-десничарската влада на Нов Зеланд за 2025 година за зголемување на трошоците за одбрана за девет милијарди новозеландски долари (околу пет милијарди американски долари) во текот на…

Read More

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Тие што ќе полагаат државна матура, денеска ќе бидат тестирани по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика, за пријавените за стручна матура изборот…

Read More

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Како што информираат од СДСМ, иницијативата ја покренал претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел заедничко дејствување на прогресивните сили во борбата против авторитарните трендови, корупцијата и за забрзување на европската интеграција на регионот, а целта на конференцијата е зајакнување на соработката меѓу социјалдемократските партии и креирање заеднички одговор на предизвиците со кои се соочува Западен Балкан. Настанот се надоврзува на регионалните и европските напори за мобилизација на прогресивните…

Read More

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера вети дека брзо ќе ја заврши војната со Иран и ќе отстрани една од причините за високите цени, за време на предизборниот митинг во руралниот централен Висконсин, додека се обидува да им помогне на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори. Посетата на Чипева Фолс ја покажа стратегијата на републиканците да го зачуваат мнозинството во Претставничкиот дом, бидејќи партијата се соочува со политички тешкотии поради незадоволството на гласачите од растечките трошоци за живот и цените на горивата, кои се зголемија поради војната на Трамп со Иран. Претседателот рече дека наскоро може…

Read More

Пишува: ТОНИ ПОПОВСКИФранцуско – германскиот Non-paper кој е објавен на линкот, според мене претставува значаен обид да се редизајнира самата логика на проширувањето на ЕУ.Прво, документот не е само политичка декларација, туку (изненадувачки за мене и претпоставувам многумина други) содржи прилично детално разработена „патека на интеграција“. Најважната новина е воведувањето на постепени, мерливи и реверзибилни „градивни елементи“ (building blocks). Наместо сегашниот модел, во кој кандидатите со години спроведуваат реформи без да добијат значајни придобивки сè до самиот прием, овде секој значаен чекор во пристапниот процес носи конкретна награда. Тоа е суштинска промена на филозофијата на проширувањето: од модел на одложена…

Read More

Министерството за правда соопшти дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дал значајна потврда за реформскиот курс на државата и директно ги поздравил континуираните напори и постигнатиот напредок во спроведувањето на реформската агенда. Како што информираат од ресорното министерство, ова претставува силен поттик за понатамошно ефикасно спроведување на неопходните системски реформи.Од Министерството изразија особено задоволство од фактот што Европската Унија официјално го препознала усвојувањето на Патоказите за владеење на правото и за реформата на јавната администрација.Од таму потенцираат дека овие два клучни документи се конкретен и опиплив резултат на посветеноста на институциите.„Овие стратешки документи претставуваат темел за изградба на поефикасни…

Read More

Опозицискиот СДСМ преку официјално соопштение реагираше на последните пораки од Брисел, тврдејќи дека од највисоко европско ниво пристигнале јасни и недвосмислени потврди кои ги разобличиле месечните лаги и манипулации на премиерот Христијан Мицкоски пред граѓаните.Од партијата потенцираат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испратил јасна порака дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија, со што целосно се потопени тврдењата на власта.Во исто време, СДСМ посочува на извештајот за земјава од Томас Вајц, кој неодамна беше усвоен од Комитетот за надворешни работи на Европската комисија.„Во извештајот се констатира недоволен напредок во реформите, особено…

Read More

Премиерот Христијан Мицкоски оствари серија значајни билатерални средби со европските лидери во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Тиват. Како што информираше самиот премиер преку своите официјални објави, тој оствари разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон, со фокус на европските перспективи и зајакнувањето на соработката.На средбата со германскиот канцелар Мерц, двајцата соговорници разменија мислења за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и важноста од продлабочување на европската интеграција. Премиерот истакна дека ваквите средби претставуваат одлична можност за градење нови партнерства и зајакнување на врските кои се…

Read More

Политичката партија Левица ја повика Млекарница Ѓоргиеви да се изјасни дали ќе ја врати наградата за општествена одговорност што ѝ беше доделена од Општина Радовиш, по обвинувањата и сомнежите што деновиве се појавија во јавноста во врска со млечните производи на компанијата. Од Левица потсетуваат дека само пред неколку месеци компанијата била наградена како пример за општествено одговорно работење, а сега нејзиното име се споменува во контекст на скандал поврзан со наводна измама на потрошувачите. „Само неколку месеци откако Општина Радовиш ја награди Млекарница Ѓоргиеви со признание за општествена одговорност, истата компанија деновиве се споменува во јавноста во контекст на…

Read More