НАЈНОВО
Автор: Press Online
Во рамки на денешната меѓународна конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“, социјалдемократските и прогресивни партии од регионот и Европа усвоија заедничка изјава со која се осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните закани насочени кон соседните земји и демократските институции во регионот. На прес-конференцијата Даша Шашиќ Шиловиќ, од Корчуланската висока политичка школа, посочи дека оваа изјава се однесува и на обидот од структурите поврзани со режимот на претседателот Вучиќ за дестабилизација на Црна Гора. „Учесниците усвоија заедничка изјава со која ги осудуваат дестабилизирачките активности, авторитарни влијанија и хибридните…
Скопје, по пријава дека во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа упатувал закани кон вработена и членовите на нејзиното семејство. Според информациите од полицијата, тој се обидел и да ѝ одземе службен документ на вработената. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер. Ова за руски медиуми го изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.„Да, се сретнаа, тоа беше добар разговор“, рече тој. На прашањето дали разговарале за можните перспективи за преговори меѓу Русија и Европската Унија, тој одговори дека не знае бидејќи разговорот бил приватен. „Разговорот беше пријателски, одржан во тет-а-тет формат. Искрено, не ги знам деталите. Се одржа во Москва, во Кремљ“, изјави Ушаков.
– Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во СВР Велес, вчера во 19:30 часот 39-годишна велешанка пријави дека нејзиниот сопруг М.Ј. (41) од Велес, не го почитувал…
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола, седуммина под дејство на алкохол и еден со забрана за управување возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од вкупно 13 кои возеле без возачка дозвола петмина се во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола). Од седуммина под дејство на алкохол тројца се во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово,Тетово и Велес, а еден возач во Кичево возел и покрај…
Бегство во Кичево: Дал гас и им побегнал на полицајците, кога го фатиле откриле дека нема ни возачка
На 05.06.2026 во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Е.П.(31) од Кичево. При обид да се изврши контрола, возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека Е.П. немал положено возачки испит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Премиерот одговараше на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, објави 4news.mk Иако лекарската комисија примила документација и оценила дека градоначалникот требало да се врати на своите работни обврски уште на 30 мај, тој сè уште не е на работното место. Ова отвори сомнежи во јавноста за можна злоупотреба на правото на боледување. На прашањето дали ваквото отсуство претставува злоупотреба и како го коментира политичкиот контекст – дека граѓаните на Карпош на избори гласале за Лукровски да ја раководи општината, а не нејзиното водење да биде препуштено на член од Советот…
Околу 35 отсто од албанските граѓани или секој трет не можат да си дозволат основни трошоци како што се наем, сметки за комунални услуги, еднонеделен одмор далеку од дома или купување нова облека. Податоците на Евростат покажуваат дека Албанија останува меѓу земјите со највисоко ниво на материјална и социјална немоќ во Европа. Неможноста да се си дозволат овие трошоци ги одразува економските тешкотии со кои се соочуваат многу албански семејства. Според податоците на Евростат, состојбата на младите луѓе, исто така, е загрижувачка. Над една третина од младите Албанци се соочуваат со сериозна материјална и социјална немоќ, што е највисоко ниво…
Во вчерашната емисија „Поликанти“ на Инфомах гостин на Сашо Ордановски и Борјан Јовановски им беше екс министерот Бујар Османи потписник на „Францускиот предлог“ за решавање на ветото од Бугарија за да може Македонија официјално да ги почне преговорите со ЕУ за полноправно членство. Во текот на емисијата Османи раскажа како пред него на самит на НАТО тогашниот премиер Димитар Ковачевски од Виктор Орбан во негово присуство бил убедуван да состави влада само од Македонски партии односно да и откаже коалиција на тогаш владеачката ДУИ од чии редови Османи ја доби министерската позиција за надворешни работи и да не зима во…
Единаесетти век или учебникот по историја за седмо одделение во Македонија односно за шесто во Бугарија. Ова е точката на која заглави работата на комисијата уште пред шест години, а од која не може да се помрдне ниту новиот состав повеќе од една и пол година. Вчера и денес во Скопје се одржа 42-та средба на мешовитата историска комисија, единаесетта со новиот состав, која како и претходните заврши без никаков напредок, поместување или заклучок. Следната средба ќе се одржи во септември во Софија. „Во текот на првиот ден, се дискутираше за учебникот по историја за 7-мо одделение во Македонија. Не…
Во Кочани попладнево ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со болката и загубата. Според нив, маршот претставува чин на сеќавање и почит, но и повик за одговорност, вистина и правда. „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“, порачуваат организаторите.
Седуммесечно бебе загина, а неговите родители се повредени откако израелската армија синоќа отворила оган врз нивното возило на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелските војници отвориле оган јужно од градот Хеброн, тврдејќи дека возилото со зголемена брзина се движело кон нив. Семејството патувало од Витлеем до Хеброн. Израелската армија соопшти дека започнала истрага за инцидентот.
