Автор: Press Online
Опозицискиот СДСМ преку официјално соопштение реагираше на последните пораки од Брисел, тврдејќи дека од највисоко европско ниво пристигнале јасни и недвосмислени потврди кои ги разобличиле месечните лаги и манипулации на премиерот Христијан Мицкоски пред граѓаните.Од партијата потенцираат дека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испратил јасна порака дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија, со што целосно се потопени тврдењата на власта.Во исто време, СДСМ посочува на извештајот за земјава од Томас Вајц, кој неодамна беше усвоен од Комитетот за надворешни работи на Европската комисија.„Во извештајот се констатира недоволен напредок во реформите, особено…
Премиерот Христијан Мицкоски оствари серија значајни билатерални средби со европските лидери во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Тиват. Како што информираше самиот премиер преку своите официјални објави, тој оствари разговори со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон, со фокус на европските перспективи и зајакнувањето на соработката.На средбата со германскиот канцелар Мерц, двајцата соговорници разменија мислења за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и важноста од продлабочување на европската интеграција. Премиерот истакна дека ваквите средби претставуваат одлична можност за градење нови партнерства и зајакнување на врските кои се…
Политичката партија Левица ја повика Млекарница Ѓоргиеви да се изјасни дали ќе ја врати наградата за општествена одговорност што ѝ беше доделена од Општина Радовиш, по обвинувањата и сомнежите што деновиве се појавија во јавноста во врска со млечните производи на компанијата. Од Левица потсетуваат дека само пред неколку месеци компанијата била наградена како пример за општествено одговорно работење, а сега нејзиното име се споменува во контекст на скандал поврзан со наводна измама на потрошувачите. „Само неколку месеци откако Општина Радовиш ја награди Млекарница Ѓоргиеви со признание за општествена одговорност, истата компанија деновиве се споменува во јавноста во контекст на…
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е прерано да се зборува за негово евентуално учество на претседателските избори предвидени за 2030 година, иако Уставот му дозволува повторно да се кандидира. „Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и не размислувам за тоа“, рече Путин на средба со раководители на меѓународни новински агенции на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, пренесува весникот „Ведомости“. Тој додаде дека Русија се соочува со „големи, големи и итни“ предизвици на кои треба да им се пристапи…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, вели дека во овие две години од формирањето на актуелната влада, нема ниту една спроведена политика за справување со кризата. -За жал не гледам владини политики за справување со кризата, ниту за помош на економијата. Пуштено е стихијно да си тече, а тоа не се вика политика. Затоа некој може да тврди, еве да имавме опонент од другата страна, ќе прашав да ми каже една политика за овие две години која е спроведена – рече Битиќи на ТВ 21.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека изградбата на граничниот премин „Маркова нога“ – „Лемос“ претставува стратешки проект од значење не само за регионот на Преспа, туку и за целиот Балкан. Изградбата на граничниот премин „Маркова нога“ – „Лемос“ / Фото: МИА При денешниот увид во градежните активности на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“ – „Лемос“, Тошковски истакна дека сите вклучени страни се согласни оти Преспа претставува една од најубавите природни микролокации во Европа. „Граничниот премин ‘Маркова нога‘ е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам, стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека…
Коментирајќи го отвореното писмо од претседателот Володимир Зеленски објавено на 4 јуни вечерта во кое се предлага лична средба со Владимир Путин, прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков повтори дека украинскиот лидер може да дојде во Москва. „Зеленски може да дојде во Москва во секое време. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го стори тоа“, рече Песков (цитиран од Интерфакс). Тој, исто така, објави дека Путин сè уште немал можност да го прочита писмото, но Кремљ, според прес-секретарот, го прочитал апелот. „Да, го видовме. Тој (Зеленски) го објави за…
Бонитетот претставува едно олицетворение на статусот и на кредибилитетот, но и на состојбата на една компанија во каква финансиска состојба се наоѓа, каква општествена улога игра во самата околина, но и се зема предвид морето во коешто плива, односно во каква дејност функционира и ја обавува својата работа. Така што, во кратки зборови, ако крвната слика ни кажува какво е нашето здравје, бонитетниот извештај кажува какво е здравјето, финансиската состојба на една компанија“, изјави во „Трилинг“ Огнен Огненоски, извршен директор на Таргет груп Бизнис мрежа. Фото: Трилинг / Огнен Огненоски Огненоски смета дека идејата беше капитал до пред неколку декади…
Во петокот, на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, европските лидери ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ и ѝ порачаа на Србија дека нејзиниот напредок кон членство зависи од спроведувањето на реформите и усогласувањето со европската надворешна политика, односно дека Белград мора да избере помеѓу Европа, Русија и Кина. На денешниот самит, кој помина без усвојување на заедничка декларација, лидерите на ЕУ и нејзините земји-членки ја потврдија својата посветеност на процесот на проширување на Европската Унија, пренесува словенечката новинска агенција СТА. Уште еднаш, тие ја истакнаа Црна Гора како водечки кандидат, која сака да стане 28…
Владимир Путин го отфрли повикот на Володимир Зеленски да се сретне со него на разговори, критикувајќи ги манирите на украинскиот претседател. „Погледнав во [едно писмо]. Авторот на ова писмо ги споменува моите години. Некои од [светските лидери] се постари од мене. Најважно е дали можете правилно да си ја работите работата“, рече рускиот лидер за време на дискусијата на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во петокот. Зеленски во четврток испрати отворено писмо до Путин, барајќи од него да се состане за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина по сегашната линија на контакт, инсистирајќи дека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет, управуван од 16-годишен малолетник од село Лисец, удрил во пешакот И.Ѓ. (32) од село Непроштено. По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде, поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на понатамошно лекување во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје. На местото на настанот е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово.
Го слушам премиерот Мицкоски како раскажува дека Радев потрошил цела година да ги убеди европските лидери оти треба да се стават Бугарите во македонскиот Устав. А што правеше Мицкоски во тоа време како опозиција? Додека Радев работел на случајот како да ја блокира Македонија во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ работеше како да го блокира владеењето на СДСМ. Ај што блокираа, туку сееја и омраза со „северџани“, „вакви-такви“, „не отварам врата на пописот“ и слични гадотии. И што прави сега кога е на власт? Исто. Пак секој ден се кара со СДСМ и сее омраза со „глодари“, „талог на општеството“, „мекотели“ и најново…
